ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА ЗА РАБОТА

НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА ЗА 2017 ГОДИНА

 

Согласно утврдените надлежности на Министерството за правда во член 17 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на РМ,бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2017 година, Стратешкиот план на Министерството за шравда за период 2017-2019 година и Програмата за работа на Министерството за правда за 2016 година, во текот на 2017 година донесени и изготвени се повеќе закони, подзаконски акти, изготвени се повеќе анализи, информации и извештаи, како и спроведени се и други активности за реализација на донесената програма за работа за 2017 година.

Реализацијата на Програмата се однесува на секторите во Министерството за правда и Одделението за внатрешна ревизија.

 

Сектор за правосудство

 

Во 2016 година активностите на Секторот за правосудство беа насочени кон реформата во правосудниот сектор и јакнењето на независноста и зголемувањето на ефикасноста на судството. 

 

За таа цел, во Министерството за правда беше формирана работна група која го изготви текстот на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 со Акцискиот план за нејзино спроведување, која од страна на Владата на Република Македонија е усвоена на седницата одржана на ден 28.11.2017 година.

 

  ЗАКОНИ

 

1.Закон за изменување и дополнување на Судскиот совет на Република Македонија

- објавен во (,,Службен весник на РМ“ бр. 197/17)

2.Закон за престанување на важноста на Законот за Советот за утврдување на факти

- објавен во (,,Службен весник на РМ“ бр. 197/17)

3. Закон за дополнување на Законот за судовите

- доставен до Собрание на Република Македонија

4. Закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија

- изготвен текст на Нацрт-закон

5.Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите

- изготвен текст на Нацрт-закон

6. Закон за изменување и дополнување на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители

- изготвен текст на Нацрт-закон

 

 

ПОДЗАКОНСКИ АКТИ

 

1.  Предлог-деловник за изменување и дополнување на Судскиот деловник – доставен од Комисијата до министерот за правда во јули 2017 година.

2.  одржан состанок на работна група за изготовка на Правилник за надоместокот на трошоците на парничната постапка

 

АНАЛИЗИ И ИНФОРМАЦИИ

 

1.  Информација за имплементација на Законот за управување со движењето на предметите  во судовите за 2016 година

3. Информација за постапување по предмети за помилување во 2016 година

4. Информација за постапување по предмети за надомест на штета на лица неоправдано осудени и неосновано лишени од слобода за 2016 година

 

Сектор за извршување, нотаријат и медијација

 

- ЗАКОНИ КОИ НЕ СЕ ПРЕДВИДЕНИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА РАБОТА НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

1. Закон за изменување и дополнување на Закон за нотаријатот

- изготвена е работна верзија

Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот е изготвен со цел редефинирање на нотарски акт, поедноставено постапување, зголемување на ефикасноста, намалување на трошоците, поедноставена постапка за именување и конципирање и ефикасно спроведување на нотарскиот испит.

 

2. Закон за изменување и дополнување на Законот за извршување

-  изготвена е работна верзија

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување е изготвен со цел за јакнење на професионалните капацитети на извршителите, поедноставено извршување, намалување на трошоците на извршувањето, соодветно конципирање на испитот за извршители и начинот на неговото полагање и бришење на одредбите за вонсудска наплата на долгови.

 

- ПОДЗАКОНСКИ АКТИ

Во врска со Законот за извршување, донесен е :

- Правилник за начинот на полагање на квалификациониот испит, испитот за рангирање, стручниот испит за проверка на знаењата, испитот за заменик извршител и за формата и содржината на уверението за положени испити објавен во (,,Службен весник на РМ“ бр.6/2017)

 

Во врска со Законот за нотаријатот, донесени се следните подзаконски акти :

- Правилник за изменување на Правилникот за работното време на нотарските канцеларии

- Правилник за начинот на полагање на квалификациониот нотарски испит, испитот за рангирање за нотар, испитот за заменик-нотар, испитот за помошник-нотар, испитот за нотарски стручен соработник и стручниот испит за проверка на знаењата на нотарите и за формата и содржината на уверението за положени испити објавен во (,,Службен весник на РМ“ бр.28/2017)

- Програма за градивото и прописите за полагање на теоретскиот дел од квалификациониот нотарски испит и испитот за рангирање на нотар, испитот за заменик-нотар, испитот за помошник-нотар, испитот за нотарски стручен соработник и стручниот испит за проверка на знаењата на нотарите објавен во (,,Службен весник на РМ“ бр.29/2017)

- Правилник за изменување на Правилникот за видот, содржината, формата, начинот на водењето на актите, уписниците, книгите и имениците на нотарот, помошните книги, начинот на примање и чување на нотарските исправи и предметите од вредност и нивното издавање и преземање, начинот на чување и обнова на нотарските списи и исправи, начинот на архивирање и организирањето на архивирањето, како и преземање на други формални дејствија објавен во (,,Службен весник на РМ“ бр.80/2017)

 

Во врска со Законот за медијација  донесени се следните подзаконски акти :

- Правилник за начинот за вршење на надзор над работата на Комората на медијатори на Република Македонија објавен во (,,Службен весник на РМ“ бр.193/2017)

- Правилник за содржината на извештајот за работата на Комората на медијатори на Република Македонија објавен во (,,Службен весник на РМ“ бр.101/2017)

- Тарифник за висината на реално потребните трошоци за полагање на испитот за медијатори, признавање на обуките завршени во странство и издавање на лиценците односно акредитациите објавен во (,,Службен весник на РМ“ бр.9/2017)

 

- АНАЛИЗИ И ИНФОРМАЦИИ

1. Информација за примена на Законот за извршување и извршен надзор над работата на извршителите за 2016 година

      – доставена до Влада во мај 2017 година

2. Информација за примена на Законот за нотаријатот за 2016 година

     – доставена во Владата во јуни 2017 година

3.  Информација за примената на Законот за медијација

     - доставена до Владата на РМ во декември 2017 година.

 

- ДРУГИ АКТИВНОСТИ

1.Редовни и вонредни надзори над работата на извршителите и редовни и надзори по конкретен предмет над работењето на нотарите

Согласно надлежноста на Секторот континуирано се вршат редовни и вонредни надзори над работата на извршителите и редовни и надзори по конкретни предмети над работењето на нотарите.

2. Надзори

- Во текот на 2017 година спроведени се надзори кај 40 извршители и тоа 40 редовни и 6 надзори по конкретен предмет кај извршители и поднесени се вкупно 3 предлози за поведување на дисциплински постапки против извршители.

- Во текот на 2017 година спроведени се надзори кај 13 нотари и тоа 13 редовни надзори и поднесен е 1 предлог за поведување на дисциплински постапки против нотар.

3. Конкурси

- Во текот на 2017 година нема спроведено конкурси за именување на нотари и извршители, а именувани се двајца извршители по објавени конкурси од 2016 година.

4. Престанок на нотарската служба

- Во текот на 2017 година на десет нотари им престана нотарската служба за што беа изготвени решенија за престанок на службата на нотарите и беа формирани Комисиии за спроведување на постапка за попис на нивните списи и книги заради предавање на чување во судовите. 

- Во текот на 2017 година нема извршители на кои им престанала извршителската должност.

 

Сектор за меѓународна правна помош

 

Во Секторот за меѓународна правна помош во 2017 година по предметите во кои е присутен странски елемент се постапува во најкратки можни рокови.

Покрај работата со предметите, приоритет му е даден и на изготвувањето на билатералните договори во граѓанската и кривичната област, што Република Македонија ги склучува со други земји и слично.

 Исто така, на барање на повеќе институции во текот на 2017 година изготвени се инфорамции и мислења во оваа област и истите се доставени во предвидените рокови и слично.

 

            БИЛАТЕРАЛНИ ДОГОВОРИ

 

1. Во  2017 година ратификувани се два договори со Република Италија, и тоа :

- Дополнителен билатерален договор меѓу Република Македонија и Република Италија кон Европската конвенција за екстрадиција од 13. декември 1957 година за олеснување на нејзината примена,

- Дополнителен билатерален договор меѓу Република Македонија и Република Италија кон Европската конвенција за меѓусебна правна помош во кривичната материја од 20 април 1959 година  со цел за олеснување на нејзината примена.

Со овие договори ќе се олесни примената на европските конвенции за меѓусебна правна помош во кривичната материја и за екстрадиција.

 

2. Покрената иницијатива за продолжување на постапката за потпишување на Договор помеѓу Република Македонија и Република Бугарија за екстрадиција (се чека одговор за продолжување на постапката).

Министерството за правда во декември покрена иницијатива за продолжуваање на постапката за склучување на Договор меѓу Република Македонија и Република Бугарија за екстрадиција и се очекува одговор од страна на Рпублика Бугарија за прифаќање на иницијативата.

 

3. Во постапка е склучување на три договори меѓу Владата на Република Македонија и  на државата Казакстан за екстрадиција, меќународна правна помош во кривичната материја и за трансфер.

Со овие договори ќе се унапреди со на европските конвенции за меѓусебна правна помош во кривичната материја и за екстрадиција.

Постапката кон крајот на 2017 година се интензивира со цел склучување на овие договори меѓу двете земји.

 

АНАЛИЗИ И ИНФОРМАЦИИ 

 

- Информација за текот на постапката во врска со признавање и извршување на правосилна  и извршна пресуда  VI. ТС бр. 1415/08 од 14. 12. 2010 година на Основниот суд Скопје II - Скопје  пред надлежниот суд во Република Србија.

Со заклучоци на Владата на Република Македонија задолжено е Министерството за правда на Република Македонија заедно со Министерството за надворешни работи и други институции да ја следи постапката во врска со Информацијата до Владата на Република Македонија за текот на постапката во врска со признавање и извршување на правосилна  и извршна пресуда   VI. ТС бр. 1415/08 од 14. 12. 2010 година на Основниот суд Скопје IIСкопје, која е во тек пред надлежните органи во Република Србија и континуирано на шест месеци да ја известува Владата за исходот од постапката.

УЧЕСТВО НА КОНФЕРЕНЦИИ ВО СТРАНСТВО И ВО ЗЕМЈАТА ВО 2017  ГОДИНА

- учество на завршна Конференција за преговори за нов мултилатерален  договор за меѓународна правна помош и екстрадиција, како и кривичен прогон за најсериозен меѓународен криминал, во Дорн-Кралство Холандија

- учество на завршна конференција на ИПА проектот „Меѓународна соработка во кривичната правда : Мрежа на обвинители на Западен Балкан“, во Берлин-Сојузна Република Германија

-учество на Регионална конференција на контакт точките за Европската правосудна мрежа, во Нови Сад-Република Србија

- учество на Конференцијата во Тирана-Република Албанија, на тема „Борба против трговија со дрога“

- учество на Регионална конференција одржана во Бар-Република Црна Гора, на тема во кривичната област

- учество на Конференција за правото на азил.

 

ДРУГИ АКТИВНОСТИ

Континуирано и навремено постапување во текот на 2017 година по замолниците на странските судови во граѓанската и кривичната материја и обратно по замолниците од правосудните органи на Република Македонија, и тоа, по барања за:

- екстрадиција на судовите од Република Македонија, и обратно на македонски државјани од странство;

- трансфер на осудени лица, како на македонски државјани кои се наоѓаат на издржување на казна затвор во други држави така и на странски државјани кои издржуваат казна затвор во Република Македонија;

- притвори на наши и странски државјани;

- отстапување на списи за кривично гонење на домашните правосудни органи  во странски држави и обратно;

- казнена евиденција;

-  алиментациони побарувања;

- признавање на странски судски пресуди во Република Македонија и обратно;

- постоење на реципроцитет ;

- мислења за билатерална соработка со конкретна држава и друго.

 

Сектор за бесплатна правна помош и политички систем

 

            - ЗАКОНИ

1. Закон за дополнување на Законот за спортот

објавен во (Службен весник на РМ” бр. 6/16),

2. Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик

објавен во (Службен весник на РМ”  бр. 67/17),

3. Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик

објавен во (Службен весник на РМ”  бр. 125/17).

 

До Владата на Република Македонија во месец декември 2017 година доставени се следните предлози на закони :

 

-Закон за изменување на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните во скратена постапка,

- Закон за бесплатна правна помош

 

            - ИНФОРМАЦИИ, ИЗВЕШТАИ И МИСЛЕЊА

 

1. Годишен извештај за работењето од областа на бесплатната правна помош cогласно член 35 од Законот за бесплатна правна помош,

2. Одлуката за изменување на Одлуката за запирање на исплата на средства за редовно годишно финансирање за 2017 година од Буџетот на Република Македонија на пет (5) политички партиии објавена во Сл. весник на РМ број 91/17 од 20.07.2017 година,

3. Одлуката за изменување на Одлуката за запирање на исплата на средства за редовно годишно финансирање од Буџетот на Република Македонија на политички партии број 11-1870 на Министерството за правда, за политичката партија Српска странка во Македонија,

4. Одлука за изменување на Одлуката за запирање на исплата на средства за редовно годишно финансирање од Буџетот на Република Македонија на политички партии број 11-1870 на Министерството за правда, за политичката партија Партија за европска иднина (ПЕИ),

5. Одлука за изменување на Одлуката за запирање на исплата на средства за редовно годишно финансирање од Буџетот на Република Македонија на политички партии број 11-1870/21 на Министерството за правда, за политичката партија Партија власите и Партија за целосна еманципација на ромите(ПЦЕР),

6. Одлука за изменување на Одлуката за запирање на исплата на средства за редовно годишно финансирање од Буџетот на Република Македонија на политички партии број 11-1870/25 на Министерството за правда, за политичката партија Демократска партија на србите,

7. Одлука за изменување на Одлуката за запирање на исплата на средства за редовно годишно финансирање од Буџетот на Република Македонија на политички партии број 11-1870 на Министерството за правда, за политичката партија Партија за целосна еманципација на ромите(ПЦЕР)-за 2015 и 2014,

 

ДРУГИ АКТИВНОСТИ

Финансирање на политичките партии

Обврска за годишна распределба на буџетските средства за финансирање на политичките партии согласно на Измените и дополнувањата на Законот за финансирање на политичките партии (Службен весник на РМ бр.  148/11).

Распределбата е извршена во месец  јуни   2017 година

 

Сектор за ЕУ

 

I.ПРЕГОВОРИ И ИНТЕГРАЦИЈА

Ø  Спогодба за стабилизација и асоцијација (ССА), Пред-пристапен дијалог, План на итни реформски приоритети (ПАРИРП)

1. Следење и известување статус на реaлизaција на План 3-6-9 (подготовка на извештаи за реализација на мерките планот 3-6-9, учество на состаноци на Владината ад- хок група за имплементација на Планот 3-6-9).

Реализирано: Континуирано 2017 година

 

2.Подготовка на Придонес кон Годишниот Извештај за напредокот на Република Македонија во процесот на пристапување во Европската унијаза областа Правосудство, антикорупциска политика и фундаментални права

Реализирано: април 2017 год.

 

3. Подготовка на презентации и работни материјали за Комитет за стабилизација и асоцијација (КСА)

Реализирано: јуни 2017 год

 

4. Подготовка на презентации и работни материјали за Совет за стабилизација и асоцијација (ССА)

Реализирано:  јули 2017 година

 

5. Подготовка на презентации и работни материјали за Поткомитет за правда, слобода и безбедност (ПСБ)

Реализирано: октомври/ноември 2017 година

 

6. Координација на НПАА Работната група 23 Правосудство и фундаментални права (одржување на месечни состаноци, подготовка на месечни записници)

Реализирано: Континуирано 2017 година

 

7. Подготовка на материјали за состаноците на Работниот комитет за евроинтеграција (РКЕИ) и состаноците на Поткомитетот на РКЕИ и тематски седници на Влада во врска со ЕУ

Реализирано: Континуирано 2017 година

 

8. Подготoвка и учество на неформалните состaноци на Советот на ЕУ на Министрите за правда и внатрешни работи (Учество на Министерски форум ЕУ- Западен Балкан на Министрите за правда и внатрешни работи, г. Софија, Бугарија)

Реализирано: 26 и 27.10.2017 година

 

9. Активности за завршување на имплементацијата на ИПА 2011: Твининг проект “Зајакнување на владеење на правото‘‘(Одобрување на Финален извештај, финални финансиски извешти и финална ревизија)

Реализирано: ноември 2017година

 

10. ПодготовканаОценскамисијазаревизијанапредметиодорганизиранкриминал и корупција

Реализирано: декември 2017година

 

11. Координација на Министерска посета во Рига, Латвија за Потпишување на Меморандум за соработка со Министерството за правда на Латвија.

Реализирано: декември 2017 година

 

II. ИПА I и ИПА II

 

1. ИПА 2010 Спроведување на екс-пост проверки за завршени проекти од ИПА Компонента I ТАИБ 2010 и подготовка на Финални извештаи до ЦФЦД за реализацијата на:

- Договорза услуги Понатамошна поддршка за независно, одговорно, професионално и ефикасно судство и унапредување на пробациската служба и алтернативни санкции“

- Договорза набавка Набавка на опрема за правосудни институции и УИС

вининг Проект ИПА  2010“ Поддршка з аефикасна превенција и борба против корупцијата”.

Реализирано: Декември 2017

 

2. ИПА 2011:Мониторинг на имплементација на Твининг проектЗајакнување на владеењето  на правото„ – Твининг партнери Министерство за правда на Република Латвија и Министерство за правда на Република Хрватска (период на имплементација Декември 2015 – Октомври 2017)

- координација,поддршка на експертски мисии со експертите од компонентите на проектот; редовни неделни состаноци за координација на активностите од проектот помеѓу РТА Винета Крутко, Проектен лидер Фросина Тасевска и РТА за земјата Бојана Босилкова, како и претставници од Секторот за Европска Унија; ревидирање, коментари и одобрување на извештаите од одржаните експертски мисии

Реализирано: ноември 2017 година

 

3. Имплементација на Договорот за набавка на хардвер, софтвер и друга ИТ опрема за МП.

Реализирано. ноември 2017 година

 

4. ИПА 2012: Имплементација на Договор за услуги за зајакнување на капацитетите за борба против организиран криминал и корупција

Реализирано: континуирано 2017 година

 

5.Имплементација наИПА 2012 Рамковен договор за подготовка на техничка спецификација за набавка на опрема за институции во областа на правдата и внатрешните работи .

- На 02.05.2017 МВР, МП  ФП, УФР, ДКСК, ВСРМ, ЦУ, АУОИ, ЈОРМ се доставени потпишани Писма за согласностза прифаќање на Техничка спецификација за ЛОТ 1 - Набавка на интероперабилност и ИКТ опрема, Изјави за доверливост,  Согласност за исполнување на предусловите.

- На 16.05.2017 Тендерското досие (ТД) за ИПА 2013 Проект за набавка на опрема за институциите од областа правда и внатрешни работи е доставено до Делегацијата на ЕУ.

-  На 16.06.2017 објавата за тендер и ТД за проектот се одбиени од страна на ДЕУ со коментари.

- На 03.07.2017 ревидирано ТД  доставено до ЦФЦД

- Финалната ревидирана тендерска документација беше доставена на 22.08.2017 година и одобрена од страна на Делегација на Европска унија во Република Македонија на 29.08.2017 година.

- Договорот за набака е склучен 19.12.2017

Реализирано:  јануари-декември 2017

 

6. ИПА2014: Активностите за имплементација на Акциска Програма Подддршка на Секторот Правда

1.Подготовка на Рамковен договор за Тендерско досие за градежни работи за јавно обвинителство.Договорсклучен 19.09.2017. Почетенсостанок (Kick off meeting) одржан 10.11.2017.

Реализирано: септември 2017

2.Подготовка на Рамковен договор за Тендерско досие за градежни работи за Затвор Битола и судница за Затвор Скопје.Договорсклученна 10.08.2017.  Почетенсостанокодржанна 15.09.2017

Реализирано: август 2017

3. Подготовка на Рамковен договор за Тендерско досие за ИКТ за правосудство

Реализирано: декември 2017

4.Подготовка на Твининг проект за зајакнување на пенетенцијарниот систем и пробациска служба

Реализирано:  ноември 2017

5. Подготовка на Твининг лајт ЈОРМ ,,Зајакнување капацитети на органите на прогонот за борба против криминал‘‘.

Реализирано: декември 2017

6. Подготовка на Рамковен договорза техничка помош на Комисијата за евалуација за ИПА 2014 Грант шема

Реализирано: декември 2017

7. Подготовка на Грант договорИПА 2014

Реализирано: декември 2017

8. Ревидирање на статус на исполнување на предусловите од ИПА 2014 (IPAConditionalties), во координација со крајните корисници

Реализирано: континуирано 2017 година

 

7.Функционирањето на системот за управување и контрола во рамки на децентрализирано управување со ИПА:

1.Следење и имплементација на ревизорските наоди

Реализирано: континуирано 2017 година

2.Ревидирање,подготовка и доставување до ЦФЦД-МФцелокупна документација за исполнување на критериумите за децентрализирано управување со ИПА проектите во Министерството за правда и тоа:

- Анализа за обем на работа на одделението за ИПА проекти

- Регистарот за обуки (TrainingRegister)

- Прашалник за проценка за потребите за обуки (TNAneedassessment)

- Табела за чувствителни работни места (Тableforsensitiveposts)

- План за вработување(RecruitmentPlan)

- План за замена при отсутство(SubstitutionPlan).

Релаизирано: континуирано 2017 година

3. Ажурирање на Регистар на ризици во спроведување на ИПА проектите.

Реализирано: континуирано 2017 година

4. Извештај за нула неправилности.

Реализирано: континуирано/квартално 2017

5.Подготовка на Изјава за гаранција за ИПА 2007-2013 и подготовка на Годишна изјава за управување на ИПА II 2014-2020.

Реализирано: декември 2017

 

Ø  Дополнително-другиактивности

1. Редовно учество на координативни состаноци за ИПА во СЕП/НИПАК

2. Учество на Управен одбор на проект „Јакнење на заштитата на правата на осудените лица” кој  го спроведува Советот на Европа – 29.06.2016

3. Учество на ИПА Мониторинг комитет и ИПА Секторски Мониторинг комитет владеење на правото.

4ИзготвувањенаПрогресИзвештаитезапроективорамкитенаНационалнатапрограма ТАИБ 2010,2011,2012

 

Сектор за меѓународно-правна соработка

 

I. АКТИВНОСТИ ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

 

 

I/1 Закони

1.Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачи

-  доставен до Владата во декември 2017 година

 

I/2. Информации и анализи

1. Информацијазапрогреснаактивностивоврскасосудскитепостапкизаслучаите „Змискооко“и „Калдрма“ – 2016 година,четвртквартал

- усвоена од Владата во февруари 2017 година;

2. Информација за активностите во насока на имплементација на клучните мерки под димензијата Анти-корупција од Стратегијата за Југо-источна Европа 2020

- усвоена од Владата во февруари 2017 година;

3. Информација со статистички податоци за кривични предмети од областа Корупцијаза 2016 година

- усвоена од Владата  во октомври 2017 година

4. Информација за преземените активности во насока на имплементација на препораките препоракитеi) – v), vii), viii), ix), xi) – xvi), xviii) и xix) од Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Македонија – Четврт круг

- доставена до Владата во декември 2017 година;

 

I/3. Континуирани активности

1. Следење на статусот на реализацијата на активностите од надлежност на Министерството за правда кои се утврдени во Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и Државната програма за превенција и намалување на појавата на судир на интереси со Акционен план 2016-2019 година;

2. Ативности за примена на Методологијата за релевантен статистички систем за мониторинг на антикорупциската политика - работни сесии, консултативни состаноци, размена на податоци, подготовка на документи за пречистување на листите и обрасците за собирање на потребните податоци за следење, согласно опфатот на Методологијата;

3.Следење на меѓународни анти-корупциски извештаи и активности на меѓународните организации и иницијативирелевантни за напредокот во борбата против корупцијата;

4. Активности во рамки на процесот за Преглед на имплементацијата на Конвенцијата на Обединети нации против корупцијата – Втор циклус;

5.Учество во национални и регионални активности во рамки на механизмот за имплементација на Стратегијата за Југо-источна Европа 2020, по однос на димензијата Анти-корупција;

6. Активности во рамки на Проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на националните капацитети за борба против организиран криминал и корупција", активност 1.1. „Изготвување гап-анализа и препораки за натамошен развој на системоти методологијата за веродостојна евиденција (track record) на случаи на корупција“;

7. Активности поврзани со Четвртиот и Петтиот круг на ГРЕКО евалуација.

 

 

 

II.ЧОВЕКОВИ ПРАВА-2017

II/1.Европска Агенција за фундаментални права:

-Изработка на информација за определување на член и заменик во УО од РМ како и офицер за врски и заменик;

-Координирање на активности во врска со учество во работата на Агенцијата-уплата на влезен билет и одржување на координативен состанок со членот и заменикот во УО;

II.2.Национално Координативно тело за заштита на деца од занемарување и злоупотреба;

-Учество во работа на телото;

II/3.Еднакви можности и недискриминација:

1.Учество во работа на Интерминистерска комисија за еднакви можности;

2.Изработка на годишен Извештај за работењето на Координаторот  за еднакви можности за 2016 година, како и за спроведените активности во 2017 година за родовата рамноправност во Министерството за правда;

II/4.Национално координативно тело за злоупотреба на дроги:
-Учество во работата на телото;

II/5.Права на лицата со инвалидност во Република Македонијаконтинуирани активности

1. Учество во работата на Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност во Република Македонија;

II/6.Правда за децата:

1.Изработка на одговор во врска со донесено правосилно решение за обештетување на дете жртва и

2.Изработка на Програма за обесштетување на дете кое е жртва или е оштетено со дејствие кое со закон е предвидено како кривичнo делo на насилство и на други акти на индивидуално или групно за 2018 година

II/7. Детско претстапништво

Државен совет за превенција на детско престапништво

1.Вршење на административно-техничките работи на Државниот совет за превенција на детско престапништво;

II./8 Домашно насилство:

Работна Група за спроведување на Конвенцијата за превенција и борба со домашно насилство и насилство спрема жената;

1.Учество во работа на работната група

II/9.Меѓународни конвенции за човекови права:

1.Изработка на мислење по Предлог за ратификација на Конвенцијата против н асилство спрема жената,

2.Изработка на одговори во врска со степенот на спроведување на препораките од надлежните комитети на ОН и Советот на Европа.

3.Изработка на одговори на прашалници во рамки на процесот на мониторинг на спроведувањето на конвенциите за човекови права на СЕ и ОН;

 

 

 

 

III. MEЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

III/1. Учество во комитети, регионални иницијативи и мониторинг механизми на меѓународни организацииконтинуирано во 2016 година

1. Совет на Европа

1.1.  ЦДЦЈ – Европски комитет за правна соработка на Совет на Европа;

1.2.  ЦДПЦ – Европски комитет за кривични прашања;

1.3. ПЦ-ОЦ – Комитет на експерти за имплементација на европските конвенции за соработка во кривичната материја;

1.4. CODEXTER - Комитет на експерти за тероризам на Совет на Европа

- Евалуација на Конвенцијата за превенција од тероризам - Изготвување на одговори на прашалник

- Учество во работа на работна група за изработка на Европска стратегија за борба против тероризам;

-Изработка на материјал за дискусија во својство на Репортер за еднакви можности;

1.5. MONEYVAL - Комитет на експерти за евалуација на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам;

1.6. ГРЕКО – Група на држави против корупција

Учество во Делегацијата на Република Македонија во ГРЕКО – во својство на член на Делегација

 

Сектор за управување со човечки ресурси и стратешко планирање

 

            - УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

 

1. Спроведен е процесот на оценување

Согласно Законот за административни службеници, во Министерството за правда во периодот септември-декември 2017 година се спроведе постапката за оценување на државните службеници

3. Годишен план за обука

Согласно Законот за административни службеници, Министерството за правда е во декември 2017 година донесе Годишен план за обука за 2018 година.

4. Полугодишен извештај за спроведени специјализирани обуки за државните службеници

Согласно Законот за државни службеници, органите на државна управа имаат обврска да подготват годишен извештај за спроведени специјализирани обуки за државните службеници. Министерството за правда подготви Извештај за втората половина на 2016 година и за првата половина на 2017 година и истите ги достави до Министерството за информатичко општество и администрација  во јануари 2017 година и jули 2017 година

5. Годишен извештај за изречени мерки за утврдена дисциплинска и материјална одговорност

Согласно обврската од Законот за државни службеници органите на државна управа имаат обврска да подготват годишен извештај за изречени мерки за утврдена дисциплинска и материјална одговорност. Министерството за правда за 2016 година подготви годишен извештај и истиот го достави до Министерството за информатичко општество и администрација во јануари 2017 година

 

            - СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ И КРЕИРАЊЕ НА ПОЛИТИКИ

 

1. Извештај за остварените резултати и преземените мерки и активности што се во функција на остварувањето на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија

Врз основа на Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2017 година и стратешките цели и приоритети  на Владата на Република Мкедонија за периодот 2017 година Mинистерствoтo за правда подготви извештај за остварените резултати и преземените мерки и активности што се во функција на остварувањето на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија и истиот го достави до Владата.

2. Стратешки план на Министерството за правда за 1018-2020 година

Врз основа на Програмата за работа на Владата на Република Македонија, Одлуката за стратешките приоритети на Владата на Република Македонија за 2018 година Министерството за правда донесе Стратешки план за 2018-2020

3. Извештај за реализација на Годишната програма за работа на Министерството за правда во 2016 година

Подготвен е Извештај за реализација на Програмата за работа на Министерството за правда за 2016 година.

4. Годишна програма за работа на Министерството за правда во 2017 година

Согласно Програмата на Владата на Република Македонија за 2017 година и Стратешкиот план на министерството за правда за периодот 2017-2019 година подготвена е Програма за работа на Министерството за правда за 2017 година.

5. Сертификациона ревизија за стандардот ИСО 9001 : 2008

Министерството за правда се има стекнато со сертификат за стандардот за квалитет ИСО 9001:2008. Согласно програмата на сертификационото тело, истото во декември 2017 година изврши ревизија на исполнувањето на стандардот и даде позитивно мислење.

 

Сектор за финансирање

 

1. Предлог – Буџет за 2018 година

Согласно Законот за буџетите истиот е изработен и доставен до Министерство за финансии согласно роковите, а динамиката на трошење на Буџетот за 2017 година е дадена во точка 4.

2. Изработка на годишни финансиски планови

Врз основа на Упатството за начинот на Трезорското работење, секторот за финансиски прашања има обврска континуирано да изработува  финансиски планови во текот на годината и истите да ги доставува до Министерство за финансии.

3. Решение за внатрешна распределба на вкупниот одобрен буџет за 2017 година на Министерство за правда, како и дадени Овластувања

Согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола (“Службен весник на Република Македонија” бр.90/09, 12/11, 188/13 и 192/15), како и  Правилникот за начинот на спроведување на општите финансиски процеси (,,Службен весник на Република Македонија‘‘ бр. 147/10 и 34/11), а врз основа на усвоениот и одобрен Буџет на Република Македонија за 2017 година се изработи Решение за внатрешна распределба на вкупниот одобрен Буџет за 2017 година во Министерство за правда. Со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Македонија за 2017 година, се донесе ново Решение за внатрешна распредлба на вкупниот одобрен буџет.

Воедно, согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола (“Службен весник на Република Македонија” бр.90/09, 12/11, 188/13 и 192/15) и Правилникот за начинот за давање на овластување (“Службен весник на Република Македонија” бр.147/10 и 34/11), се изготвија и дадоа генерални овластувања.

Решението за внатрешна распределба на вкупниот одобрен Буџет за 2017 година, така и Овластувањата,  се изработија во законскиот рок и се доставија до Министерство за финансии – Сектор за јавна внатрешна финансиска контрола

4. Годишен извештај за функционирање на системот за јавна внатрешна финансиска контрола врз основа на годишните финансиски извештаи

Врз основа на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола истиот се изработи во законски утврдениот рок и се достави до Министерство за финансии - Сектор за јавна внатрешна финансиска контрола

5. Реализација, извршување и следење на буџетот, на сите утврдени активности кои се во надлежност на Министерството, со цел извршување на работите и задачи исполнување на утврдените активности во реформата во правосудството

За реализација на редовното работење на Министерство за правда со Измените и дополнувањата на Буџетот за 2017 година одобрени се средства во износ од 304.684.000,00 денари од Буџетската сметка, реализирани се 293.726.259,00 денари или 96,40%.

Реализацијата на Буџетот за 2017 година по категории изнесува:

- Категорија 40 –  Плати и надоместоци -88.959.451,00 денари  или 100%                         

- Категорија 42 -  Стоки и услуги – 53.103.836,00 денари  или 95,07%

- Категорија 46 – Субвенции и трансфери –114.710.565,00денари  или 98,71%

     - Ставка 463 -Трансфери до невладини организации–109.942.230,00ден. (98,65%)

     - Ставка 464- Разни трансфери – 1.976.732,00 денари (100,00%)

     - Ставка 465- Исплата по извршни исправи-2.791.603,00 денари (100%)

- Категорија 48–Капитални расходи-36.952.407,00 денари или  84,65%

     - Ставка 480 – Купување на опрема и машини – 8.682.859,00 ден. или 56,62%

     - Ставка 481 – Градежни објекти –26.054.270,00 денари или  99,99%

     - Ставка 485 – Вложување и нефинансиски средства – 2.215.278,00 денари или 97,78%

 

Сектор за информатички и  комуникациски технологии

 

1.Реализација, извршување и следење на ИТ буџетот, на сите активности кои се во надлежност на секторот за ИКТ, со цел извршување на работните цели и задачи, како и исполнување на утврдените активности за одржување и унапредување на нивото на техничка опременост во Министерството

Врз основа на одобрениот ИТ буџет за 2017 година реализирани се набавки на

-          firewall – уред за заштита од внатрешни и надворешни напади

-          обновувени се лиценци на софтвер за антивирусна заштита и лиценци за емаил системот на Министерството, и

потпишани се Договори за набавка на:

-          Microsoft Лиценци, два сервери и миграција на Active Directory,

-          систем за противпожарна  заштита за систем салата,

-          информатичка опрема (компјутери, лаптопи, печатари) за потребите на  Министерството за правда со Подрачните одделенија

2. Набавки и надградба на софтверски решенија

Набавка и надоградба на софтверски решенија согласно законските измени и барања на секторите и оптимизацијата на деловните процеси на Министерството за правда.

- за потребите на ЛУРИС проектот испорачана е информатичка опрема (4 пц, 1 МФУ печатар и 1 документ скенер), инсталирана е ЛУРИС апликацијата и по тестен период од два месеци  истата од 01.01.2018 година вработените од Секторот за меѓународна правна помош само нејзе ќе ја користат за работа со предмети.

 

Одделение за внатрешна ревизија

 

I. Врз основа на член 40 став 2 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен весник на РМ“бр. 90/09, 188/13, и 192/15) и член 2 и 4 од Правилникот  за  начинот на извршување на внатрешна ревизија и начинот на известување за ревизијата („Службен весник на РМ“ бр.136/10) Одделението за внатрешна ревизија го донесе Годишниот план за 2017 година година и притоа ги изврши следните ревизии :

-Ревизија на договорот за набавка на хардвер, софтвер  и друга опрема за Министрество за правда и веб систем  -  ТАИБ 2011

Период за реализација: Прв квартал 2017

-Ревизија на ефикасност и ефективност на системот за финансиско управување и контрола

Период за реализација: Прв квартал 2017

-Ревизија на реализација на договорот од набавка за изведување градежни работи- реконструкција и адаптација на северна фасада и реконструкција и доградба на дел од просториите на објектот на Министерството за правда

Период за реализација: Втор и Трет квартал 2017

- Ревизија на ефикасност и ефективност на системот за финансиско управување и контрола (Follow up ревизија)

Период за реализација :Четврт квартал 2017

 

Покрај изготвениот Годишен план за внатрешна ревизија за 2017 година што се однесува на Министерството за правда, Одделението за внатрешна ревизија изработи и Годишни планови за вршење на внатрешна ревизија за 2017 за  органите во состав и институциите со кои има потпишано Договори за давање на услуги за вршење на внатрешна ревизија и тоа:

1. Агенцијата за остварување на правата на заедниците

-Ревизија и оцена на функционирањето на интерните контроли  и оцена на степенот на усогласеност со легислативата кај  системот за финансиско управување и работење за 2017 година

Период за реализација: Четврт квартал

2. Биро за судски вештачења

-Ревизија на  сметководствениот и интерниот контролен систем во процесот на обработка и евиденција на сметководствените документи во  Биро за судски вештачења за 2016 година

Период за реализација: Втор квартал

3. Дирекцијата за заштита на личните податоци

-Ревизија на  сметководствениот  систем во процесот на обработка и евиденција на сметководствените документи во Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2016 година

Период за реализација: Трет квартал

4. Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи

-Ревизија и оцена на функционирањето на интерните контроли  и оцена на степенот на усогласеност со легислативата кај  системот за финансиско управување и работење за 2016

Период за реализација: Четврт квартал

5. Секретаријат за законодавство

-Ревизија и оцена на функционирањето на интерните контроли  и  оцена на степенот на усогласеност со легислативата кај  системот за финансиско управување и работење за 2016 година

Период за реализација: Четврт квартал

6.Управа за извршување на санкции

-Ревизија и оцена на функционирањето на интерните контроли  и  оцена на степенот на усогласеност  на казнено поправната установа - Затвор Битола на сметка на основниот буџет за 2016 година

Период за реализација: Трет  квартал

7.Управата за водење на матични книги

-Ревизија и оцена на функционирањето на интерните контроли  и  оцена на степенот на усогласеност со легислативата кај  системот за финансиско управување и работење за 2016 година

Период за реализација: Трет  квартал

 

II. Согласно член 47 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен весник на РМ“ бр. 90/09, 12/11 и 188/13) и Правилникот за формата и содржина та на извештаите и изјавата за квалитетот и состојбата за внатрешни контроли од годишниот  финансиски извештај („Службен весник на РМ“  бр.147/10 и 34/11) Одделението за внатрешна ревизија изготви Годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија за 2015 година за Министерството за правда, за  органите во состав како и за институциите со кои Одделението за внатрешна ревизија при Министерството за правда има потпишано договор за давање на услуги- вршење на внатрешна ревизија.

- Годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија за 2016 година за Министерството за правда,    

- Годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија за 2016 година за Дирекција за заштита на лични податоци,

- Годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија за 2016 година за Бирото за судски вештачења,

- Годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија за 2016 година за Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи,

- Годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија за 2016 година за Секретаријат за законодавство на влада на РМ,

- Годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија за 2016 година за Агенција за остварување на правата на заедниците

 

III. Согласно  член 40 став 4 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен весник на РМ“ бр. 90/09 и 188/13) и член 2,3 и 4 од Правилникот  за  начинот на извршување на внатрешна ревизија и начинот на известување за ревизијата („Службен весник на РМ“ бр.136/10) Одделението за внатрешна ревизија  изготви Годишен план за 2016 и Стратешки план 2017-2019 година за  Министерството за правда, за  органите во состав како и за институциите со кои Одделението за внатрешна ревизија при Министерството за правда има потпишано договор за давање на услуги- вршење на внатрешна ревизија:

-Годишен план за 2017 и Стратешки план 2017-2019 за работата на Одделението за внатрешна ревзија при Министерството за правда

-Годишен план за 2017 и Стратешки план за 2017-2019 година за Дирекција за заштита на лични податоци,

-Годишен план за 2017 и Стратешки план за 2017-2019 година за Бирото за судски вештачења,

-Годишен план за 2017  и Стратешки план за 2017-2019 година за Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи,

-Годишен план за 2017  и Стратешки план за 2017-2019 година за Секретаријат за законодавство на влада на РМ,

-Годишен план за 2017  и Стратешки план за 2017-2019 година за Агенција за остварување на правата на заедниците.

-Годишен план за 2017  и Стратешки план за 2017-2019 година за Управата за извршување на санкции

- Годишен план за 2017  и Стратешки план за 2017-2019 година за Управата за водење на матични книги

 

Бр. ________________                                                         МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА

_______________2018 година                                                             Bilen Saliji

            С к о п ј е

 

 

 

Изготвил : Маја Малјановска, раководител на сектор