Брифинг со претставници на медиумите во Министерство за правда: Транспарентно и отчетно за прашања кои ја засегаат целокупната јавност  
     
 

01.12.2017

 
 

Во рамките на брифингот со претставниците на медиумите, денеска во Министерството за правда, присутните уредници и новинари беа запознаени со тековните активности на Министерството како и со сите актуелни случувања кои се во надлежност на институцијата. На брифингот присуствуваа министерот за правда, Билен Саљији, заменик министерот за правда, Оливер Ристовски, државниот секретар Зулфи Адили, Директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ , претставници од стручните служби во Министерството како и проф. Ана Павловска Данева како претставник на Работната група што ја изработи Стратегијата за реформа на правосудниот сектор за период од 2017-2022 со Акциски План. 

 

Министерот Саљији ги информираше присутните претставници на медиумите дека Министерството за правда и во иднина ќе продолжи да работи транспарентно и отчетно, со цел медиумите и граѓаните континуирано да добиваат информации за прашањата кои ја засегаат целокупната јавност.

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk