ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТ
ПОЧЕТНА СТРАНА
ОРГАНИЗАЦИЈА И
НАДЛЕЖНОСТИ
ДИРЕКТОР
МЕСЕЧНИ ПЛАНОВИ
ПРОЕКТИ
Релизирани
Тековни
ЗАКОНИ
ЗАКОНИ - English version
ОГЛАСИ
ЛИНКОВИ
ЛИСТА на информации
од јавен карактер
ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ
Соопштенија
Медиумите за инспекторатот
АРХИВА НА НАСТАНИ
Претставки-предлози inspektorat@ mjustice.gov.mk
ПРОГРАМИ ЗА РАБОТА
ПРОГРАМИ ЗА ОБУКА
ПРОГРАМИ ЗА ВОЛОНТЕРИ
И ПРАКТИКАНТИ
ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ
ИНФОРМАЦИИ ДО
ВЛАДА НА РМ
АНАЛИЗИ
ИЗДАНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
 
   
 

АЛО ИНСПЕКЦИЈА – ГРАЃАНИНОТ ПРЕД СЕ

                                

  

...чл.24 од Уставот на Република Македонија: СЕКОЈ ГРАЃАНИН ИМА ПРАВО ДА ПОДНЕСУВА ПРЕТСТАВКИ ДО ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ И ДРУГИ ЈАВНИ СЛУЖБИ И ОД НИВ ДА ДОБИЕ ОДГОВОР

ПРИЈАВЕТЕ НА БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 0800 111 99
 

Препорачаниот ФОРМУЛАР испратете го на inspektorat@mjustice.gov.mk

......................................................................

Полугодишен состанок на вработените во Државниот управен инспекторат

повеќе

.........................................................................

Стручна обука за вработените на Државниот управен инспекторат за имплементација на внатрешните прописи за вршење на инспекциски надзор

Согласно Планот за работа на инзпекторататот за месец Август и Септември, а со поддршка на Проектната единица за правна и правосудна имплементација и институционална поддршка на Светска банка при Министерството за правда во тек е реализирање на обуки за вработените во Државниот управен инспекторат со цел оспособување на вработените за стручно, ефикасно и унифицирано вршење на инспекциски надзор.

повеќе

.........................................................................

Тематска работилница: Спроведување на инспекцискиот надзор преку меѓуопштинска соработка

Како дел од програмата Меѓуопштинска соработка за подобра испорака на услуги и пристап кон ЕУ, УНДП во соработка со Државниот управен инспекторат одржа тематска работилница Спроведување на инспекцискиот надзор преку меѓуопштинската соработка, на 06 јули 2010 година, во Хотел Романтик, Велес.

повеќе

Извештај од Тематската работилница

............................................................................

Известување

Поради користењето на годишниот одмор на вработените во Државниот управен инспекторат при Министерството за правда во Август 2010 година Инспекторатот нема да врши инспекциски надзор.

повеќе

......................................................................

Циклус обуки 

Државниот управен инспекторат во координација со ЗЕЛС и општините  во Република Македонија, и градот Скопје, поради користење на годишни одмори и за поголема ефикасност одлучија обуката од областа на патниот сообраќај предвидена за 02.07.2010 година да се одржи во месец септември 2010 година.

повеќе

........................................................................

Циклус обуки

Распоредот и динамиката на Циклусот обуки на Државниот управен инспекторат и ЗЕЛС за примена на општата управна постапка се менува со взаемна координација.

Наместо предвидените две обуки од областа на образованието за 23 и 24.06.2010 година, ќе биде одржана единствено обуката на 24.06.2010 година (четврток) со која ќе бидат опфатени просветните инспектори од сите општини и Градот Скопје. Воедно и обуката предвидена за 18.11.2010 година од областа на патниот сообраќај ќе се одржи на 02.07.2010 година (петок) што ќе придонесе за поголема ажурност на општинската администрација.

повеќе

.........................................................................

Информативна сесија за презентација на Законот за инспекциски надзор, 02.06.2010 (среда) во 11.00 часот во Хотел Holiday Inn-Скопје

повеќе

.........................................................................

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Делегација на Државниот управен инспекторат на Годишната конференција на мрежата на институции и школи за јавна администрација на Централна и Источна Европа

повеќе

............................................................................

Обука на управната инспекција за улогата и функциите на АКМИС во Судовите

На 11 и 12 мај 2010 година во просториите на Академијата за обука на судии и јавни обвинители продолжи обуката на вработените во Државниот управен инспекторат во делот за електронското движење на предмети, како и водење на уписниците во судовите имплементирано во софтверското решение АКМИС.

повеќе

.........................................................................

Согласно Планот за вршење инспекциски надзор на Државниот управен инспекторат за месец Април 2010 година управните инспектори извршија надзор во управното и канцелариско работење во Државната изборна комисија.

повеќе

.........................................................................

Циклус обуки на Државниот управен инспекторат и ЗЕЛС за примена на општата управна постапка

Државниот управен инспекторат во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа изготви Програма за обуки за примена на општата управна постапка, на кои ќе бидат разработени Законот за општата управа постапка и прописите од овој закон, Законот за постапување по претставки и предлози и прописите од овој закон, прописите за канцелариско и архивско работење како и материјаните закони и прописи од соодветната област.

повеќе

.....................................................................

По покана на проф. Д-р Јанко Јакимов декан на Факултетот за безбедност на ден 13.04.2010 година директорот на Државниот управен инспекторат, Димитар Ѓеорѓиевски одржа предавање на тема “Контрола на администрацијата“ пред студентите од втора година од групата криминологија.

повеќе

.......................................................................

Обука на управната инспекција за улогата и функциите на АКМИС во Судовите

УСАИД - Проектот за имплементација на реформи во судството во соработка со Академијата за обуки на судии и јавни обвинители започна со обука на вработените во Државниот управен инспекторат во делот за електронското движење на предмети, како и водење на уписниците во судовите имплементирано во софтверското решение АКМИС.

повеќе

..........................................................................

Согласно Извадокот од Нацрт – записникот од Сто четириесет и четвртата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 09.03.2010 година, точка:20 беше разгледана и усвоена Анализата на постапката за администрирање на локалните даноци и такси во општините и Градот Скопје.

повеќе

................................................................................

TAIEX – студиска посета на Република Чешка

Со подршка на TAIEX инструментот на Европската комисија, делегација од Министерството за правда предводена од директорот на Државниот управен инспекторат Димитар Ѓеорѓиевски беше во тродневна студиска посета на Република Чешка.

повеќе

...............................................................................

Обуки на управната инспекција за улогата и функциите на АКМИС во судовите

УСАИД - Проект за имплементација на реформи во судството во соработка со Академијата за обуки на судии и јавни обвинители ќе врши обука на вработените во Државниот управен инспекторат во делот за електронско движење на предмети, како и водење на уписниците во судовите имплементирано во софтверското решение АКМИС.

повеќе

.......................................................................

Согласно Извадокот од Нацрт – записникот од Сто триесет и деветтата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 16.02.2010 година, точка: 59 беше разгледан и прифатен Извештајот за работа на Државниот управен инспекторат за 2009 година.

повеќе

.......................................................................

Полугодишен работен состанок на вработените во Државниот управен инспекторат за 2010 година

повеќе

.........................................................................

Студенти од "Јустинијан I" практиканти во државен управен инспекторат

Во Државниот управен инспекторат при Министерството за правда беше извршена практична обука на студенти од вториот циклус правни студии при Правниот факултет „Јустинијан I“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, насока Административно право и јавна администрација.

повеќе

.........................................................................

ПЕТТА РАБОТНА ВЕРЗИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

Во организација на работната група за подготвка на Законот за инспекциски надзор на 17 декември 2009 година се одржа Работилница со претставници на инспекторатите и други инспекциски служби по повод петтата работна верзија на Законот за инспекциски надзор.

повеќе

.........................................................................

РАСПРАВА ЗА РАБОТНАТА ВЕРЗИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

Бизнис заедницата задоволна од изготвувањето на Законот

Законот за инспекциски надзор ќе претставува правна рамка за постапување на сите инспекциски служби, со што ќе обезбеди гаранција за правната сигурност на субјектите на надзорот во кои влегуваат и деловните субјекти. Ова беше речено на расправата за работната верзија на Законот за инспекциски надзор што се одржа во Стопанската комора на Република Макеоднија на 19 ноември 2009 година.

повеќе

.........................................................................

РАСПРАВА ЗА РАБОТНАТА ВЕРЗИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

Законот ќе овозможи координација во работата на инспекторатите

Работната верзија на Законот за инспекциски надзор беше тема на расправата што ја организираше Министерството за правда - Државен управен инспекторат.

повеќе

...........................................................................

Управната инспекција со превентивна функција

Државниот управен инспекторат при Министерството за правда согласно предлог Програмата за работа за 2010 година ќе изврши редовен и контролен инспекциски надзор во управното и канцелариското работење на регулаторните тела, како самостојни органи во Република Македонија и тоа: заводи, комисии, дирекции, агенции, центри, совети и слично.

повеќе

...........................................................................

НАЈАВА

61  ва средба на правници на тема "Правото на сопственост и заштита"

Директорот на Државниот управен инспекторат, Димитар Ѓеорѓиевски ќе присуствува на 61-та средба на правниците на тема „Правото на сопственост и заштита“.

повеќе

............................................................................

РЕСПА – Регионална школа за јавна администрација

Претставници на Инпекторатот на семинарот за управно право

„Управно право“ беше темата на семинарот организиран во рамките на Регионалната школа за јавна администрација (RESPA). Цел на семинарот е зајакнување на капацитетите, но и зголемување на соработката на земјите членки на Регионалната школа за јавна администрација во областа на управното право и практика. 

повеќе

..................................................................................

СОРАБОТКА СО АКАДЕМИЈАТА ЗА ОБУКА НА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Обука за примена на законот за прекршоците

Примената на Законот за прекршоци ќе биде тема на дводневната обука за вработените во Државен управен инспекторат, орган во состав на Министерството за правда на Република Македонија.

повеќе

.........................................................................................

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Делегација на државниот управен инспекторат на Годишната конференција на европската група за јавна администрација

Делегација предводена од Директорот на Државниот управен инспекторат Димитар Ѓеорѓиевски присуствува на Годишната конференција на Европската група за јавна администрација од втори до петти септември 2009 година во Сент Џулиус, Малта.

повеќе

...........................................................................................

Архива на настани


 

 

 

 

 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk