Министер
img

РЕНАТА ДЕСКОСКА, Mинистер за правда

 

Рената Дескоска е министерка за правда во Владата на Република Македонија.

 

Официјален е-маил:    

Фејсбук страна:            www.facebook.com/deskoska.renata

 

Проф. д-р Рената Дескоска е родена 03-05-1972, Скопје, Македонија. Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 1994 година со просечен успех 9,55.

Постдипломски студии завршила со просечен успех 10,00 и магистрирала на тема „Типови извршна власт” во 1997 година, на Правниот факултет во Скопје.

Докторирала на Правниот факултет во Љубљана во 2002 година, на тема „Конституционализмот, уставите и човековите права, со студии на случаи од Република Словенија и Република Македонија” со што се стекна со назив Доктор по правни науки.

Работно искуство:

Од 1995 до 1998 година била демонстратор на Правниот факултет – Скопје, а во 1999 година се вработува како асистент на истиот факултат, каде во 2012 година е избрана за редовен професор на научната област уставно право и политички систем.

Во 2014 и во 2016 година е избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија.

Во периодот од 2015 до декември 2016, Дескоска ја извршува функцијата Потпретседател на Собранието на Република Македонија од септември, и Шеф на делегацијата на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ. Од септември 2015, како член на Парламентарното собрание на Советот на Европа, е и член на ад-хок комисија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за набљудување на парламентарните избори во Бугарија во 2017 година, и член на ад-хок комисија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските избори во Србија во 2017 година.

Во 2012 година, на предлог на Венецијанската комисија, Проф. Д-р Рената Дескоска е избрана за член на Советодавниот панел на експерти за слобода на вероисповед на ОДИХР (ODIHR Advisory Panel of Experts on Freedom of Religion or Belief).

Во периодот од 2008 и 2009 година таа е консултант за избори на UNDP, а во 2003-2004 е консултант на DIFID.

Со своето професионално искуство, Дескоска се јавува и како домашен експерт за „Правната и институционалната рамка за интеретнички дијалог“ (2009), член е на работна група за подготовка на „Националната стратегија за интеграција на Република Македонија во Европслата Унија“ (2003), Советник за уставни и правни прашања во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија (од 2004 до 2009), и член на ад-хок комисијата за испитување на настаните од 24-ти декември 2012 година.

 

Учесник во научни конференции:

 Учествувала на четириесетина конференции, тркалезни маси и семинари. 


Објавени книги и трудови:

Има објавено 38 трудови на англиски јазик, 14 трудови на македонски јазик, а учествувала и во повеќе од 35 домашни и странски проекти.