ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА ЗА РАБОТА

НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА ЗА 2018 ГОДИНА

 

 

Согласно утврдените надлежности на Министерството за правда во член 17 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на РМ,бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2018 година, Стратешкиот план на Министерството за шравда за период 2018-2020 година и Програмата за работа на Министерството за правда за 2018 година, во текот на 2018 година донесени и изготвени се повеќе закони, подзаконски акти, изготвени се повеќе анализи, информации и извештаи, како и спроведени се и други активности за реализација на донесената програма за работа за 2018 година.

Реализацијата на Програмата се однесува на секторите во Министерството за правда и Одделението за внатрешна ревизија.

 

 

Сектор за правосудство

 

 

Во 2018 година активностите на Секторот за правосудство беа насочени кон реформата во правосудниот сектор и јакнењето на независноста и зголемувањето на ефикасноста на судството и реализирање на планираните активности во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, согласно усвоениот Акционен план.

 

 ЗАКОНИ

1. Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик

- објавен во (,,Службен весник на РМ“ бр. 248/18)

2. Закон за изменување и дополнување на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители

- објавен во (Службен весник на РМбр. 163/18)

3. Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите

- објавен во (Службен весник на РМ“ бр.83/2018)

4. Закон за дополнување на Законот за судовите

- објавен во (Службен весник на РМбр.198/18)

5. Закон за дополнување на Законот за јавно обвинителство

објавен во („Службен весник на РМ“бр.198/18)

6. Закон за изменување и дополнување на Законот за Судски совет на Република Македонија

- објавен во (Службен весник на РМбр.83/2018)

7. Закон за прекршоците

- доставен до Собрание на Република Македонија

8. Закон за управните спорови

- доставен до Собрание на Република Македонија

9. Закон за кривичната постапка

- изготвен текст на Нацрт-закон

10. Закон за јавното обвинителство

- изготвен текст на Нацрт-закон

11. Закон за Советот на јавни обвинители на Република Македонија

- изготвен текст на Нацрт-закон

12. Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела

- изготвен текст на Нацрт-закон

 

ПОДЗАКОНСКИ АКТИ

1. Правилникза начинот на анонимизација на наредбите за спроведување на мерката за следење на комуникациите заради заштита на интересите на безбедноста и одбраната на државата и за начинот на евидентирањето во регистарот на анонимизираните наредби

2. Правилникза начинот на анонимизација на наредбата за определување на посебна истражна мерка, односно на привремената писмена наредба за определување на посебна истражна мерка и за начинот на евидентирањето во уписникот во судот на анонимизираните примероци од наредбата

 

 

- АНАЛИЗИ И ИНФОРМАЦИИ

1. Информација за кодификација на сите кривични дела пропишани во посебни закони, во Кривичниот законик

2. Информација за можноста за стаж на национални судии/правници во Европскиот суд за човекови права

3. Информација за постапување по предметите за помилување во 2017 година

4. Информација за постапување по предметите за надомест на штета на лица неоправдано осудени и неосновано лишени од слобода за 2017 година

 

Сектор за извршување, нотаријат и медијација

 

 

- ЗАКОНИ

1. Закон за изменување и дополнување на Закон за медијација

- изготвена нацрт верзија

 

- ПОДЗАКОНСКИ АКТИ

Во врска со Законот за нотаријатот, донесени се следните подзаконски акти :

1.Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за видот, содржината, формата, начинот на водењето на актите, уписниците, книгите и имениците на нотарот, помошните книги, начинот на примање и чување на нотарските исправи и предметите од вредност и нивното издавање и преземање, начинот на чување и обнова на нотарските списи и исправи, начинот на архивирање и организирањето на архивирањето, како и преземање на други формални дејствија.

објавен во (,,Службен весник на РМ“ бр.110/2018)

 

 

- АНАЛИЗИ И ИНФОРМАЦИИ

1. Информација за примена на Законот за извршување и извршен надзор над работата на извршителите за 2017 година

      – доставена до Влада во мај 2018 година

2. Информација за примена на Законот за нотаријатот за 2017 година

     – доставена во Владата во јуни 2018 година

3.  Информација за примената на Законот за медијација

     - доставена до Владата во ноември 2018 година.

 

 

- ДРУГИ АКТИВНОСТИ

1.Редовни и вонредни надзори над работата на извршителите и редовни и надзори по конкретен предмет над работењето на нотарите

Согласно надлежноста на Секторот континуирано се вршат редовни и вонредни надзори над работата на извршителите и редовни и надзори по конкретни предмети над работењето на нотарите.

Реализирано: тековно 2018 година

2. Испит за медијатори, испит за извршители и нотарски испит

Во текот на 2018 година се спроведени испити за извршители, нотари и  медијатори.

Реализирано: тековно 2018 година -  одржани се 4 сесии

 

Сектор за меѓународна правна помош

 

 

Во Секторот за меѓународна правна помош во 2018 година по предметите во кои е присутен странски елемент се постапува во најкратки можни рокови.

Покрај работата со предметите, приоритет му е даден и на изготвувањето на билатералните договори во граѓанската и кривичната област, што Република Македонија ги склучува со други земји и слично.

 Исто така, на барање на повеќе институции во текот на 2018 година изготвени се инфорамции и мислења во оваа област и истите се доставени во предвидените рокови и слично.

 

            БИЛАТЕРАЛНИ ДОГОВОРИ

1. Во  2018 година ратификувани се три договори со Република Казахстан, и тоа :

     - Договор меѓу Република Македонија и Република Казахстан за екстрадиција

     - Договор меѓу Република Македонија и Република Казахстан за трансфер на осудени лица

     -Договор меѓу Република Македонија и Република Казахстан за меѓусебна соработка во кривична материја

2. Покрената е иницијатива за потпишување на Договор за соработка во правосудната материја со Државата Катар

3. Покрената е иницијативи за потпишување билатерални договори во кривичната материја со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска

4. Покрената е иницијативи за потпишување билатерални договори во кривичната материја со Федеративна Република Бразил.

 

ДРУГИ АКТИВНОСТИ

Континуирано и навремено постапување во текот на 2018 година по замолниците на странските судови во граѓанската и кривичната материја и обратно по замолниците од правосудните органи на Република Македонија.

 

Сектор за бесплатна правна помош и политички систем

 

 

            - ЗАКОНИ

1.  Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик

- објавен во (Службен весник на РМ”  бр. 35/18)

2. Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик

- објавен во (Службен весник на РМ”  бр. 99/18)

3. Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик

- објавен во (Службен весник на РМ”  бр. 140/18)

4. Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик

- објавен во (Службен весник на РМ”  бр. 208/18)

5. Законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политичките партии

- објавен во (Службен весник на РМ бр.  148/11 и 140/18)

 

Како нацрт текстови изготвени се следните предлози на закони :

1. Предлог на Закон за изменување на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните

2. Предлог на Закон за бесплатна правна помош

 

 

- АНАЛИЗИ И ИНФОРМАЦИИ

1. Годишен извештај за работењето од областа на бесплатната правна помош cогласно член 35 од Законот за бесплатна правна помош,

 

ДРУГИ АКТИВНОСТИ

Финансирање на политичките партии

Обврска за годишна распределба на буџетските средства за финансирање на политичките партии согласно на Законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политичките партии (Службен весник на РМ бр.  148/11 и 140/18).

Распределбата на средствата за годишно финансирање на политичките партии  извршена е во месец  мај 2018 година, а согласно измените на законот од јули 2018 година извршена е дополнителна исплата ан средствата во месец декември 2018  година

Сектор за ЕУ

 

 

I.ПРЕГОВОРИ И ИНТЕГРАЦИЈА

 

 

1.Следење и известување за статус на реализација на Планот 18  подготовка на извештаи за реализација на мерките планот 18 учество на состаноци на Владината група за имплементација на Планот 18).

Реализирано: од мај 2018 -Континуирано 2018 година

2. Подготовка на ажуриран Придонес кон Годишниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, во процесот на пристапување во Европската унија за областа Правосудство, антикорупциска политика и фундаментални права, за период октомври 2017 –март 2018

Реализирано: прв квартал 2018 год.

3. Координација и учество на VII- та “Скопска конференција“, во рамки на Македонско- Полска соработка за размена на искуствата од процесите за пристапување во ЕУ.

Реализирано: март 2018 година

4. Подготовка на работни материјали за XV-от состанок на Комитет за стабилизација и асоцијација (КСА)

Реализирано: јуни 2018 год.

5. Подготовка на работни материјали за Совет за стабилизација и асоцијација (ССА)

Реализирано: јули 2018 год.

6. Координација на НПАА Работната група 23 Правосудство и фундаментални права (одржување на месечни состаноци)

Реализирано: Континуирано 2018 година

7. Ревизија на НПАА 2019 за Поглавје 3.23 Правосудство и фундаментали права и Подрачје 3.24.5 Судска соработка во кривична и граѓанска материја (подготовка на наративен текст и матрица на активности, Анекси (дистрибуција на работни места, буџетски средства и Странска помош).

Реализирано: јуни/јули 2018 година

8. Следење на реализација на заклучоците усвоени на 12-от состанок на Поткомитетот за правда и внатрешни работи.

Реализирано: континуирано 2018 година

9. Подготовка на презентации и работни материјали за 13-ти состанок на Поткомитет за правда, слобода и безбедност (ПСБ) одржан на 18-19 октомври 2018 година во Брисел.

Реализирано: октомври/ноември 2018 година

10. Координација и учество на Објаснувачкиот скрининг за Поглавје 23 во Брисел, како и учество и следење на објаснувачкитр скрининзи за други поглавја од правото на ЕУ.

Реализирано: Септември 2018 година/ континуирано

11.  Подготовка на Придонес кон Годишниот Извештај на ЕК за напредокот на Република Македонија во процесот на пристапување во Европската унија, за областа Правосудство, антикорупциска политика и фундаментални права, преку одговори на Прашалник на ЕК, согласно новата методологија на Европската унија (за судство, антикорупциска политика и човекови права, како и за судска соработка за кривична и граѓанска материја за период (април 2018- октомври 2018)

Реализирано: октомври 2018 год.

12. Подготовка на материјали за состаноците на Работниот комитет за евроинтеграција (РКЕИ) и состаноците на Поткомитетот на РКЕИ и тематски седници на Влада во врска со ЕУ

Реализирано: Континуирано 2018 година

13. Координација и учество на Оценски мисии на Европската комисија (организација на мисијата, техничка поддршка на експерти и ЕК, координација на учесници, коментари на Извештај на експертите, следење на реализација на препораките од извештајот). Одржани мисии во 2018 година: Оценска мисија за судска обука (април 2018 год.), Оценска мисија за управна правда (јуни 2018 год.), Оценска мисија за човекови права -фокус на услови за притвор и антидискириминација (октомври 2018 год.), Оценска мисија заизвршување на судски пресуди во граѓанска област (трговско право) (февруари 2019г)

Реализирано: 2018 година

15. Состанок на техничко ниво на високи претставници за правда и внатрешни работи ЕУ- ЗБ, одржан на 14 јуни 2018 год. во Брисел, Белгија за подготовка на Министерски Форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан, одржан воТирана, октомври 2018 година, во рамки на Австриското претседателство со ЕУ.

Реализирано: јуни 2018 година

16. Координација и техничка поддршка на активности на експертот г-н Tibor Draskovicics,  ангажиран во рамки на ИПА проект „Поддршка за управување со ЕУ фондови“. Активностите сенасочени кон поддршка на реформата на правосудниот систем.

Реализирано: 2018 година

17. Координација на проект за координативни механизми и поддршка на Судски совет, Совет на Јавни обвинители и Врховен суд во рамки на EU/Совет на Европа Хоризонтална програма за Западен Балкан и Турција

Реализирано: 2018 година

 

 

II. ИПА I и ИПА II

1. ИПА 2010:Спроведени екс-пост проверки на сите корисници на ИКТ опремата обезбедна преку ИПА 2010 проект. Поготвен извештај и доставендо   НАО и ЕК. Реализирано:прв квартал 2018 година

2. ИПА 2011:Спроведување на екс-пост проверки за завршени проекти од ИПА Компонента I ТАИБ 2011 и подготовка на Финални извештаи до ЦФЦД за реализацијата на: Твининг Договор за проектот Зајакнување на владеење на  правото‘‘.

Реализирано: континуирано 2018 година

2. ИПА 2012: Имплементација на Договор за услуги за зајакнување на капацитетите за борба против организиран криминал и корупција

Реализирано:континуирано 2018 година

3. ИПА 2013 : Имплементација на Договорот за набавка на опрема за правда и внатрешни работи - ЛОТ 1

Набавка на ИКТопрема и опрема за интероперабилност

- Ажурирање и доставување до ЦФЦД Прогрес Извеаштаи за ТАИБ ИПА 2013

Реализирано:континуирано 2018 година

4.ИПА 2014 АкцискаПрограмаПодддршка на Секторот Правда:

- Рамковен договор за Тендерско досие за градежни работи за реконструкција/конструкција на Јавните обвинителства низ земајта

Почетен извештај (Inception Report) на 13.03.2018

Финален Извештајна 29.10.2018

Реализирано:континуирано 2018 година

- Рамковен договор за Тендерско досие за градежни работи за   Затвор Битола и судница за Затвор Скопје

– Почетен состанк одржан на 15.12.2018

Реализирано:континуирано 2018 година

- Рамковен договор за подготовка на техничка спецификација за набавка на ИКТ за правосудните институции

– Почетен состанк одржан на 17.04.2018

Реализирано:континуирано 2018 година

- Рамковен договор за техничка помош на Комисијата за евалуација на ИПА 2014 Грант шема

Реализирано:континуирано 2018 година

- Твининг проект за јакнење на пенитенцијарниот систем и пробациска служба – склучен договор со Германската фондација за меѓународна правна соработка на 23.03.2018 година

а) Прв Управен Состанок одржан на 26.10.2018

б) Почетен состанок (Kick off Meeting ) на 21.11.2018

в) Втор Управен Состанок одржан на 07.12.2018

- Твининг лајт Јавно обвинителство на Република Македонија „Зајакнување на капацитетите на органите на прогонот за борба против криминалот“ - склучен договор со Германската фондација за меѓународна правна соработка во 2018 година

а)Договорот е склучен на 13.12.2018

б) Почетен состанок (Kick off Meeting ) на 25.01.2019

- Грант проект ,,Зајакнување на влијанието на граѓанските организации  врз ефикасноста на правосудниот сектор‘‘ - склучени 6 (шест) договори за грантови  на 21.12.2018 година 

а) Почетен состанок (Kick off Meeting ) на 31.01.2019

- Поддршка на процесот на реформи на секторот правда, надградба на Е-правда – изработка на цела тендерска документација за овој проект, не се склучи договорот во фазата на евалуација.

- Набавка за надградба на ИКТ инфраструктура, интероперабилност на правосудните институции, Е-правда, е-услуги/развој на ИКТ пенетенцијарен и пробациски систем - изработка на цела тендерска документација за овој проект, не се склучи договорот за ЛОТ 1 во фазата на евалуација заради што небеазадоволениминимумкритериумитепредвиденивотендерскатадокументација.

- Набавка на ИКТ  опрема за правосудните институции" ЛОТ 2 – Набавка на Интегриран инфромационен систам за Управата за извршвуање на санкциите- склучен договор со S&T Serbia doo на 21.12.2018 година.

- Набавка ИКТ опрема за правосудните институции" ЛОТ 3 – Набавка на опрема за Интегриран информациски систем за Советот на Јавни обвинители - склучен договор со NEOKOM AD SKOPJE  на 21.12.2018 година.

-Почетен состанок   за ЛОТ 3 (Kick off) одржан на 23.01.2018 година.

- Набавка за надградба на ИКТ инфраструктурата, интерконекција на релевантни институции во правосудниот сектор, Е-услуги и бази на податоци / развивање на ИКТ во пенитенцијарниот систем и пробациската служба" ЛОТ 4 - склучен договор со AIGO BS DOO во 2018 година.

- Градежни работи за реконструкција на Затвор Битола и и изградба на судница за Затвор Идризово Скопје ЛОТ 1 - склучен договор со Bauer BG LTD во 2018 година.

- Градежни работи за реконструкција на Затвор Битола и и изградба на судница за Затвор Идризово Скопје ЛОТ 2 - склучен договор со Stenton Gradba doo во 2018 година.

- Градежни работи за конструкција/реконструкција на Јавните обвинителства  ЛОТ 1 - склучен договор со VIA doo Vevcani во 2018 година.

- Градежни работи за конструкција/реконструкција на Јавните обвинителства  ЛОТ 2 - склучен договор со VIA doo Vevcani во 2018 година.

- Надзор на градежни работи за реконструкција на Затвор Битола и изградба на судница за Затвор Идризово Скопје - склучен договор со SAFEGE на 19.12.2018 година.

- Почетен состанк одржан на 21.01.2019 година

- Надзор на градежни работи за за конструкција/реконструкција на Јавните обвинителства - склучен договор со JSC Skopje во 2018 година.

- Набавка на опрема (канцелариски мебел) за јавните обвинителства, јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и Министерството за правда - склучен договор со Ladkani Office Solutions SALво 2018 година.

- Набавка на специјализирани возила за транспорт на осудени/притворени лица - склучен договор со Avtonova doo Skopje во 2018 година,

5.Функционирањето на системот за управување и контрола во рамки на децентрализирано управување со ИПА:

Реализирано:континуирано 2018 година.

6.КоординацијанаСекторскаработна група за секторот Правда составена од преставници во правосудниот сектор правосудните  институции, претставниците на донаторската заедница, како и претставници на граѓанските организации.

Реализирано:континуирано 2018 година.

7. Учество на координативни состаноци за ИПА во СЕП/НИПАК

Реализирано:континуирано 2018 година.

8.Учество на Управен одбор на Проект „Јакнење на заштитата на правата на осудените лица“ кој го спроведува Советот на Европа

Реализирано:континуирано 2018 година.

9. Учество на ИПА Мониторинг комитет и ипа Секторски Мониторинг комитет владеење на правото.

Реализирано:континуирано 2018 година.

 

 

Сектор за меѓународно-правна соработка

 

I. АКТИВНОСТИ ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

 

I/1 Закони

1. Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси

-  објавен во („Службен весник на РМакедонија“, број 12/19)

 

I/2. Информации и анализи

1.ИнформацијазапреземениипланираниактивностизаорганизацијанаекспертскатапосетавоРепубликаМакедонијазапрегледнаимплементацијатанаКонвенцијатанаОбединетитенациипротивкорупцијата–Вторциклус, 15-17 мај 2018 година

- доставена до Владата во април 2018 година;

2. Информација со статистички податоци за кривични предмети од областа Корупцијаза 2017 година

- усвоена од Владата во август 2018 година;

3. Информација за преземени активности за воспоставување и редовно користење на веб-апликацијата Систем за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупцијата

- доставена до Владата во декември 2018 година и усвоена во јануари 2019 година;

4.ИнформацијазаВториотизвештајна ГРЕКО заусогласеностнаРепубликаМакедонија – Четврткругнаевалуација – натема: Превенцијанакорупцијатакајчленовитенасобранието, судиите и јавнитеобвинители(Информација е усвоенаодВладатана РМ на 81-вата седница, одржанана 24.07.2018 г.);

5. Формирана Работна група за имплементација на преостанатите препораки за Република Македонија дадени од страна на ГРЕКО (Група на држави против корупција) на Совет на Европа во рамките на Четвртиот круг на евалуација - на тема: “Превенција на корупцијата кај членовите на Собранието, судиите и јавните обвинители“ (Октомври 2018 година);

6. Одржана експертска посета на Р Македонија од страна на Експертски тим на ГРЕКО во рамките на Петтиот круг на евалуација - тема: “Спречување на корупција и промоција на интегритетот кај централната власт -највисоките извршни функции- и органите за спроведување на законот“- (1 – 5 Октомври 2018 година);

7. Само-оценка на имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата во Република Македонија, во деловите на глава II „Превентивни мерки“ и глава V „Поврат на имот“, во рамки на Вториот циклус на преглед на имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата

- доставена до Секретаријатот на Конференцијата на државите-страни на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата и до експертските тимови во јануари 2018 година

 

I/3. Континуирани активности

1. Следење на статусот на реализацијата на активностите од надлежност на Министерството за правда кои се утврдени во Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и Државната програма за превенција и намалување на појавата на судир на интереси со Акционен план 2016-2019 година;

2. Ативности за примена на Методологијата за релевантен статистички систем за мониторинг на антикорупциската политика - работни сесии, консултативни состаноци, размена на податоци, подготовка на документи за пречистување на листите и обрасците за собирање на потребните податоци за следење, согласно опфатот на Методологијата, обуки за користење на веб-апликацијата Систем за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари;

3.Следење на меѓународни анти-корупциски извештаи и активности на меѓународните организации и иницијативирелевантни за напредокот во борбата против корупцијата;

4. Активности во рамки на процесот за Преглед на имплементацијата на Конвенцијата на Обединети нации против корупцијата – Втор циклус;

5.Учество во активности на Регионалната анти-корупциска иницијатива (РАИ);

6. Активности во рамки на Проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на националните капацитети за борба против организиран криминал и корупција", активност 1.1. „Изготвување гап-анализа и препораки за натамошен развој на системоти методологијата за веродостојна евиденција (track record) на случаи на корупција“спроведено во рамки на Проектот кој заврши во август 2018 година;

7. Активности во рамките на ГРЕКО (Групата на држави против корупција ) на Совет на Европа.

 

II.ЧОВЕКОВИ ПРАВА

1.Европска Агенција за фундаментални права:

-Април 2018 година- Учество на национален офицер за врски на РМ во Агенцијата-Тања Кикерекова- на првиот состанок на офицерите за врски на земјите членки на Агенцијата и доставување на извештај до членовите во УО и надлежни институции;

-Во Мај 2018 годна остварена е прва посета на преставници на Агенцијата во РМ за презентирањње на можностите за учество во програмите на Агенцијата; 

2.Правда за децата:

-Донесена е Програма за обесштетување на дете кое е жртва или е оштетено со дејствие кое со закон е предвидено како кривичнo делo на насилство и на други акти на индивидуално или групно за 2019 година;

-Донесено Решение за исплата согласно Законот за правда за децата и правосилно решение за обештетување на дете жртва;

-Донесена Информација со Анализа за примената на Законот за правда за децата.

3.Домашно насилство:

-Изработен и објавен Оперативен План за спроведување на Акциски План за спроведување на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и домашно насилство (Истанбулска Конвенција) за 2018-2023година од надлежност на Министерството за правда;

4.Меѓународни конвенции за човекови права:

-Учество во изработка на:

а) Трет периодичен преглед по Универзалниот периодичен преглед и негово презентирање пред Советот за човекови права на 24 Јануари 2019 година

б) Третиот, четвртиот, петтиот и шестиот извештај по конвенцијата на ОН за правата на детето.

в) Учество во делегација за презентирање на Шестиот  Извештај на Република Македонија по Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација спрема жената на 1.11..2018 година,

5.Учество во работа на CODEXTER - Комитет на експерти за тероризам на Совет на Европа

-Евалуација на Конвенцијата за превенција од тероризам - Изготвување на одговори на прашалници;

- Учество во работа на работна група за изработка на Европска стратегија за борба против тероризам;

-Изработка на материјали за улогата на жената во превенцијата и борбата со тероризам  во својство на Репортер за еднакви можности.

 

 

 

III. MEЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

III/1. Учество во комитети, регионални иницијативи и мониторинг механизми на меѓународни организацииконтинуирано во 2018 година

1. Совет на Европа

1.1.  ЦДЦЈ – Европски комитет за правна соработка на Совет на Европа;

1.2.  ЦДПЦ – Европски комитет за кривични прашања;

1.3. ПЦ-ОЦ – Комитет на експерти за имплементација на европските конвенции за соработка во кривичната материја;

1.4. CODEXTER - Комитет на експерти за тероризам на Совет на Европа

1.5. ГРЕКО – Група на држави против корупција

Учество во Делегацијата на Република Македонија во ГРЕКО – во својство на член

 

Сектор за управување со човечки ресурси и стратешко планирање

 

 

            - ЗАКОНИ

1.Закон за изменување и дополнување на Законот за јавнообвинителска служба

- објавен во („Службен весник на РМ“бр.21/2018)

2.Закон за изменување и дополнување на Законот за судска служба

- објавен во („Службен весник на РМ“бр.198/2018)

3.Закон за изменување и дополнување на Законот за судска служба

- објавен во („Службен весник на РМ“бр.248/2018)

 

- ПОДЗАКОНСКИ АКТИ

Во врска со Законот за судска служба, донесен е :

1. Правилник за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекцуија, на испитите, проверка на веродостојноста на докази и интервју, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција во зависност од категориите на работните места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници

- објавен во (,,Службен весник на РМ“ бр.236/2018)

 

            - УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

1. Спроведен е процесот на оценување

Согласно Законот за административни службеници, во Министерството за правда во периодот септември-декември 2018 година се спроведе постапката за оценување на државните службеници

3. Годишен план за обука

Согласно Законот за административни службеници, Министерството за правда е во декември 2018 година донесе Годишен план за обука за 2019 година.

4. Полугодишен извештај за спроведени специјализирани обуки за државните службеници

Согласно Законот за административни службеници, органите на државна управа имаат обврска да подготват годишен извештај за спроведени специјализирани обуки за државните службеници. Министерството за правда подготви Извештај за втората половина на 2018 година и за првата половина на 2019 година и истите ги достави до Министерството за информатичко општество и администрација  во јануари 2018 година и jули 2018 година

5. Годишен извештај за изречени мерки за утврдена дисциплинска и материјална одговорност

Согласно обврската од Законот за државни службеници органите на државна управа имаат обврска да подготват годишен извештај за изречени мерки за утврдена дисциплинска и материјална одговорност. Министерството за правда за 2018 година подготви годишен извештај и истиот го достави до Министерството за информатичко општество и администрација во јануари 2019 година

 

            - СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ И КРЕИРАЊЕ НА ПОЛИТИКИ

1. Извештај за остварените резултати и преземените мерки и активности што се во функција на остварувањето на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија

Врз основа на Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2018 година и стратешките цели и приоритети  на Владата на Република Мкедонија за периодот 2018 година Mинистерствoтo за правда подготви извештај за остварените резултати и преземените мерки и активности што се во функција на остварувањето на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија и истиот го достави до Владата.

2. Стратешки план на Министерството за правда за 1018-2020 година

Врз основа на Програмата за работа на Владата на Република Македонија, Одлуката за стратешките приоритети на Владата на Република Македонија за 2018 година Министерството за правда донесе Стратешки план за 2019-2021

3. Извештај за реализација на Годишната програма за работа на Министерството за правда во 2017 година

Подготвен е Извештај за реализација на Програмата за работа на Министерството за правда за 2017 година.

4. Годишна програма за работа на Министерството за правда во 2017 година

Согласно Програмата на Владата на Република Македонија за 2018 година и Стратешкиот план на министерството за правда за периодот 2018-2020 година подготвена е Програма за работа на Министерството за правда за 2018 година.

5. Сертификациона проверка за стандардот ИСО 9001 : 2015

Министерството за правда се стекна со сертификат за стандардот за квалитет ИСО 9001:2015. Согласно програмата на сертификационото тело, истото во јули 2018 година изврши сертификациона проверка за исполнувањето на стандардот и даде позитивно мислење.

 

 

Сектор за финансиски прашања

 

 

1. ПредлогБуџет за 2019 година

Согласно Законот за буџетите истиот е изработен и доставен до Министерство за финансии согласно роковите, а динамиката на трошење на Буџетот за 2018 година е дадена во точка 4.

 

2. Изработка на годишни финансиски планови

Врз основа на Упатството за начинот на Трезорското работење, секторот за финансиски прашања има обврска континуирано да изработува  финансиски планови во текот на годината и истите да ги доставува до Министерство за финансии.

3. Решение за внатрешна распределба на вкупниот одобрен буџет за 2018 година на Министерство за правда, како и дадени Овластувања

Согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола (“Службен весник на Република Македонија” бр.90/09, 12/11, 188/13 и 192/15), како и  Правилникот за начинот на спроведување на општите финансиски процеси (,,Службен весник на Република Македонија‘‘ бр. 147/10 и 34/11), а врз основа на усвоениот и одобрен Буџет на Република Македонија за 2018 година се изработи Решение за внатрешна распределба на вкупниот одобрен Буџет за 2018 година во Министерство за правда. Со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Македонија за 2018 година, се донесе ново Решение за внатрешна распредлба на вкупниот одобрен буџет.

Воедно, согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола (“Службен весник на Република Македонија” бр.90/09, 12/11, 188/13 и 192/15) и Правилникот за начинот за давање на овластување (“Службен весник на Република Македонија” бр.147/10 и 34/11), се изготвија и дадоа генерални овластувања.

Решението за внатрешна распределба на вкупниот одобрен Буџет за 2018 година, така и Овластувањата,  се изработија во законскиот рок и се доставија до Министерство за финансии – Сектор за јавна внатрешна финансиска контрола

4. Годишен извештај за функционирање на системот за јавна внатрешна финансиска контрола врз основа на годишните финансиски извештаи

Врз основа на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола истиот се изработи во законски утврдениот рок и се достави до Министерство за финансии - Сектор за јавна внатрешна финансиска контрола

5. Реализација, извршување и следење на буџетот, на сите утврдени активности кои се во надлежност на Министерството, со цел извршување на работите и задачи исполнување на утврдените активности во реформата во правосудството

За реализација на редовното работење на Министерство за правда со Измените и дополнувањата на Буџетот за 2018 година одобрени се средства во износ од 484.208.000,00 денари од Буџетската сметка, реализирани се 442.202.642,00 денари или 91,32 %.

Реализацијата на Буџетот за 2018 година по категории изнесува:

- Категорија 40 –  Плати и надоместоци - 89.820.134,00 денари  или 97,63 %                         

- Категорија 42 -  Стоки и услуги52.750.154,00 денари  или 94,93 %

- Категорија 46 – Субвенции и трансфери287.813.327,00 денари  или 89,65 %

    - Ставка 463 -Трансфери до невладини организации–280.847.610,00денари  (90,60 %)

     - Ставка 464- Разни трансфери – 5.737.393,00 денари (58,545 %)

     - Ставка 465- Исплата по извршни исправи - 1.228.324,00 денари (99,95 %)

- Категорија 48–Капитални расходи - 11.819.027,00 денари или  75,71 %

  

 

 

 

 

 

 

Сектор за информатички и  комуникациски технологии

 

 

1.Реализација, извршување и следење на ИТ буџетот, на сите активности кои се во надлежност на секторот за ИКТ, со цел извршување на работните цели и задачи, како и исполнување на утврдените активности за одржување и унапредување на нивото на техничка опременост во Министерството

Сектор за информатички и комуникациски технологии има обврска континуирано да подготвува технички спецификации, прави евалуации на постапки за јавни набаки на ИТ стоки и услуги, следи реализација на истите, и во текот на 2018 година се направи надградба и оптимизација на постоечката ИТ инфраструктурна и се зголеми безбедноста преку набавка на:

- Microsoft Лиценци, два сервери и миграција на Active Directory,

- систем за противпожарна  заштита за систем салата,

- информатичка опрема (компјутери, лаптопи, печатари) за потребите на  Министерството за правда со Подрачните одделенија

- IP телефонија

2. Имплементација на препораките од Ревизијата за информациски и комуникациски технологии усогласени со стандардот ISO 27002 и постапување по Акцискиот план за информациска безбедност

Секторот за ИКТ ја зголеми информациската безбедност во министерството преку набавка на ИТ опрема.

3. Подршка на софтверски решенија

Предвидените тендерски постапки за подршка на имплементирани софтверски решенија се реализирани соглесно Буџетот за 2018 година.

ДРУГИ АКТИВНОСТИ

-Учество во Работна група за увид во функционалноста на информатичкиот систем АКМИС и надзор над примената на одредбите од Судскиот деловник во судовите.

-Учество во евалуација на проектот “Supply of equipment for institutions in the area of justice and home affairs" (EuropeAid/138757/IH/SUP/MK)”;

-Учество во "Preparation of Technical Specification for supply of ICT for the Justice Sector Institutions";

-Учество во евалуација на проектот Supply of ICT for the Justice Sector Institutions” (EuropeAid/139725/IH/SUP/MK)

-Учество во Работната група за преглед и ажурирање на методологијата за релевантен статистички систем за мониторинг на анти-корупциската политика.

 

 

Одделение за внатрешна ревизија

 

          Врз основа на член 40 став 2 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен весник на РМ“бр. 90/09, 188/13, и 192/15) и член 2 и 4 од Правилникот  за  начинот на извршување на внатрешна ревизија и начинот на известување за ревизијата („Службен весник на РМ“ бр.136/10) Одделението за внатрешна ревизија го донесе Годишниот план за 2018 година година и притоа ги изврши следните ревизии :

-Ревизија на Контрола и оцена на усогласенот на активностите кај процесот на јавните набавки 

Период за реализација: Прв квартал 2018

-Ревизија на утврдување и подобрување на функционирањето на процесот на архивско работење во Министерството за правда

Период за реализација: Прв и втор квартал 2018

- Ревизија на постапката за подобрување на усогласеноста на работењето и активностите со законските, подзаконските и интерните акти и функционирањето на интерниот контролен систем кај процесот на благајничко работење

Период за реализација :Четврт квартал 2018

Покрај изготвениот Годишен план за внатрешна ревизија за 2018 година што се однесува на Министерството за правда, Одделението за внатрешна ревизија има изработени и одобрени Годишни планови за вршење на внатрешна ревизија за 2018 за  органите во состав и институциите со кои има потпишано Договори за давање на услуги за вршење на внатрешна ревизија и тоа:

1. Агенцијата за остварување на правата на заедниците

-Ревизија и оцена на функционирањето на интерните контроли  и оцена на степенот на усогласеност со легислативата кај  системот за финансиско управување и работење за 2018 година

Период за реализација: Четврт квартал

2. Биро за судски вештачења

-Ревизија на  сметководствениот и интерниот контролен систем во процесот на обработка и евиденција на сметководствените документи во  Биро за судски вештачења за 2018 година

Период за реализација: Втор квартал

3. Дирекцијата за заштита на личните податоци

-Ревизија на  сметководствениот  систем во процесот на обработка и евиденција на сметководствените документи во Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2018 година

Период за реализација: Трет квартал

4. Секретаријат за законодавство

-Ревизија и оцена на функционирањето на интерните контроли  и  оцена на степенот на усогласеност со легислативата кај  системот за финансиско управување и работење за 2018 година

Период за реализација: Четврт квартал

5.Управа за извршување на санкции

-Ревизија и оцена на функционирањето на интерните контроли  и  оцена на степенот на усогласеност  на казнено поправната установа - Затвор Битола на сметка на основниот буџет за 2018 година

Период за реализација: Трет  квартал

7.Управата за водење на матични книги

-Ревизија и оцена на функционирањето на интерните контроли  и  оцена на степенот на усогласеност со легислативата кај  системот за финансиско управување и работење за 2018 година

Период за реализација: Трет  квартал

Согласно член 47 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен весник на РМ“ бр. 90/09, 12/11, 188/13 и 192/15) и Правилникот за формата и содржина та на извештаите и изјавата за квалитетот и состојбата за внатрешни контроли од годишниот  финансиски извештај („Службен весник на РМ“  бр.147/10 и 34/11) изготвен е Годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија за 2017 година за Министерството за правда, за  органите во состав како и за институциите со кои Одделението за внатрешна ревизија има потпишано договор за давање на услуги- вршење на внатрешна ревизија:

- Годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија за 2018 година за Министерството за правда,       

- Годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија за 2018 година за Дирекција за заштита на лични податоци,

- Годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија за 2018 година за Бирото за судски вештачења,

- Годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија за 2018 година за Секретаријат за законодавство на влада на РМ,

- Годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија за 2018 година за Агенција за остварување на правата на заедниците

Период за реализација: мај 2018

Согласно  член 40 став 4 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен весник на РМ“ бр. 90/09, 188/13 и 192/15) и член 2, 3 и 4 од Правилникот  за  начинот на извршување на внатрешна ревизија и начинот на известување за ревизијата („Службен весник на РМ“ бр.136/10) Одделението има  изготвено Годишен план за 2018 и Стратешки план 2018-2020 година за  Министерството за правда, за  органите во состав како и за институциите со кои Одделението за внатрешна ревизија при Министерството за правда има потпишано договор за давање на услуги- вршење на внатрешна ревизија:

-Годишен план за 2019 и Стратешки план 2019-2021 за работата на Одделението за внатрешна ревзија при Министерството за правда

-Годишен план за 2019 и Стратешки план за 2019-2021 година за Дирекција за заштита на лични податоци,

-Годишен план за 2019 и Стратешки план за 2019-2021 година за Бирото за судски вештачења,

-Годишен план за 2019  и Стратешки план за 2019-2021 година за Секретаријат за законодавство,

-Годишен план за 2019  и Стратешки план за 2019-2021 година за Агенција за остварување на правата на заедниците.

-Годишен план за 2019  и Стратешки план за 2019-2021 година за Управата за извршување на санкции

- Годишен план за 2019  и Стратешки план за 209-2021 година за Управата за водење на матични книги

 

 

Бр. ________________                                                                         МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА

_______________2019 година                                                              д-р Рената Дескоска

            С к о п ј е

 

 

Изготвил : Маја Малјановска, раководител на сектор