З  А  П  И  С  Н  И  К

За извршен надзор во Основен суд Кочани во врска со примената

на Судскиот деловник на ден 17 и 18.09.2008 година

Надзорот  во  примената  на одредбите  од  Судскиот  деловник  во Основниот суд во Кочани е извршен врз основа на чл. 84 став 3 од Законот за судовите ("Сл.весник на РМ"бр. 58/2006 и 62/2006) и член 3 став 4 од Судскиот деловник ("Сл. весник на РМ" бр.71/2007) и Планот за вршење на инспекциски надзор на Джавниот управен инспекторат за месец септември 2008 година бр.17-597/8 од 31.07.2008 година а по овластување на Министерот за правда, Михајло Маневски бр.07-4725/1 од 31.07.2008 година.

     За времето и содржината на надзорот предходно со писмо бр. 17-225/1 од 27.08.2008 година е известен Претседателот на Основниот суд во Кочани.

    Надзорот е извршен во присуство на заменик претседателот на Судот Јакимче Илиев и службените лица што ги водат евиденциите во судот.

     Надзорот е извршен од советникот - инспектор Спирко Стевановски.

 

 

1. НАОД НА ПОЛОЖБАТА

 

 

                  Надзорот е извршен во работата на Основниот суд во Кочани што се однесува  на  приемот,  заведувањето  на  предметите  во   уписниците, доставувањето  на предметите  во работа на судиите,  пополнувањето  на рубриките во уписниците, движењето на предметите во постапката, водењето на помошните  евиденции, постапувањето  по  преставките и предлозите и постапувањето на Судот во работата по извршните предмети.

                 Врз основа на извршениот  увид во  документацијата  што постои  и евиденцијата  што се води во Судот  за предметите  и од разговорите со присутните  раководни и  службени лица  во  Судот,  е утврдена следната фактичка состојба во примената на одредбите на Судскиот деловник.

   Приемот на пратките упатени до судот преку пошта и преземањето на поштата го врши Љупчо Василков за што има овластување издадено од претседателот на Судот, преку достана книга за пошта. Поштата се доставува по одделенијата  во судската писарница на службените лица кои ги водат уписниците и другите помошни книги. Писмената што се доставуваат со доставници, не се евидентираат во  книга  за примање и евидентирање на писмена на образец  бр.35 согласно член  179 од  Судскиот  деловник. Во судската писарница се води контролник за поштарина во кој се евидентираат и раздолжуваат потрошените поштенски марки, на образец 36 согласно член 180 од Судскиот деловник.

                Во зградата  во која е сместен Основниот суд  во Кочани се истакнати името на  Република Македонија, називот на  судот, грбот и знамето на Република Македонија согласно член 56 од Судскиот деловник. При влезот на судот има ориентациона  табла а на влезот на секоја просторија постои натпис со означување на одделението, советот или судијата согласно член 57 од Судскиот деловник.

    Во  Основниот суд во Кочани  на видно  место постои огласна табла согласно член 58 став 1 од Судскиот  деловник а на влезот во просториите во кои се суди и на огласната  табла за време на надзорот немаше истакната листа на закажаните судења за  тој ден согласно член 58 став 2 од Судскиот деловник. Нема просторија за адвокати и судии поротници согласно член 59 од Судскиот деловник. Се води евиденција за  печатите и штембилите и со истите ракуваат  и ги чуват  службените лица кои ги водат уписниците, без писмено овластување што  не  е во согласност со  член 89 од  Судскиот деловник.

                Во Судот  во Кочани, уписниците и другите помошни книги не се водат во електронска  форма  а распределбата  на  предметите не  се  врши по електронски пат согласно член 365 од Судскиот  деловник. Уписниците  и распределбата  на предметите  се водат рачно.  За времето  на увидот  во Основниот суд  во  Кочани, дојде  Марија  Јановска  лице  од  судскиот информатичкиот систем при Министерството за правда,  за да земе учество во увидот и да даде помош во врска со електронската форма на водењето на уписниците и распределбата на предметите по електронски пат.

               За судиите поротници се води именик. Нивното повикување се врши со барање за повикување судии поротници на образец бр. 4 согласно член 25 од Судскиот деловник. Се донесува решение од претседателот на судскиот совет

за надомест во врска со вршењето функцијата судија поротник. На основа на тоа решение се врши исплата на утврдениот надоместок  на судијата поротник што е во согласност со член 28  став  1 од Судскиот  деловник. Постои список на постојани судски вештаци согласно член 30 став 3 од Судскиот  деловник. Се води именик на постојани судски преведувачи.

 

 

      а)  За граѓански предмети

 

 

                  1.Уписникот за парнични предмети "П" треба да  се води на( образец 65 од Судскиот деловник, а во Судот се води на неважечки образец бр.62.

   На внатрешната страна од корицата на уписникот не постои отпечатено упатство со објаснување за неговото водење, согласно член 210 став 6 од Судскиот деловник.

   За 2007 година се заведени 778 предмети, презаведени од 2006 година 201 предмет, од 2005 година 23 предмети, од 2004 година 13 предмети, од 2003 година 7 предмети.  До денот на увидот нерешени предмети од 2003 година 1 предмет П. бр. 225/03, од 2004 година нерешени 2 предмети П. бр.356/04 и П. бр.507/04,  од 2005  година нерешени 5 предмети и тоа П.бр.  35/05, 323/05, 502/05, 724/05 и 730/05,  од 2006 година нерешени 5 предмети  и тоа П. бр. 107/06,226/06,231/06,240/06 и 291/06, од 2007 година нерешени предмети П. бр. 49/07, 50/07, 57/07, 61/07  и други. За 2008 година до денот на увидот заведени 246 предмети  од кои се  решени 85 предмети, нерешени 161 предмет.Во уписникот за 2008 година презаведени 294 предмета. Поништени запишувања нема.

   Уписникот на 31.12.2007 година е заклучен и потпишан од овластениот работник и претседателот  на судот согласно член 221 од Судскиот деловник.

 

                 2. Уписник за спорови од  мала  вредност "МАЛВП" (образец бр.66) во судот не се водел до 2008 година а овие предмети се заведувани во уписникот за парнични предмети..Од  почетокот на 2008 година се води овој уписник и до денот на увидот вон его  се заведени 175 предмети, решени  75 предмети, нерешени 100 предмети.

 

              3. Споровите од работен однос" РО" (образец 79) од Судскиот деловник во судот се  води на пропишаниот образец бр.79. За 2008 година, до денот на увидот заведени 39 предмети, решени 12 предмети,нерешени 27 предмети. До 2008 година предметите  за спорови од работен однос заведувани во уписникот за парнични предмети.

 

              4. Уписникот за граѓански платни налози " ПЛ" ( образец бр. 67) во Судот се води  на образец бр. 35.  За 2007 година се заведени 4068  предмети, решени 4068 предмети. Заклучен согласно член 221 од Судскиот деловник.

   Уписникот за 2008  година се води  на образец бр.67 согласно Судскиот деловник. До  денот на увидот се заведени 1972 предмета и  решени 1791 предмет, нерешени  181 предмет.

   Во уписникот за трговски платни налози во 2007 година заведени 550 предмети, решени 550 предмет. За 2008 година до денот на увидот заведени 342 предмета, решени 318,  нерешени 24 предмети/

 

               5. Уписникот за оставински предмети "О" (образец бр.70) во судот  за 2007 се  водел на образец бр. 61 што не е во согласност со член 226 од Судскиот деловник. За 2007 година заведени  271  предмет,  решени 226 предмети, нерешени 45  предмети. Овие 45  предмети презаведени  во уписникот за 2008 година од кои до денот на увидот решени 23 предмети а 22 предмети нерешени.   Записникот заклучен   согласно  клаузулата  за заклучување.

   За 2008 година предметите до реден број 139 заведувани во Уписникот на образец 61 а од реден број 139 предметите  се заведуват во  уписникот на образец 61 и во Уписнк образец 70 со образложение дека така ги заведуваат предметите заради  заклучувањето на крајот на годината. Од мај 2008 година нотарите ги земат овие предмети во работа преку евидентна помошна книга за земање и враќање на предметите

 

                 6. Уписникот за вонпарнични предмети " ВПП" (образец 71)  во судот се води на образец бр. 71 согласно Судскиот деловник.

    За 2007 година  се заведени 26 предмети од ки се решени 8 предмети, 18 предмети нерешени. Истите презаведени во уписникот за 2008 година и до денот на увидот 8 предмети решени, 8 предмети нерешени. За 2008 година до денот на увидот заведени  16  предмети, 4 предмети решени, 12 предмети нерешени.

 

                 7. Уписникот за правна помош "ПОМ " ( образец бр. 72), во Судот се води на тетратка. За 2007 година заведени 20 предмети, решени 20 предмети. За 2008 година  заведени 11 предмети, решени 10, нерешен 1  предмет. Тоа е предмет заведен под бр.10/08 од 05.09.2008 година.

 

                 8. Уписник за  предмети  за одземање на  деловната способност и за задржување во здравствена организација за лекување  и чување на душевно болни лица „ОДС"( образец бр.73) од Судскиот деловник, во судот се води на пропишаниот образец .  За 2008 година заведени 4  предмети,  решени 2 предмета,нерешени 2 предмета.

 

                 9. Уписникот за заверка на договори (договорот за доживотна издршка и договорот за отстапување и распределба на имот за време на живот)" ЗАВ (образец 74)во судот се води на образец бр. 66  кој ги  содржи  сите рубрики како и образецот бр.74. За 2007 година заведени 70 предмети,решени 70 предмети. Нерешени предмети нема. Поништени заведувања нема. Заклучен согласно член  221 од Судскиот деловник. За 2008 година овие предмети се заведуваат на пропишаниот образец бр. 74 и до денот на увидот, заведени 60 предмети,решени 60 предмети. Нерешени нема.

 

                 10. Уписникот  за заверување на исправи во смисла на  конвенцијата за укинување  на  потребата од  легализација на  странските јавни исправи (апостил),, ЗАВ-Х" (образец бр.14) не се води на пропишаниот образец бр. 14 согласно Судскиот деловник. За 2008 година до денот на увидот заведени 1249 предмети, решени 1249 предмети.

 

                    11.Уписник за  замолници од  домашни странски судови и  органи за доставување исправи во странство и друга правна помош ЗАМ-С (образец бр. 15) не се  води на пропишан образец туку се заведуваат предметите  во тетратка.

    За 2007 година заведени  20 предмети,решени 20 предмети, нерешени предмети нема.

    За 2008 година до 11.09.2008 година  заведени 21 предмет,решени 17 предмети, нерешени 4 предмети,поништени заведувања нема.

 

                    12. Во судот се води Уписник за  приговори против неправилности   при извршување " ППНИ" (образец бр.69)од Судскиот деловник. За 2007 година заведени 39 предмети,  38 предмети решени, 1 предмет нерешен,  истиот презаведен во уписникот за 2008 година и решен. За 2008 година до денот на увидот заведени 40 предмети,решени 30 предмети, нерешени 10 предмети.

 

                    13. Уписникот за разни граѓански предмети "Р" (образец бр.68) од Судскиот деловник во сѕдот се води на образец бр. 59 кој одговара на образецот бр.68 од Судкиот деловник. За 2007 година заведени 139 предмети, 124 предмети решени, 15 предмети нерешени. Нерешените 15  предмети презаведени во Уписникот за 2008 година и до денот на увидот сите решени. Уписникот за 2007 година заклучен согласно член 221 од Судскиот деловник.

    За 2008 година до денот на уведот заведени  49 предмети, 32 предмета решени, 17 предмети нерешени.

 

                  14.Уписникот за признавање странски судски одлуки ПСО (образец бр.75) од Судскиот деловодник во Судот за 2007 година не е воден а предметите заведувани во уписникот за разни граѓански предмети. За 2008 година се води на пропишаниот образец  и до денот на  увидот  заведени 24 предмети, 20 предмети решени, 4 предмети нерешени.

 

                  15. Уписникот за трговски спорови ТС (образец 77) од судскиот деловник во Судот за 2008 година се води на пропишаниот образец а за предходните години се водел заедно со уписникот за трговски спорови од мала вредност.

    За 2007  година заведени 439  предмети,  202  предмета  решени, 237 предмети нерешени и пренесени во Уписникот за 2008 година од кои до денот на увидот решени 169 предмети а 68 предмети нерешени. ЗА 2008 година до денот на увидот заведени  45 предмети, 13 предмети решени а 32 предмети нерешени.

 

                 16.Уписникот од мала  вредност во  трговските спорови "МАЛВ-ТС (образец бр.78)  од  Судскиот деловник во Судот се води на пропишаниот образец. За 2008 година  заведени 341  предмет,  86  предмети  решени, 255 предмети нерешени.

 

                   17. Уписникот за стечај, ликвидација и порамнување " СТ "(образец бр. 80) од Судскиот деловник во Судот за 2007 година воден на образец бр. 7 и во истиот заведени 305 предмети, 201  предмет решен, 104 нерешени и пренесени во уписникот за  2008 година од кои до денот на увидот 101 предмет решен а 3 предмети нерешени . За 2008 година се води на пропишаниот образец бр.80 И во истиот до денот на увидот заведени 222 предмета, 140 предмета решени, 82 предмета нерешени.

 

 

          б.)  За кривичните предмети

 

 

                  1.Уписникот за истраги "КИ" (образец бр.43) во Судот се води на образец бр.44 кој одговара на пропишаниот образец бр.43 . На првата  страна од Уписникот има  отпечатено упатство  со  објаснување  за неговото водење согласно член 210 став 6 од Судскиот деловник. Во истиот за 2007 година се заведени 201 предмет од кои се решени 178 предмети а 23 предмети нерешени и  пренесени во Уписникот за 2008 година и до денот на увидот решени 21 предмет а 2 предмети не се решени КИ  бр. 81/07 и 130/07. Уписникот за 2007 година заклучен согласно член 221 од Судскиот деловник. Во Уписникот за 2008 година до денот на увидот се заведени 115 предмети од кои решени 90  предмети, а нерешени  се 25 предмети. Се  става знакот за решен предмет  и знакот кога сите предмети се решени  на иста страна од уписникот. За 2007 година уписникот заклучен согласно член 221 од Судскиот деловник.

 

                   2 Уписникот за определени истражни дејствија" ОИД" ( образец бр.44) во Судот се води на образец бр.43 кој ги содржи  истите рубрики  како  и образецот 44. За 2007 година се заведени 105 предмети од кои 96 предмети решени а нерешени 9 предмети и пренесени во Уписникот за 2008 година и сите решени. Во уписникот  за 2008 година заклучно со 11.09.2008 година се заведени 80 предмети од кои 69 предмет решен а 11 предмети нерешени.

     Во  Уписникот  нема поништени броеви и за 2007 година заклучен согласно член 221 од Судскиот деловник.

 

                  3. Уписникот за разни истражни дејствија и разни кривични предмети "КРИ"  и   "КР" (образец  бр.45)  од   Судскиот   деловник,заведени  21 предмет,решени 17 предмети, 4 предмети нерешени.

 

                 4. Уписникот за притвори 'КСП" (образец бр.46) од Судскиот деловник во судот се води на образец 47. За 2007 година се заведени 11 предмети, решени 7 предмети 4 предмети нерешени. За 2008 година до денот на увидот заведени 7 предмети и 7 предмети решени.

 

                 5. Уписникот  за кривичен совет во предходна постапка вон главен претрес "КС'(образец бр. 47) од Судскиот деловник во судот се води од 1986 до 2007 година. За 2007 година заведени 121 предмет,120 предмети решени, 1 предмет нерешен и пренесен во Уписникот за 2008 година КС. Бр. 105/07 и до денот  на   увидот решен.  Уписникот  за 2оо7  година заклучен  според клаузулата за заклучување. Во уписникот  за 2008 година заведени 114 предмети, решени 98 предмети, нерешени 16 предмети.

 

                 6. Во Уписникот за кривични предмети "К"(образец 48) од Судскиот деловник во Судот се води на образец бр. 49 кој одговара на образецот бр. 48 од Судскиот деловник. За 2007 година заведени 308 предмети, решени 178 предмет, 130 предмети нерешени. Истите презаведени во уписникот  за 2008 година.   Уписникот  за  2007  година заклучен согласно  клаузулата  за заклучување.  Во уписникот  за 2008  година до денот на увидот  заведени 257 предмети а решени 111 предмета, нерешени 146 предмети.

   

                 7. Уписникот за кривични предмети спрема малолетници "КМ'(образец бр. 49) од Судскиот  деловник во судот се води на образец 48 кој ги содржи истите рубрики како и уписникот образец бр. 49. За 2007 година заведени 71 предмет, 46 предмети решени 24 предмети нерешени, 1 предмет погрешно заведен КМ. Бр.57/07. Нерешените  предмети презаведени во Уписникот за 2008 година од кои до денот на увидот нерешен 1 предмет КМ. Бр. 43/07. За 2008 година до денот на увидот  заведени 57 предмети, 18 предмети решени, 39 предмети нерешени. За 2007 година уисникот заклучен согласно член 221 од Судскиот деловник.

   

                8. Во Уписникот за предмети за помилувања и вонредно ублажување на казна "Кп" "КУК " (образец бр.50)од Судскиот деловник во судот се води на образец бр.49 кој ги содржи истите рубрики како и уписникот бр.50. За 2007 година заведени 37 предмети, решени 37 предмети. Уписникот заклучен според клаузулата за заклучување.

      Во Уписникот за 2008 година заведени 29 предмети, до денот на увидот 22 предмета решени, 7 предмета не се решени.

   

                9. Уписникот за одземени предмети (корпораделикти) "КПД"(образец бр.51) од Судскиот деловник во Судот се води на непропишан образец. За 2007 година заведени 12 предмети, решен 1 предмет, нерешени 11 предмети. Нерешените предмети, пренесени во Уписникот  за 2008 година од  кои до денот на увидот не се решени. За 2008 година до денот на надзорот заведени 2 предмета, нершени 2 предмета.

      

                10.  Во  Уписникот за  одземени пари, хартии  од вредност  и други скапоцености "КПД-И"(образец бр.52) од Судскиот деловник во судот не се води на пропишан образец.  За 2007 година заведени 4 предмети, решени 2 предмата, нерешени 2 предмета и не пренесени во уписникот за 2008 година и до денот на увидот не се решени. Во Уписникот за 2008 година, до денот на увидот нема заведено предмети.

   

                11. Во Уписникот за  предмети  за  повикани  лица(полнолетни) на издржување казна затвор"КУИКП" ( образец бр.53) од Судскиот деловник, во Судот се води  на  пропишан образец за 2008 година. За 2007 година се заведени   135  предмети,   131 предмет решен,  4  предмети нерешени ипрезаведени во уписникот за 2008 година. Во 2008 година до денот на увидот заведени 84 предмети, решени 54 предмети а 30 предмети нерешени.

 

                12. Уписник за предмети за извршување на малолетнички затвор и воспитни мерки "КУИКМ'(образец бр.54) од Судскиот деловник во Судот се води од почетокот на 2008 година а предтоа оваа евиденција се водела во уписникот за  полнолетни лица.  За 2008 година Уписникот  се  води на пропишан образец и во истиот до денот на увидот е заведен 1  предмет и 1 предмет решен.

  

                 13. Уписникот за повторување на постапката "К-ПОВ"(образец  бр.56) од Судскиот деловник, во Судот се води  на образец бр. 55 кој  одговара на образецот пропишан со Судскиот деловник.  За 2007 година  заведени 15 предмети сите решени. Во 2008 година до денот на увидот  во уписникот се заведени 6 предмети, решени 6 предмети.

 

                 14. Во Уписникот за условен отпуст и прекин на казна"УОПК' (образец 58) од Судскиот деловник за 2007 година заведени 41 предмет, 40 предмети решени, 1 предмет нерешен, пренесен во уписникот за 2008  година и решен. Во 2008 година до денот на увидот заведени 37 предмети, решени 32 предмети, нерешени 5 предмети.

  

                 15. Во Уписникот за  прекршочни  предмети,,ПРК'(образец  бр.57)од Судскиот деловник за 2007  година заведени 3.400 предмети. Пренесени од други години и тоа: од 2003 год. 13 предмети, од 2004год. 101 предмет, од 2005 год. 603 предмети, од 2006 год. 2.678 предмети. Решени во 2007 година5.611 предмети, 1.628 нерешени. Истите пренесени во уписникот за 2008 година од кои до денот на увидот решени 1.274 предмети а 354 предмети нерешени. За 2008 година заведени 1.754 предмети од кои решени 1.124 предмети,нерешени 630 предмети.

 

                 16. Во  Уписникот за извршни прекршочни предмети "ИПРК" ( образец бр.63)од Судскиот деловник, за 2007 година заведени 4.743 предмети, решени 3.843 предмети, 1.900 предмети нерешени и пренесени во уписникот за 2008 година и до денот на увидот сите решени. За 2008 година заведени 1.999 предмети од кои до денот на увидот се решени 866 предмети а 1.133 предмети нерешени.

 

 

      в) Евиденции за судската управа

 

 

               1.Во Уписникот за судска управа СУ(образец бр.81) од Судскиот деловник во Судот се води на образец 67  кој ги содржи рубриките предвидени до образецот 81.

   За 2007 година  има заведено  2.089 предмети,  решени 2.089 предмети. Заклучен според клаузулата  за заклучување. За 2008 година до денот на увидот  заведени 1.545   предмети,решени  1.534  предмети,  нерешени 11 предмети. Во овој уписник се заведуваат и барањата за иземање. По истите одлука  донесува претседателот  на  судот и  истата се  приложува кон предметот за кој се однесува иземањето. Во истиот уписник се заведуваат и предметите по преставки и поплаки.

 

               2. Во Уписниците доверлив и строго доверлив Уписник на судска управа „СУ-ДОВ" и „ СУ СТР-ДОВ'(образец бр. 81) од Судскиот деловник, за 2007 година заведени 19 предмети, 19 предмети решени. За 2008 година заведени 7 предмети, решени 7 предмети.

  Во сите уписници не се става знак за решен предмет,како и во случаите кога  на  една  страна   се  решени  сите  заведени предмети се  става правоаголниот знак во долниот лев агол од листот согласно член 216 и 217 од Судскиот деловник.

 

 

II НЕПРАВИЛНОСТИ ВО РАБОТЕЊЕТО

 

 

   Врз основа на извршениот увид во поглед на примената на одредбите на Судскиот  деловник  во  основниот суд во  Кочани  се утврдени следните недостатоци:

 

              1.  Поголем  број уписници во Судот се водат на стари непропишани обрасци а не се водат на обрасци согласно член 226 од Судскиот деловник.

 

              2 Уписниците во судот не се водат во електронска форма и распределбата на предметите не се врши по електронски пат.

 

              3. Во Судот нема просторија за адвокати и судии поротници согласно член 59 од Судскиот деловник.

 

              4. За повремените прегледи на уписниците и помошните книги  нема потврда со дата и потпис од страна на одговорниот работник во судската писарница,претседателот на судскиот одел и претседателот на Судот, што не е во согласност со член 225 од Судскиот деловник.

    

              5. Не се води книга за евиденција  за писмената што се доставуваат со доставница, примање и доставување на  писмена согласно  член 179 од Судскиот деловник.

 

            6. Запишувањето во уписниците и помошните книги се врши со хемиско пенкало што не е во согласност со член 214 од Судскиот деловник.

 

   За отстранување на утврдените недостатоци во примената на одредбите од Судскиот деловник на Судот се предлага:

  Претседателот  на  Основниот суд во  Кочани да обезбеди непосредна примена  на одредбите од  Судскиот деловник  заради  обезбедување назаконско, ефикасно и  навремено извршување на функцијата на Судот, како и навремено и непречено остварување на правата на странките.

   За преземените  мерки  и активности по  записникот  да се  извести Министерството за правда во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на записникот.