Започна со работа новиот Казнено поправен дом Штип  
     
 

22.10.2008

 
 

Денеска со пригодна свеченост започна со работа новиот Казнено поправен дом во Штип.







На свеченоста во присуство на бројни гости министерот за правда Михајло Маневски ги поздрави присутните и истакна дека затворот во Штип е целосно реновиран и трансформиран во Казнено поправен дом Штип како втора институција од затворен вид со што се означува продолжување на веќе започнатата успешна реализација на Програмата на Владата за финансирање на изградба, реконструкција, реновирање и подобрување на условите во казнено-поправните установи и Воспитно-поправниот дом Тетово.


За реализација на овие цели истакна Маневски, во периодот 2008 -2010 година се обезбедуваат вкупно 14 милиони евра - средства обезбедени преку заем на Европската банка за обнова и развој на Советот на Европа од кои 4 милиони евра од Буџетот на Република Македонија.

Денес, рече министерот Маневски означуваме успешна реализација на реновирањето и доградбата на Затворот Штип со капацитет од 400 осудени лица кој се трансформира воКазнено-поправниот дом Штип со чие профункционирање ќе се намали пренатрупаноста во Казнено-поправниот дом Идризово.

Во КПД Штип со поддршка и средства на Европската агенција за реконструкција (ЕАР) и дел од средствата на буџетот на Република Македонија, извршени се следните работи:

1. Надградба на затворниот дел и стационар со засилена контрола

2. Изградба на дневна болница

3. Создавање на санитарно - хигиенски услови во затворот

4. Изградба на обиколен ѕид

5. Изградба на парно греење

6. Изградени се помали објекти неопходни за функционирање на установата.


     Направени се и други зафати и тоа:

       Во полуотвореното одделение:

       -зимска и летна теретана

       -игралиште за фудбал со трибини

       -берберница за осудените лица


       Во затвореното одделение:

       -летна теретана

       -игралиште за кошарка

       -игралиште за одбојка

       -4 чајни кујни

       -4 соби за дневен престој на осудените лица и

       -библиотека

       -и нови видувални

Во изминатиов период, истакна Маневски завршено е комплетно реновирање на затворот во Прилеп со капацитет од 120 лица, во завршна фаза е изградбата на објектот на затворот Куманово со капацитет од 200 осудени лица како и започна изградбата на ново притворско крило со зголемен капацитет од 140 на 310 лица, а ќе се изврши комплетно реновирање на сите простории во Затворот Скопје.

Се вршат интензивни подготовки за изградба на затворено одделение, полуотворено, отворено и старечко оделение, тренинг центар и сатационар - болница и женското оделение во КП дом Идризово и обезбедена е странска експертска помош и подршка. Се вршат заначителни интервенции и подобрување на условите во сите затвори,нагласи Маневски

Ќе го смениме ликот на затворите во Република Македонија, рече Маневски не само поради тоа што на тоа ни укажуваат релевантните институции како што е Комитетот против тортура (ЦПТ) и други на Советот на Европа и ЕУ, туку пред се поради потребата да се обезбедат хумани и достоинствени услови за живот и работа на осудените и на притворените лица, и да се создадат подобри услови за работа на затворскиот персонал. Настојуваме да обезбедиме европски стандарди и почитување на европските норми во овие установи.

Заблагодарувајќи се на присутните министерот Маневски нагласи дека е подобрен е капацитетот на затворскиот персонал во сите казнени поправни установи со вработување на нови 208 лица во 2007 и 2008 година, во службата за обезбедување воспитната, здравствена и други служби. До крајот на 2008 година се предвидуваат и уште 80 нови вработувања во затворите, а повеќе од 100 лица во 2007 година биле опфатени со потребните обуки.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk