Министерот за правда се сретна со претставници на Нотарската комора на Република Македонија  
     
 

09.06.2017

 
 

Денес, Министерот за правда, г. Билен Салији, ја оствари првата средба со претседателот на Нотарската комора на Република Македонија, Васил Кузманоски, потпретседателот Наџи Зеќири и други претставници на Нотарската комора на Република Македонија.

 

Претседателот на Нотарската комора на Република Македонија му честиташе на Министерот за правда за новата функција и му се заблагодари за посветеното време, со желба за понатамошна соработка. 

Министерот за правда г. Салији му се заблагодари за честитките и ја истакна важноста на нотаријатот во Република Македонија. 

Претседателот на Нотарската комора, г. Васил Кузманоски го информираше Министерот за правда со тековните активности на Нотарската комора на Република Македонија, како и со  проблемите со кои се соочува нотаријатот.

 

Министерот Салији, истакна дека и во иднина ќе продолжи соработката меѓу Министерството за правда и Нотарската комора на Република Македонија, и дека ќе се создадат можности за бројни соработки, а се во интерес на граѓаните на Република Македонија. 

На крајот од средбата, министерот Салији им се заблагодари на претставниците на Нотарската комора и додаде дека ваквите средби во иднина ќе се интензивираат со цел решавање на  проблемите од оваа област.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk