Министерството за правда продолжува со транспарентно работење: на јавноста и се достапни нови документи, информации и податоци  
     
 

05.12.2017

 
 

Министерството за правда, водено од принципот на транспарентност, на својата веб страна објави нови документи, информации и податоци кои се достапни за целокупната јавност. 

На интернет страната на Министерството за правда за прв пат може да се најдат информации за Буџетот на Министерството, ревизорски извештаи, правилник за систематизација на работните места и правилник за внатрешна организација, список на сите вработени лица во институцијата со службени телефонски броеви и електронска пошта. Исто така за прв пат на јавноста и се достапни и информации кои се однесуваат на заштита на укажувачи, овластено лице за заштитено внатрешно пријавување и Правилник за заштитено внатрешно пријавување, како и податоци за офицерот за заштита на лични податоци.

Покрај наведените ново поставени документи и информации, на веб страната на Министерството се достапни и план за јавни набавки, органограм за внатрешна организација, консолидирани текстови на закони и подзаконски акти, обрасци кои ги користат граѓаните при доставување на поднесоци до министерството за остварување на нивните права и обрасци на барања од граѓаните за издавање на реални акти, тарифници за надоместоци за издавање на реални акти, листа на информации од јавен карактер и лице задолжено за информации од јавен карактер, листа на регистри и контакт од Министерството за генерални информации. Исто така јавно се достапни и биографиите на министерот, заменик министерот и државниот секретар, а јавноста може да се запознае со планираните активности на Mинистерството за правда преку најавите кои се поставуваат на почетната страна од официјалната веб страна.

 

Линкови до документите.

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk