Сектор за бесплатна правна помош и политички систем
Раководител на сектор:

 Контакт телефон: 3116648, локал: 229

e-mail: @mjustice.gov.mk

 Во Секторот за бесплатна правна помош и политички систем се вршат работи од делокругот на Министерството што се однесуваат на бесплатната правна помош, политичките партии, здруженијата, изборниот систем, вршењето на работите што не спаѓаат во надлежност на друг орган на државна управа.

Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку:

  • Одделение за бесплатна правна помош;
  • Одделение за политички систем;
  • Подрачно одделение (34).

 

Одделение за бесплатна правна помош


 Во Одделението за бесплатна правна помош се вршат следните работи и задачи :

  • подготвување на предлози на закони и други прописи во врска со давањето на бесплатната правна помош;
  • изготвување извештаи, анализи, осврти, информации и други материјали за Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија, и други органи, што се однесуваат за давањето на бесплатната правна помош;
  • водење евиденција на примени барања за бесплатна правна помош;
  • водење евиденција за доставени барања до други органи;
  • водење на регистри на адвокати и здруженија;
  • вршење проверка на податоците од соодветните органи;
  • подготвување на  книги, обрасци и други материјали за потребите на подрачните одделнија за давањето на бесплатната правна помош;
  • подготвување решенија за запишување во регистарот на адвокати и  во регистарот на здруженијата;
  • изготвување решенија за исплата на надомест – за подрачно одделение;
  • следење на состојбите во областа за давањето на бесплатна правна помош и унапредување на методот на работа; и
  • врши други работи определни со закон и друг акт, а се однесуваат на бесплатната правна помош.


Одделение за политички систем


 Во Одделението за политички систем се вршат следните работи и задачи :

  • подготвување на законски и други прописи од делокругот на изборниот систем, референдумот и другите форми на непосредно учество на граѓаните;
  • подготвување на предлози на закони и други прописи во врска со изборниот систем, референдумот и други облици на непосредно изјаување на граѓаните,  верските заедници, како и за собирање на потписи на избирачи за донесување закон и за поднесување на предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија;
  • подготвување на предлози на закони и други прописи поврзани со формирање, организација, функционирање и финансирање на политичките партии;
  • подготвување на нацрти и предлози на закони и други прописи поврзани со организацијата и формирањето на здруженија и фондациите;
  • подготвување извештаи, анализи, осврти, информации и други материјали за Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија, и други органи што се однесуваат за политичките партии, здруженијата, фондациите и верските заедници;
  • подготвување и издавање одобренија за употреба на државни симболи и изрази кои означуваат име на историски лица и места, на националност, државата и нејзините кратенки, општина во Република Македонија или Градот Скопје;
  • постапување по барања согласно Законот за донации и спонзорсва;
  • врши други работи определени со закон и друг акт.


Подрачно одделение (34)


 Во подрачните одделенија се вршат следните работи и задачи :

  • комплетирање на документацијата по барања за бесплатна правна помош;
  • давање предходна правна помош;
  • водење евиденција на примени барања за бесплатна правна помош;
  • водење евиденција за доставени барања до други органи;
  • информирање граѓаните за користење на бесплатна правна помош;
  • врши други работи определени со закон и друг акт.