ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА

            ЗА 2018 ГОДИНА

 

 

Надлежностите на Министерството за правда се утврдени во член 17 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на РМ,бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11).

Согласно наведената законска одредба основните надлежности на Министерството за правда  се во областа на :

       -Судството, јавното обвинителство, државното правобранителство и адвокатурата ;

- Извршувањето, нотаријатот и медијацијата ;

- Меѓународната правна помош ;

- Меѓународната правна соработка ;

- Изборниот систем;

- Вршењето работи што не спаѓаат во надлежност на друг орган на државната управа ;

- Како и да врши други работи утврдени со закон.

Поаѓајќи од утврдените стратешките приоритети на Владата на Република Македонија за 2018 година, утврдени со Одлука на Владата на Република Македонија, Министерството за правда како орган на државната управа надлежен за развивање на политиките, изготвување и предлагање на закони и други прописи од областа на правосудството и државната управа, како и вршење надзор над спроведувањето на прописите  во областите за кои е надлежен, изготви Стратешки план на Министерството за правда за периодот 2018-2020.

Врз основа на Програмата за работа на Владата на Република Македонија, Одлуката за стратешките приоритети на Владата на Република Македонија и Стратешкиот план на Министерството за правда за период 2018-2020 година, Министерството за правда изготвува Програма за работа на Министерството за правда за 2018 година.

Програмата се однесува на секторите и Одделението за внатрешна ревизија во Министерството за правда, без органите во состав со својство на правно лице.

Секторите и Одделението за внатрешна ревизија во Министерството за правда изготвуваат извештај за степенот на реализација на програмата за работа за претходната година.

 

Сектор за кабинетски работи на министерот

 

Со оглед на надлежностите на Секторот за координација на работите на министерот, утврдени во Правилникот за внатрешна организација на Министерството за правда, во 2018 година се планира извршување на следните работи и активности :

1. Тековно собирање и систематизирање на  потребните материјали за потребите на министерот за правда при негово учество во комисиите и седниците на Владата на Република Македонија и Собранието на Република Македонија.

2.Редовно систематизирање и распределба на заклучоците кои произлегуваат од седниците на Владата на Република Македонија и водење на регистар за реализирање на заклучоците

3. Сеопфатна подготовка и организација на учествата на министерот за правда на конференции, тркалезни маси, работилници во земјата и во странство

 

Сектор за правосудство

 

Во 2017 година активностите на Министерството за правда во областа на правосудството беа насочени кон изготвување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор со Акционен план. Во овој документ се дефинирани мерките и активностите во сферата на правосудството, надлежните иснтитуции, роковите за реализација, потребните финансиски средства и индикаторите за успешност на реализираните мерки и активности.

Во 2018 година, приоритет ќе биде ставен на реализирање на планираните активности во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, согласно усвоениот Акционен план. Во таа насока, во 2018 година се планира донесување на следниве закони и усвојување на предвидените анализи и информации :

 

1. Закон за изменување и дополнување на Законот за кривична постапка

Вградување на најновите меѓународни стандарди во казненото законодавство, како и отстранување на лоцираните слабости воочени од досегашната примена

Планиран месец за доставување до Владата : април 2018 година

 

2. Закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија

Редефинирање на постапката за дисциплинска одговорност на судиите, постапката за оценување на судиите и другите препораки од извештаите на Прибе, Венецијанска комисија и ГРЕКО

Планиран месец за доставување до Владата : јуни 2018 година

 

3. Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите

Редефинирање на основите за дисциплинска одговорност на судиите и дисциплинските мерки, како и другите препораки од извештаите на Прибе, Венецијанска комисија и ГРЕКО.

Планиран месец за доставување до Владата : јуни 2018 година

 

4. Закон за изменување и дополнување на Законот за јавното обвинителство

Усогласување на Законот за јавнотообвинителство со Законот за кривичнапостапка.

Планиран месец за доставување до Владата : јуни 2018 година

 

5. Закон за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители на Република Македонија

Обезбедување и гарантирање на независност, професионалност и одговорност на членовите на Советот на јавни обвинители на РепубликаМакедонија и зголемување на транспарентноста на Советот

Планиран месец за доставување до Владата : јуни 2018 година

6. Закон за изменување и дополнување на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители

Измени и дополнувања на Законот во делот напочетната и континуираната обука како и  подобрување на функционалноста на органите во Академијата.

Планиран месец за доставување до Владата : јуни 2018 година

 

7. Закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците

Ќе се пропише  утврдување на точен распон на висината на прекршочните глоби во Законот за прекршоците, со ограничена можност со материјални закони да се утврдуваат повисоки прекршочни глоби. Разграничување помеѓу административен престап и судски прекршок, утврдување на законска граница за административни престапи во надлежност на прекршочни комисии и утврдување на максимална казна глоба за судски прекршоци.

Планиран месец за доставување до Владата : јуни 2018 година

 

8. Закон за управните спорови

Законот за управните спорови, донесен во 2006 година, во изминатиот период покажа низа слабости во поглед на долготрајноста на управниот спор, неодлучувањето на Судот во полна јурисдикција, неизвршување на одлуките донесени од страна на Управниот суд и други недоследности кои доведуваат до проблеми за граѓаните во остварувањето на нивните права во управниот спор. Со оглед на наведените слабости во Законот, во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор предвидено е подготвување на Закон за управните спорови.

Планиран месец за доставување до Владата : јуни 2018 година

 

9. Закон за компензација на жртви од кривични дела

Донесување на нов закон со цел уредување на постапката и надоместокот за компензација на жртви на кривични дела.

Планиран месец за доставување до Владата : март 2018 година

 

10. Закон за изменување и дополнување на Законот за правосуден испит

Укинување на електронското полагање на стручниот испит и воведување на усно и писмено полагање на испитот пред стручна комисија, врз основа мерливи и објективни критериуми за проценка на знаењата на кандидатите.

Планиран месец за доставување до Владата : мај 2018 година

 

11. Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик

Вградување на најновите меѓународни стандарди во казненото законодавство и зајакнување на казнената политика. Внесување на сите кривични дела од други вонкривични прописи во Кривичниот законик, редефинирање на одредбите за одмерување на казните согласно насоките за престанување на важноста на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната, вградување на принципот за неказнување на жртвите, согласно меѓународните стандарди, ревидирање на кривичните дела поврзани со тероризмот, воведување на забрана за вршење на било каква правна професија, за судиите осудени со правосилна судска пресуда за кривично дело поврзано со злоупотреба на судискатафункција

Планиран месец за доставување до Владата : јуни 2018 година

12. Закон за изменување и дополнување на законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда

Ревидирање на системот за граѓанска одговорност за навреда и клевета согласно јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права.

Планиран месец за доставување до Владата : јули 2018 година

 

13. Закон за изменување и дополнување на Законот за управување со движењето на предметите во судовите

Преку измената на Законотќе се надминат можностите за злоупотребите на системот за електронско распределување на предметите преку формирање на тело за евалуација на употребата  на АКМИС, спроведување постапки за испитување на начините на негова употреба и со спроведување на редовна контрола и ревизија врз неговото функционирање со цел да се спречат секакви злоупотреби на системот.

Планиран месец за доставување до Владата : мај 2018 година

 

14. Закон за изменување и дополнување на Законот за судска служба

Законот за судска служба е донесен во февруари 2014 година, а отпочна да се применува од февруари 2015 година. Во изминатиот период на примена на Законот, се покажаа низа недостатоци, кои со предложените измени ќе се надминат, а воедно ќе придонесат за јакнење на капацитетите и професионалноста на судските службеници.

Планиран месец за доставување до Владата : декември 2018  година

 

15. Закон за изменување и дополнување на Законот за јавнообвинителска служба

Законот за јавнообвинителска служба е донесен во април 2015 година. Во изминатиот период на примена на Законот, се покажаа низа недостатоци, кои со предложените измени ќе се надминат, а воедно ќе придонесат за јакнење на капацитетите и професионалноста на јавнообвинителските службеници

Планиран месец за доставување до Владата : декември 2018 година

 

16. Закон за изменување и дополнување на Законот за адвокатурата

Предвидено со Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, измената на законот е со цел воведување на континуирана обука за адвокатите која ќе ја организира АКРМ.

Планиран месец за доставување до Владата: јуни 2018 година

 

ПОДЗАКОНСКИ АКТИ

 

1.  Деловник за изменување и дополнување на Судскиот деловник

Деловникот за изменување и дополнување на Судскиот деловник од страна на министерот за правда ќе се донесе по добиено мислење од општа седница на Врховниот суд на Република Македонија :

Планиран месец на реализација :  декември 2018 година

 

- АНАЛИЗИ И ИНФОРМАЦИИ

 

1. Информација за постапување по предметите за помилување во 2017 година

 

Информацијата за постапување по предметите за помилување содржи податоци за поднесените индивидуални молби – поединечни молби за помилување во текот на 2017 година, постапување по молбите, донесени решенија од Претседателот на Република Македонија, со податоци за одбиени молби и молби за помилување кои се уважени, со прегледи според кривичните дела и изречените казни, и постапување по одлуките на Претседателот на Република Македонија за помилување на осудени лица по повод 2-ри Август 2017 година – Националниот празник на Република Македонија и по повод Новата 2018 година.

Планиран месец за доставување до Владата: март 2018 година

 

2. Информација за постапување по предметите за надомест на штета на лица неоправдано осудени и неосновано лишени од слобода за 2017 година

Информацијата треба да содржи податоци за бројот на поднесени барања за надомест на штета на овие лица за 2017 година и видот и висината  на штетата која се побарува да се надомести како и постапувањето по истите; бројот на барања за кои по тужба за надомест на штета е поведена или е во тек судска постапка пред надлежен суд или е донесена судска пресуда против која е вложена жалба или е правосилно завршена постапката или пак е во тек односно е завршена постапка по ревизија; како и број на барања за надомест на штета за кои  врз основа на правосилна судска пресуда е извршена доброволна исплата на досудена штета и нејзината висина односно износ на исплатени парични средства

Планиран месец за доставување до Владата: март 2018 година

 

- ДРУГИ АКТИВНОСТИ

 

1. Унапредување на граѓанското законодавство

Во рамките на Проектот за кодификација на граѓанското право, како систематизиран збир на регулатива од граѓанската област, а со цел обезбедување на сигурност на граѓаните во граѓанските постапки и усогласување на поединечните со општите закони од граѓанското законодавство, во текот на 2018 година ќе продолжат активностите во рамките на овој проект.

 

Сектор за извршување, нотаријат и медијација

 

- ЗАКОНИ

I. Закон за изменување и дополнување на Законот за медијација

- Унапредување на концептот на медијацијата во Република Македонија, ревизија на испитот на медијатори; воведување на електронска достава од страна на медијаторите; усогласување на водење на евиденциите на медијаторите со Регистарот за евиденција на постапките за медијација

Планиран месец за доставување до Владата: мај 2018 година

 

- ПОДЗАКОНСКИ АКТИ

I. Измените и дополнувањата на Законот за извршување кои треба да се усвојат на почетокот на 2018 година ќе предизвика потреба од нова Тарифа за награда и надоместок за работата на извршителите и ревизија и усвојување на следните 4 подзаконски акти:

1.Правилник за содржината на испитот, начинот на организирањето и полагањето на  испитот за извршители.

2.Правилник за формата на налозите, заклучоците, записниците, барањата, службените белешки и други акти кои ги изготвува извршителот при преземањето на дејствијата со кој ќе се пропише формата и содржината на налозите, заклучоците, записниците, барањата, службените белешки и другите акти кои ги изготвува извршителот

3.Правилник за начинот на вршење на надзор над работата на Комората на извршители на Република Македонија

4.Правилник за формата и  содржината на софтверот на кој извршителите го водат Уписникот за примените барања за извршување и неговата форма, содржина и начин на водење.

5.Тарифа за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите .

 

II. Во врска со Законот за нотаријатот, а по донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот треба да се изменат следните подзаконски акти:

1. Нотарска тарифа

 2. Правилник за начинот на вршење на надзор над законитоста на работењето на нотарот.

3. Правилник за формата и содржината на службениот печат, сувиот жиг, жигот за восокот и штембилите на нотарот, како и начинот на нивното издавање, замена и поништување.

4. Правилник за видот, содржината, формата, начинот на водењето на актите, уписниците, книгите и имениците на нотарот, помошните книги, начинот на примање и чување на нотарските исправи и предметите од вредност и нивното издавање и преземање, начинот на чување и обнова на нотарските списи и исправи, начинот на архивирање и организирањето на архивирањето, како и преземање на други формални дејствија.

 5. Правилник за бројот и распоредот на службените седишта и службените подрачја за кои се именуваат  нотарите

 

Во врска со Законот за нотаријатот, а по донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот треба да се донесат следните подзаконски акти:

1.   Правилник за начинот на организирање и полагање на нотарскиот испит

2. Програма за содржината на нотарскиот испит.

 

Во врска со Законот за нотаријатот, а по донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот треба да се укинат следните подзаконски акти:

1.Програма за градивото и прописите за полагање на теоретскиот дел од квалификациониот нотарски испит и испитот за рангирање на нотар, испитот за заменик - нотар, испитот за помошник - нотар, испитот за нотарски стручен соработник и стручниот испит за проверка на знаењата на нотарите (член 162 став (5) од ЗН)

2.Правилник за критериумите во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на просториите за полагање на квалификациониот нотарски испит, испитот за рангирање на нотар, испитот за заменик-нотар, испитот за помошник-нотар, испитот за нотарски стручен соработник и испитот за проверка на знаењата на нотарите

3.Правилник за начинот на полагање на квалификациониот нотарски испит, испитот за рангирање за нотар, испитот за заменик-нотар, испитот за помошник-нотар, испитот за нотарски стручен соработник и стручниот испит за проверка на знаењата на нотарите и за формата и содржината на уверението за положени испити

 

III.. Во врска со Закон за медијација (“Службен весник на РМ,бр.188/13, 148/15, 192/15 и 55/16), потребно е да се донесат следните подзаконски акти :

1. Тарифник за наградата и надоместокот на трошоците за медијаторите-го донесува министерот по претходно прибавено мислење од Комората на медијатори

 

- АНАЛИЗИ И ИНФОРМАЦИИ

1. Информација за примена на Законот за извршување и извршен надзор над работата на извршителите за 2017 година

Се презентираат постигнатите резултати од работата на извршителите,  примени барања за извршување и реализирани извршни предмети, извршени надзори над работењето на извршителите и поднесени предлози за поведување на дисциплински постапки против извршители. Воедно со Информацијата ќе се предлагаат и мерки за унапредување и обезбедување на ефикасно и законито спроведување на извршувањето.

Планиран месец за доставување до Владата: Мај 2018 година

2. Информација за примена на Законот за нотаријатот за 2017 година

Се презентираат податоци за спроведување на Законот за нотаријатот од аспект на редовна нотарска дејност, надлежноста на нотарите да ја потврдуваат задолжницата согласно Законот за задолжница, надлежноста на нотарите да донесуваат решенија со кои се дозволува извршување врз основа на веродостојни исправи (платни налози) и надлежноста на нотарите да спроведуваат оставински постапки како повереници на судот. Едновремено Владата ќе биде запознаена со бројот и ефектите од извршени надзори над нотарите и поднесените предлози за поведување на дисциплински постапки против нотари, а во правец на обезбедување на законитост во работењето на нотарите.

Планиран месец за доставување до Владата: јуни 2018 година

3. Информација за примената на Законот за медијација

Ќе се прикажат резултатите од спроведувањето на новиот Закон за медијација во надлежност на Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата, бројот на издадени уверенија за завршена обука на медијатори, податоци за спроведување на испитот за медијатори и издадени уверенија за положен испит, бројот на издадени лиценци за медијатори и лиценци за обучувачи на медијатори, бројот на акредитирани програми за обука на медијатори и креираниот систем на следење на постапки на медијација во рамките на обуката за лицата кои посетуваат обука за медијатор, резултати од следењето и оценувањето на квалитетот на работењето на медијаторите и обучувачите на медијатори, донесени одлуки за продолжување или одземање на лиценците односно акредитациите, бројот и основаноста на поплаките на работењето на обучувачите на медијација и на спроведување на програмите за обука на медијација, формирани стручни и иситни комисии од редот на членовите на Одборот.

Планиран месец за доставување до Владата: ноември 2018 година

 

- ДРУГИ АКТИВНОСТИ

1.Редовни и вонредни надзори над работата на извршителите и редовни и надзори по конкретен предмет над работењето на нотарите за 2017

Согласно надлежноста на Секторот ќе се вршат континуирано редовни и вонредни надзори над работата на извршителите и редовни и надзори по конкретни предмети над работењето на нотарите.

Планиран период за извршување : тековно 2018 година

2.Конкурси за именување на извршители и нотари

За пополнување на слободните места за извршители и нотари во текот на 2017 година, Министерството за правда ќе продолжи со распишување на конкурси за именување на нови извршители и нотари.

Планиран рок за извршување : тековно 2018 година

3. Испит за медијатори, испит за извршители и нотарски испит

Во текот на 2018 година ќе се спроведуваат испити за извршители, нотари и  медијатори.

Планиран период за извршување : тековно 2018 година

4. Именување на помошници нотари, заменици нотари и заменици на извршители и разрешување на помошници нотари и заменици извршители

Помошниците нотари се именуваат и разрешуваат по предлог на нотарите, замениците нотари се именуваат за отсуства на нотарите подолги од 60 дена, замениците на извршителите се именуваат по предлог на извршителот.

Планиран период за извршување : тековно 2018 година

 

Сектор за меѓународна правна помош

 

Во Секторот за меѓународна правна помош за 2018 година приоритет им се дава на предметите во кои е присутен странски елемент и по истите се постапува во најкратки можни рокови.

Покрај работата со предметите кои со оглед на присутноста на странски елемент се од итен карактер, приоритет му се дава и на изготвувањето на билатералните и повеќестраните договори во граѓанската и кривичната област, што Република Македонија ги склучува со други земји и слично. Исто така, се предвидува и донесување на нов Закон за меѓународно приватно право, Измени и дополнувања на Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, инфорамции, давање на мислења до други институции во оваа област и слично.

 

- ЗАКОНИ

I. Закон за меѓународно приватно право

- Имајќи ги предвид големиот број на измени во оласта на меѓународното приватно право, се јавува потреба од носење на нов закон за меѓународно приватно право, во кој во целост ќе бидат имплементирани одредби од европското законодавство.

Планиран месец за доставување до Владата: декември 2018 година

 

II. Закон за изменување и дополнување на Законот за меѓународна соработка во кривична материја

Од донесувањето на Законот во 2010 година истиот не е менуван , иако во законодавството на Европската унија во кривичната област се донесени нови акти.Од овие причини се јави потреба од изменување и дополнување  на овој закон и имплементирање на европското законодавство.

Планиран месец за доставување до Владата: декември 2018 година

 

            БИЛАТЕРАЛНИ ДОГОВОРИ

 

1. Склучување на Договор за меѓусебна правна помош во граѓанска област меѓу Република Македонија и Руската Федертација

Со склучувањето на овој договор се очекува попрецизно регулирање на постапките за давање на меѓународна правна помош во граѓанската област, со што ќе се надминат одредени правни недостатоци.

Планиран месец за потпишување: во текот на 2018 година

 

2. Склучување на Договор за меѓусебна правна помош во граѓанската област меѓу Република Македонија и Словачката Република

Со склучување на овој договор се очекува одредени правни недостатоци во граѓанската област да се надминат.

Планиран месец за потпишување: во текот на 2018 година

 

3. Склучување на Договор за меѓусебна правна помош во граѓанската област меѓу Република Македонија и Република Чешка

Со склучување на овој договор се очекува одредени правни недостатоци во граѓанската област да се надминат.

Планиран месец за потпишување: во текот на 2018 година

 

4. Склучување на Договор меѓу Владата на Државата Катар и Република Македонија

Со склучување на овој договор за соработка во правосудството се очекува попрецизно регулирање на правните постапки, при што би се олеснил меѓународниот правен промет.

Планиран месец за потпишување: во текот на 2018 година

 

5. Склучување на Договор меѓу Република Македонија и Арапска Република Египет за меѓусебна правна помош и Договор меѓу Република Македонија и Арапска Република Египет за екстрадиција

Со склучување на овие договори се очекува попрецизно регулирање на постапките за давање на меѓународна правна помош во кривични предмети.

Планиран месец за потпишување: во текот на 2018 година

 

6. Склучување на Договор меѓу Република Казахстан и Република Македонија за меѓусебна правна помош во кривиќни предмети, екстрадиција и трансфер на осудени лица

Со склучување на овој договор се очекува попрецизно регулирање на постапките за давање на меѓународна правна помош во кривични предмети.

Планиран месец за потпишување: во текот на 2018 година

 

АНАЛИЗИ И ИНФОРМАЦИИ  

- Информација за работата на меѓународната правна помош за 2016 година. Оваа Информација има за цел да ја информира Владата за работата во меѓународната правна помош и проблемите што се појавуваат во оваа област, со Предлог-заклучоци за отстранување на проблемите во работата на меѓународната правна помош.

Планиран месец на доставување до Владата: мај 2018 година

од постапката.

ДРУГИ АКТИВНОСТИ

Континуирано и итно постапување во текот на 2017 година по замолниците на странските судови и обратно, по замолниците од правосудните и други органи во Република Македонија, и тоа по:

- барањата за екстрадиција на судовите од Република Македонија, и обратно на македонски државјани од странство;

-  барањата за трансфер на осудени лица, како на македонски државјани кои се наоѓаат на издржување на казна затвор во други држави, така и на странски државјани кои издржуваат казна затвор во Република Македонија а бараат остатокот од казната затвор да ја издржуваат во својата земја;

- барањата за притвори на наши и странски државјани;

- барањата за отстапување на списи за кривично гонење на домашните правосудни органи  во странски држави и обратно;

-  предмети кои се однесуваат на казнена евиденција;

-  замолници за алиментациони побарувања;

- барања за признавање на странски судски пресуди;

- барања за воспоставување на реципроцитет по одделни прашања од оваа област;

- барање на мислења за билатерална соработка со конкретна држава и друго.

 

Сектор за бесплатна правна помош и политички систем

 

            - ЗАКОНИ

1.  Закон за бесплатна правна помош

Со оглед на строги утврдени критериуми за начинот на одобрување на бесплатна правна помош забележан е релативно мал број на поднесени барања за бесплатна правна помош од примената на Законот за бесплатна правна помош, поради што се јавува потреба од донесување на нов закон.  

Планиран месец за доставување до Владата: феврури  2018 година

 

2. Закон за изменување на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните

 

3. Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Планиран месец за доставување до Владата: мрт  2018 година

 

            4. Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик

Планиран месец за доставување до Владата: октомври  2018 година

 

            - ИНФОРМАЦИИ И АНАЛИЗИ

1. Годишен извештај за имплементација на Законот за беcплатна правна помош

Согласно член 35 од Законот за бесплатна правна помош Министерството за правда има обврска до Владата да поднесува Годишен извештај за работењето од областа на бесплатната правна помош.

Планиран месец за доставување до Владата: мaj 2018 година

 

- ДРУГИ АКТИВНОСТИ

1. Денови на бесплатен правен совет

Согласно на законската обврска за организиарање на денови на бесплатен правен совет согласно Законот за бесплатна правна помош, Министерството за правда квартално организира денови на бесплатен правен совет. Министерството за правда оваа законска обврска ќе ја спроведе и во текот на календарската 2018 година.

 

2. Финансирање на политичките партии

Обврска за годишна распределба на буџетските средства за финансирање на политичките партии согласно на Измените и дополнувањата на Законот за финансирање на политичките партии  (Службен весник на РМ“бр.  48/11).

Планиран период за реализација: втора половина на 2018 година

 

Сектор за ЕУ

 

             I. ПРЕГОВОРИ И ИНТЕГРАЦИЈА

Ø  Спогодба за стабилизација и асоцијација (ССА), Пред-пристапен дијалог, План на итни реформски приоритети (ПАРИРП)

1. Следење и известување статусот на реaлизaцијата на План 3-6-9 (подготовка на извештаи за реализација на мерките од планот 3-6-9, учество на состаноци на Владината ад- хокг рупа за имплементација на Планот 3-6-9)

Планиран период на реализација : Континуирано 2018 година

 

2.Подготовка на Придонес кон Годишниот Извештај за напредокот на Република Македонија во процесот на пристапување во Европската унијаза областа Правосудство, антикорупциска политика и фундаментални права

Планиран месец на реализација: март 2018 год

 

3. Подготовка на презентации и работни материјали за Комитет за стабилизација и асоцијација (КСА)

Планиран месец на реализација: јуни 2018 год

 

4. Подготовка на презентации и работни материјали за Совет за стабилизација и асоцијација (ССА)

Планиран месец на реализација :  јули 2018 година

 

5. Подготовка на презентации и работни материјали за Поткомитет за правда, слобода и безбедност (ПСБ)

Планиран месец на реализација :  ноември 2018 година

 

6. Координација на НПАА Работната група 23 Правосудство и фундаментални права (одржување на месечни состаноци, подготовка на месечни записници)

Планиран период на реализација : Континуирано 2018 година

 

7. Подготовка на материјали за состаноците на Работниот комитет за евроинтеграција (РКЕИ) и состаноците на Поткомитетот на РКЕИ и тематски седници на Влада во врска со ЕУ

Планиран период на реализација : Континуирано 2018 година

 

8. Подготoвка и учество на неформалните состaноци на Советот на ЕУ на Министрите за правда и внатрешни работи

Планиран период на реализација : Континуирано 2018 година

 

9. Координација на активности во врска со TAIEX.

Планиран период на реализација : Континуирано 2018 година

 

II. ИПА I и ИПА II

 

1. ИПА 2011 Спроведување на екс-пост проверки за завршени проекти од ИПА Компонента I ТАИБ 2011 и подготовка на Финални извештаи до ЦФЦД за реализацијата на:

Твининг Договор за проектот Зајакнување на владеење на правото‘‘

Планиран месец на реализација : ноември/декември 2018

 

2. ИПА 2012: Имплементација на Договор за услуги за зајакнување на капацитетите за борба против организиран криминал и корупција

Планиран период на реализација : континуирано 2018 година

 

3. ИПА 2013 :Имплементација на Договорот за набавка на опрема за правда и внатрешни работи

Планиран период на реализација : континуирано 2018 година

 

4. ИПА 2014: Активностите за имплементација на АкцискаПрограмаПодддршка на Секторот Правда- имплемнтација на 12 Договори:

1. Рамковен договор за Тендерско досие за градежни работи за јЈавно обвинителство

2. Имплементација на Рамковен договор за Тендерско досие за градежни работи за Затвор Битола и судница за Затвор Скопје

3. Рамковен договор за Тендерско досие за ИКТ за правосудство

4. Твининг проект за јакнење на пенитенцијарниот систем и пробациска служба

5. Твининг лајт Јавно обвинителство на Република Македонија „Зајакнување на капацитетите на органите на прогонот за борба против криминалот“

6. Рамковен договор за техничка помош на Комисијата за евалуација на ИПА 2014 Грант шема

7. Грант за оценување на ефикасноста на правосудниот сектор

8. Поддршка на процесот на реформи на секторот правда, надградба на Е-правда

9. Набавка за надградба на ИКТ инфраструктура, интероперабилност на правосудните институции, Е-правда, е-услуги/развој на ИКТ пенетенцијарен и пробациски систем

10. Градежни работи за реконструкција на Затвор Битола и судница за Затвор Скопје

11. Градежни работи за реконструкција/конструкција на јавни обвинителства

12. Договор за надзор на градежните работи

Планиран период на реализација : континуирано 2018 година

 

5.Функционирањето на системот за управување и контрола во рамки на децентрализирано управување со ИПА:

1. Следење и имплементација на ревизорските наоди

Планиран период на реализација : континуирано 2018 година

2.Ревидирање,подготовка и доставување до ЦФЦД-МФцелокупна документација за исполнување на критериумите за децентрализирано управување со ИПА проектите во Министерството за правда и тоа:

- Анализа за обем на работа на одделението за ИПА проекти

- Регистарот за обуки (Training Register)

- Прашалник за проценка за потребите за обуки (TNA need assessment)

- Табела за чувствителни работни места (Тableforsensitiveposts)

- План за вработување(RecruitmentPlan)

- План за замена при отсутство(SubstitutionPlan).

Планиран период на реализација : континуирано 2018 година

3.Ажурирање на Регистар на ризици во спроведување на ИПА проектите.

Планиран период на реализација : континуирано 2018 година

4.Извештај за нула неправилности.

Планиран период на реализација : континуирано/квартално 2018 година

5.Подготовка на Изјава за гаранција за ИПА 2007-2013 и подготовка на Годишна изјава за управување на ИПА II 2014-2020.

Планиран месец на реализација :  декември  2018 година

 

Сектор за меѓународна правна соработка

 

I.      АНТИ-КОРУПЦИЈА

I/1.Информации

1. Информација со статистички податоци за кривични предмети од областа Корупцијаза 2017 година

Собирањето статистички податоци за предмети за случаи на корупција претставува една од редовните активности кои ги презема Министерството за правда во врска со спречувањето и борбата против корупцијата и следењето на спроведувањето на анти-корупциската политика.

Планиран месец за доставување до Владата: Септември 2018 година;

2. Информација за Вториот извештај на ГРЕКО за усогласеност на Република Македонија – Четврт круг („Спречување на корупција кај членовите на Собранието, судиите и јавните обвинители“)

Планиран месец за доставување до Владата: Октомври 2018 година;

3. Информација за активностите во насока на имплементација на клучните мерки под димензијата Анти-корупција од Стратегијата за Југо-источна Европа 2020

Со информацијата ќе се информира за активностите кои се преземаат во насока на имплементација на клучните мерки под димензијата Анти-корупција од Стратегијата за Југоисточна Европа 2020, усвоена на Министерската конференција на Комитетот за инвестиции на Југоисточна Европа одржана на 21.11.2013 година во Сараево.

Планиран месец за доставување до Владата: ноември 2018 година;

I/2. Континуирани активности

1. Учество во работата на Работната група за анализа и изготвување измени и дополнувања на Законот за спречување на корупцијата и на Законот за спречување судир на интереси;

2. Следење на статусот на реализацијата на активностите од надлежност на Министерството за правда кои се утврдени во Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и Државната програма за превенција и намалување на појавата на судир на интереси со Акционен план 2016-2019 година;

3. Ативности за примена на Методологијата за релевантен статистички систем за мониторинг на антикорупциската политика - работни сесии, консултативни состаноци, размена на податоци, подготовка на документи за пречистување на листите и обрасците за собирање на потребните податоци за следење, согласно опфатот на Методологијата;

4.Следење на меѓународни анти-корупциски извештаи и активности на меѓународните организации и иницијативирелевантни за напредокот во борбата против корупцијата во Република Македонија;

5. Активности во рамки на процесот за Преглед на имплементацијата на Конвенцијата на Обединети нации против корупцијата – Втор циклус;

6.Учество во национални и регионални активности во рамки на механизмот за имплементација на Стратегијата за Југо-источна Европа 2020, по однос на димензијата Анти-корупција;

7. Активности во рамки на Проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на националните капацитети за борба против организиран криминал и корупција";

8. Активности поврзани со Четвртиот и Петтиот круг на ГРЕКО евалуација.

 

II. ЧОВЕКОВИ ПРАВА 2018 година:

II/1.Европска Агенција за фундаментални права:

-Учество во работата на состаноците на офицерите за врски на земјите членки;

Планиран период на реализација : Континуирано во 2018 година;

II/2.Национално Координативно тело за заштита на деца од занемарување и злоупотреба;

-Учество во работа на телото;

Планиран период на реализација : Континуирано во 2018 година

II/3.Еднакви можности и недискриминација:

1.Учество во работа на Интерминистерска комисија за еднакви можности;

2.Учество во спроведување на Национална стратегија за родова еднаквост од страна на Координаторот  за еднакви можности;

Планиран период на реализација : Континуирано во 2018 година

II/4.Национално координативно тело за злоупотреба на дроги:-Учество во работата на телото;

Планиран период на реализација : Континуирано во 2018 година

II/5.Права на лицата со инвалидност во Република Македонија:

Учество во работата на Националното координативно  тело за еднакви права на лицата со инвалидност во Република Македонија;

Планиран период на реализација : Континуирано во 2018 година

II/6.Правда за децата:

1. Информација со Анализа за примената на Законот за правда за децата

Планиран месец за доставување до Владата: октомври 2018 година;

2. Информација со Извештај за реализација на Програма за обесштетување на дете кое е жртва или е оштетено со дејствие кое со закон е предвидено како кривичнo делo на насилство и на други акти на индивидуално или групно за 2018 година;

Планиран месец за доставување до Владата: Јануари 2019 година;

3.Изработка на одговори во врска со донесено правосилно решение за обештетување на дете жртва

 Планиран период на реализација : Континуирано во 2018 година

4.Изработка на Програма за обесштетување на дете кое е жртва или е оштетено со дејствие кое со закон е предвидено како кривичнo делo на насилство и на други акти на индивидуално или групно за 2019 година

Планиран период на реализација : Декември 2018 година

II/7. Детско претстапништво:

1.Учество во работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво;

2.Вршење на административно-техничките работи на Државниот совет за превенција на детско престапништво;

3.Координација на работата и активностите на Државниот совет за превенција на детско престапништво;

Планиран период на реализација : Континуирано во 2018 година

II./8 Домашно насилство:

Работна Група за спроведување на Конвенцијата за превенција и борба со домашно насилство и насилство спрема жената;

II/9.Меѓународни конвенции за човекови права:

1.Учество во работа на работната група

2.Изработка на одговори во врска со степенот на спроведување на препораките од надлежните комитети на ОН и Советот на Европа.

3.Изработка на одговори на прашалници во рамки на процесот на мониторинг на спроведувањето на конвенциите за човекови права на СЕ и ОН;

Планиран период на реализација : Континуирано во 2018 година

 

III. MEЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

III/1. Учество во комитети, регионални иницијативи и мониторинг механизми на меѓународни организацииконтинуирано во 2016 година

1. Совет на Европа

1.1.  ЦДЦЈ – Европски комитет за правна соработка на Совет на Европа;

1.2.  ЦДПЦ – Европски комитет за кривични прашања;

1.3. ПЦ-ОЦ – Комитет на експерти за имплементација на европските конвенции за соработка во кривичната материја;

1.4. CODEXTER - Комитет на експерти за тероризам на Совет на Европа :

- Евалуација на Конвенцијата за превенција од тероризам - Изготвување на одговори на прашалник

- Учество во работа на работна група за изработка на Европска стратегија за борба против тероризам;

-Изработка на материјал за дискусија во својство на Репортер за еднакви можности;

1.5. MONEYVAL - Комитет на експерти за евалуација на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам;

1.6. ГРЕКО – Група на држави против корупција

Учество во Делегацијата на Република Македонија во ГРЕКО – во својство на член на Делегација

 

Сектор за управување со човечки ресурси и стратешко планирање

 

            - УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

 

1. Годишен план за вработување

Согласно Законот за вработените во јавниот сектор, органите на државна управа имаат обврска за донесување на Годишен план за вработување.

Планиран месец на спроведување : март-јуни  2018 година

2. Извештај за реализација на годишниот план за вработување

Согласно Законот за вработените во јавниот сектор, органите на државна управа имаат обврска два пати во годината да подготват Извештај за реализација на годишниот план за вработување.

Планиран месец на спроведување : до 15 јули 2018 за период јануари-јуни 

                                                                                          до 15 јануари 2018 за период јули-декември

 3. Спроведување на процесот на оценување

Согласно Законот за административни службеници органите на државна управа имаат обврска за оценување на државните службеници еднашо годишно. За 2018   година полугодишното интервју со државните службеници во Министерството за правда ќе се спроведе во периодот април-мај 2018 година, а процесот на оценување ќе се спроведе во периодот септември-декември 2018 година.

Планиран месец на спроведување : интервју во периодот април-мај 2018 година

                                             оценување во периодот септември-декември 2018 година

4. Извештај со ранг листа на годишните оценки на државните службеници за 2017 година

Согласно Законот за административните службеници органите на државна управа имаат обврска да изготват извештај за извршеното оценување на државните службеници најдоцна до 31 јануари. За оценувањето во 2017 година извештајот ќе се подготви најдоцна до 31 јануари 2018 година.

Планиран месец на донесување : Јануари 2018 година

5. Годишен извештај за изречени мерки за утврдена дисциплинска и материјална одговорност

Согласно Законот за административни службеници органите на државна управа имаат обврска да подготват Годишен извештај за изречени мерки за утврдена дисциплинска и материјална одговорност.

Планиран месец на донесување : Јануари 2018 година

6. Годишен план за обука

Согласно Законот за административни службеници, органите на државна управа имаат обврска да донесат годишен план за обука на административните службеници.

Планиран месец на донесување : Декември 2018 година

7. Извештај за реализација на годишниот план за обуки

Согласно Законот за административни службеници, органите на државна управа имаат обврска два пати во годината до Министерството за информатичко општество и администрација да доставуваат извештај за реализација на годишниот план за обуки.

Планиран месец на спроведување : до 15 јуни за период јануари-јуни 2018 година

                                                                         до 15 јануари за период јули-декември 2018 година

 

            - СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

1. Извештај за остварените резултати и преземените мерки и активности што се во функција на остварувањето на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија

Врз основа на Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2017 година и стратешките цели и приоритети  на Владата на Република Мкедонија за периодот 2017 година министерствата имаат обврска да подготват извештај за остварените резултати и преземените мерки и активности што се во функција на остварувањето на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија.

Планиран месец на подготвување : Февруари 2018 година

2. Извештај за реализација на Годишната програма за работа на Министерството за правда во 2017 година

Согласно Програмата на Владата на Република Македонија за 2017 година и Стратешкиот план на Министерството за правда за периодот 2017-2019 година донесена е Програма за работа на Министерството за правда за 2017 година. Во Програмата предвидена е обврска за подготвување на Извештај за реализација на истата.

Планиран месец на подготвување : Јануари 2018 година

3. Годишна програма за работа на Министерството за правда во 2018 година

Согласно Програмата на Владата на Република Македонија за 2018 година и Стратешкиот план на Министерството за правда за периодот 2018-2020 година ќе подготви Програма за работа на Министерството за правда за 2017 година.

Планиран месец на подготвување : Јануари 2018 година

4. Стратешки план на Министерството за правда за период 2019-2021 година

Согласно Законот за буџетите („Службен весник на РМ“бр.64/05, 4/08, 103/08, 156/09, 95/10 И 180/11)  Министерството за правда ќе подготви Стратешки план за периодот 2019-2021 година кој ќе содржи програми и активности за остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели на Владата на Република Македонија.

Планиран месец на подготвување : Јули 2018 година

5. Предлог-иницијативи на Министерството за правда за Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2018 година

Согласно Законот за Владата на Република Македонија, Владата носи годишна Програма за работа, како основен план за работа. Министерствата се задолжени да достават предлог-иницијативи за подготвување на истата.

Планиран месец на подготвување : Октомври 2018 година

6. Сертификациона ревизија за стандардот ИСО 9001 : 2008

Министерството за правда се стекна со сертификат за стандардот за квалитет ИСО 9001:2008. Согласно програмата на сертификационото тело, истото врши ревизија на исполнувањето на стандардот.

Планиран месец на подготвување : Декември 2018 година

 

            - ДРУГИ АКТИВНОСТИ

Други активности по прашања остварувањето на правата, обврските и одговорностите на вработените во Министерството за правда

- Следење и стручна обработка на прашања во примената на законските и подзаконските прописи од областа на остварувањето на правата, обврските и одговорностите на државните службеници;

- Изготвување на поединечни акти со кои се регулираат права на државните службеници во Министерството;

- Тековно ажурирање на промени во евиденцијата ;

- Давање на одговори по жалби на вработените во Министерството кои се однесуваат на права од работен однос до Агенцијата за администрација ;

- Давање на одговори по тужби на вработените во Министерството кои се однесуваат на права од работен однос до Државното правобранителство на Република Македонија;

Планиран месец на реализација : Тековно 2018 година

 Други активности по прашања остварувањето на правата, обврските и одговорностите на вработените во Министерството за правда

- Следење на реализацијата на Годишната програма за работа на Министерството за правда, Стратешкиот план на Министерството за правда, следење на обврските на Министерството за правда согласно Програмата за работа на Владата на Република Македонија;

- Следење на спроведувањето, преиспитување и ревидирање на  стандардот ИСО 9001 :2008.

Планиран месец на реализација : Тековно 2018 година

 

Сектор за финансиски прашања

 

1. Изработка на годишни финансиски планови

Согласно Упатството за начинот на Трезорското работење, секторот за финансиски прашања има обврска да изработифинансиски планови истите да ги доставуви до Министерство за финансии

Планиран месец на реализација : јануари 2018 година

 

2. Решение за внатрешна распределба на вкупниот одобрен буџет за 2018 година на Министерство за правда

Согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола

Планиран месец на реализацја : Јануари 2018 година

 

3. Годишен извештај за функционирање на системот на јавна внатрешна финансиска контрола врз основа на годишните финансиски извештаи

Согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола

Планиран месец на реализација : мај 2018 година

 

4. Предлог – Буџет за 2019 година

Согласно Законот за буџетите

Планиран месец на реализацијаа : август 2018 година

 

5. Реализација, извршување и следење на буџетот, на сите утврдени активности кои се во надлежност на Министерството, со цел извршување на работите и задачи исполнување на утврдените активности во реформата во правосудството

За реализација на редовното работење на Министерство за правда со Буџетот за 2018 година одобрени се средства во износ од 310.896.000,00 денари од Буџетската сметка, како и 10.000.000,00 денари од сопствени средства. Финансиските средства за реализирање на програмата за работа за 2018 година на Министерство за правда по категории изнесува:

- Категорија 40   Плати и надоместоци -91.336.000,00   денари

- Категорија42-    Стоки и услуги – 61.300.000,00 денари

- Категорија46   Субвенции и трансфери – 117.000.000,00 денари

         - Ставка 463 -Трансфери до невладини организации–112.000.000,00 денари

         - Ставка 464 - Разни трансфери – 5.000.000,00 денари

- Категорија 48  Капитални расходи – 41.260.000,00 денари од Буџетот на РМ

            Средствата одобрени на програма ГА – ставка 480, се наменети за набавка на опрема за Кривичен суд зааудио и видео снимање. Средствата одобрени од програма ГА – ставка 481 се  наменети за рекострукција на старата зграда на Основен суд Скопје 1 Скопје, согласно Стратегијата за реформи во правосудството.

 

Од аспект на структурата на расходите 29,38% се предвидени за плати и надоместоци,  19,72% за стоки и услуги, 37,63% за субвенции и трансфери и 13,27%  за капитални расходи.

Секторот за финансиски прашања треба да ги реализира сите активности кои се во негова надлежност, за реализација и остварување на работите и активностите на ниво на Министерство за правда.

Планиран период на реализација: континуирано 2018 година.

 

Сектор за информатички и  комуникациски технологии

 

1.Реализација, извршување и следење на ИТ буџетот, на сите активности кои се во надлежност на секторот за ИКТ, со цел извршување на работните цели и задачи, како и исполнување на утврдените активности за одржување и унапредување на нивото на техничка опременост во Министерството

Континуирана надградба на информатичката инфраструктура во Министерството согласно предлог ИТ буџетот за јавни набавки за 2018 година

Планиран период на реализација : континирано 2018 година

 

2. Набавки и надградба на софтверски решенија

Набавка и надоградба на софтверски решенија согласно законските измени и барања на секторите и оптимизацијата на деловните процеси на Министерството за правда.

- набавки и имплементација на софтвер за потребите на Секторот за бесплатна правна помош и политички систем и Секторот за извршување, нотаријат и медијација.

Планиран период на реализација : континирано 2018 година

 

3. Имплементација на препораките од Ревизијата за информациски и комуникациски технологии усогласени со стандардот ISO 27002 и постапување по Акцискиот план за информациска безбедност

Планиран период на реализација : континирано 2018 година

 

4. Подршка на софтверски решенија

- веб-базирана апликација за on-line пополнување на индивидуален прашалник за скрининг на потребите за обуки и за спроведените обуки со цел јакнење на кадровските капацитети за препознавање и спречување на корупцијата и појавата на судир на интереси;

-ЛУРИС веб-базирана апликација за управување со предмети на Секторот за меѓународна правна помош;

-ЛДБИС правна база на податоци.

Планиран период на реализација : континирано 2018 година

 

Одделение за внатрешна ревизија

 

     

Врз основа на член 40 став 2 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен весник на Република Македонија“ бр. 90/09, 188/13, 192/15) и член 2 и 4 од Правилникот за начинот на извршување на внатрешна ревизија и начинот на известување за ревизијата („Службен весник на Република Македонија“бр.136/10) Одделението за внатрешна ревизија го донесе Годишниот план за 2018 година за Министерството за правда и при тоа ќе ги изврши следните ревизии :

- Ревизија на Контрола и оцена на усогласеноста на активностите кај процесот на јавните набавки

Планиран период за реализација : прв квартал 2018 година

- Ревизија на утврдување и подобрување н афункционирањето на процесот на архивско работење воМинистерството за правда

Планиран период за реализација : прв и втор квартал 2018 година

- Ревизија на постапката за подобрување на усогласеноста на работењето и активностите со законските, подзаконските и интерни акти и функционирањето на интерниот контролен систем кај процесот на благајничко работење

Планиран период за реализација :четврт квартал 2018 година

Покрај изготвениот Годишен план за внатрешна ревизија за 2018 година што се однесува на Министерството за правда, Одделението за внатрешна ревизија има изработени и одобрени Годишни планови за вршење на внатрешна ревизија за 2018 година за органите во состав и институциите со кои има потпишано Договори за давање на услуги за вршење на внатрешна ревизија и тоа:

1. Агенцијата за остварување на правата на заедниците

-Ревизија и оцена на функционирањето на интерните контроли  и оцена на степенот на усогласеност со легислативата кај системот за финансиско управување и работење за 2018 година

Планиран период за реализација : четврт квартал 2018 година

2. Биро за судски вештачења

-Ревизија на сметководствениот и интерниот контролен систем во процесот на обработка и евиденција на сметководствените документи во Биро за судски вештачења за 2018 година

Планиран период за реализација : втор квартал 2018 година

3. Дирекцијата за заштита на личните податоци

-Ревизија на сметководствениот систем во процесот на обработка и евиденција на сметководствените документи во Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2018 година

Планиран период за реализација : трет квартал 2018 година

4. Секретаријат за законодавство

-Ревизија и оцена на функционирањето на интерните контроли  и оцена на степенот на усогласеност со легислативата кај системот за финансиско управување и работење за 2018 година

Планиран период за реализација : четврт квартал 2018 година

5.Управа за извршување на санкции

-Ревизија и оцена на функционирањето на интерните контроли  и оцена на степенот на усогласеност на казнено-поправната установа – Затвор Битола на сметка на основниот буџет за 2018 година

Планиран период за реализација : трет квартал 2018 година

6.Управата за водење на матични книги

-Ревизија и оцена на функционирањето на интерните контроли  и оцена на степенот на усогласеност со легислативата кај системот за финансиско управување и работење за 2018 година

Планиран период за реализација : трет квартал2018 година

 

Согласно член 47 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен весник на Република Македонија“бр. 90/09, 12/11, 188/13 и 192/15) и Правилникот за формата и содржината на извештаите и изјавата за квалитетот и состојбата за внатрешни контроли од годишниот финансиски извештај („Службен весник на Република Македонија“бр.147/10 и 34/11) Одделението за внатрешна ревизија ќе изготви Годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија за 2017 година за Министерството за правда, за органите во состав како и за институциите со кои Одделението за внатрешна ревизија при Министерството за правда има потпишано договор за давање на услуги- вршење на внатрешна ревизија:

- Годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија за 2017 година за Министерството за правда,       

- Годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија за 2017 година за Дирекцијата за заштита на лични податоци,

- Годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија за 2017 година за Бирото за судски вештачења,

- Годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија за 2017 година за Секретаријатот за законодавство,

- Годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија за 2017 година за Агенцијата за остварување на правата на заедниците

Планиран рок за изготвување: мај  2018

 

Согласно член 40 став 4 од Законот за јавнавнатрешна финансиска контрола („Службен весник на Република Македонија“бр. 90/09. 188/13 и 192/15) и член 2, 3 и 4 од Правилникот за начинот на извршување на внатрешна ревизија и начинот на известување за ревизијата („Службен весник на Република Македонија“бр.136/10) Одделението за внатрешна ревизија ќе изготви Годишен планза 2018 и Стратешки план 2018-2020 година за Министерството за правда, за органите во состав како и за институциите со кои Одделението за внатрешна ревизија при Министерството за правда има потпишано договор за давање на услуги- вршење на внатрешна ревизија:

-Годишен план за 2018 година и Стратешки план 2018-2020 за работата на Одделението за внатрешна ревзија при Министерството за правда

-Годишен план за 2018 година и Стратешки план за 2018-2020 година за Дирекцијата за заштита на лични податоци,

-Годишен план за 2018 година и Стратешки план за 2018-2020 година за Бирото за судски вештачења,

-Годишен план за 2018 година  и Стратешки план за 2018-2020 година за Секретаријатот за законодавство,

-Годишен план за 2018 година  и Стратешки план за 2018-2020 година за Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

-Годишен план за 2018 година  и Стратешки план за 2018-2020 година за Управата за извршување на санкции

- Годишен план за 2018 година  и Стратешки план за 2018-2020 година за Управата за водење на матични книги

Планиран рок за спроведување : декември 2018 година

 

За степенот на реализација на Програмата за работа на Министерството за правда за 2017 година ќе се изготви посебен извештај.

 

 

Бр. ________________                                                      МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА

_______________2018 година                                                          Bilen Saliji

            С к о п ј е