Работна средба со претставниците на Работната група за изготвување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор  
     
 

29.08.2017

 
 

Во просториите на Министерството за правда во 11.00 часот се одржа работна средба на претставниците на институциите од правосудниот сектор и од граѓанскиот сектор, со претставниците на Работната група за изготвување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор со Акционен план.  

Средбата ја отвори министерот за правда Билен Саљији, со покана за отворена и конструктивна дискусија и активна вклученост на сите чинители во правосудството.

 

Претседателот на работната група, проф. д-р Ана Павловска Данева, накратко ја презентираше Нацрт - Стратегијата за реформа на правосудниот сектор претходно електронски доставена до учесниците, која укажа дека во текот на подготовката биле земени предвид нивните забелешки и предлози, доставени во раната фаза на подготовка.  Дел од овие забелешки се вградени во Нацрт - Стратегијата и во Акциониот план, а дел од нив ќе бидат во идните законски решенија.

 Учесниците го поздравија начинот на подготовка и усвојување на Нацрт-Стратегијата, ги поддржаа предложените решенија и дадоа дополнителни сугестии и предлози за нејзината содржина.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk