Министерот за правда, Билен Салији обезбеди висока поддршка од претставниците на американскиот Стејт департмент  
     
 

30.11.2017

 
 

Денеска министерот Салији ги  пречека на средба г-ѓа Џудит Велинг-Советник за правосудство, Стејт Департмент, ИНЛ Биро, Канцеларија за кривично правна помош и партнерства и г-ѓа  Викториа Бонасера-Програмски офицер,  Стејт Департмент, ИНЛ Биро, Канцеларија за Европа и Ази, на кои првенствено им се заблагодари  за  континуираниот придонес на американската држава во Македонија.

Претставниците  на Стејт департментот на САД  се  заинтересираа за реформите  во  правосудниот сектор во  Република Македонија  и за  идните активности  на кои ќе се фокусира  Министерството за правда.

Министерот Салији  ја  истакна неговата заложба, како и тековните активности на  Министерството за правда за спроведување  на реформите во правосудниот сектор и ги извести претставниците  на  американскиот  Стејт департмент  дека Владата на Република Македонија  ја разгледа  и ја усвои Информацијата  за подготвување на  Стратегијата  за реформи во правосудниот сектор,  стратегија која е основана врз  Препораките на Прибе, Венецијанската комисија, препораките на ГРЕКО, како и  другите невладини организации.

Министерот Салији увери дека активностите на Министерството за правда се транспарентни и сеопфатни за  јавноста.

Претставниците  на американскиот Стејт департмент ги поздравија  преземените активности од страна на Министерството за правда во однос на исполнувањето на реформите предвидени во судството кои се дел од Планот  3-6-9 на Владата на Република Македонија и ветија  дека се спремни  да понудат   помош за спроведување на реформите во правосудниот  сектор.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk