Учество на Министерот Саљији на ЕУ – Западен Балкан Министерски форум за правда и внатрешни работи  
     
 

26.10.2017

 
 

       Министерот за правда, Билен Саљији учествува на ЕУ – Западен Балкан  Министерски форум за правда и внатрешни работи, кој денес и утре се одржува во Софија, Република Бугарија. Министерскиот опстанок се одржува во рамки на Естонското претседателство со Европската Унија. 

      Во рамки на сесијата посветена на областа Правда се дискутира на теми поврзани со подготвеноста на судството и судската соработка во граѓанска и кривична материја.

„Ваквите настани, на кои ние земјите од Западен Балкан дискутираме со претставниците на Европската унија, за теми кои не обединуваат и за кои заеднички ги креираме политиките,  се особено значајни и претставуваат поттик за понатамошно и засилено спроведување на критериумите за пристапување во Европското семејство “- истакна министерот Саљији во својот говор. 

      Во понатамошното излагање, министерот Саљији потенцира дека Министерството за правда на Република Македонија активно и интензивно работи на исполнување на предвидените реформи во областа на правосудството кои треба да ги отстранат сите утврдени слабости и недостатоци. 

"Меѓународната соработка во областа на судската одговорност и судската  соработка во кривична и граѓанска материја, е клучна при воспоставувањето на добри односи меѓу државите на Балканот имајќи предвид дека споделуваме речиси слични проблеми но и волја за нивно надминување“- рече на крајот на своето излагање министерот Саљији.  

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk