Врз основа на член 54 став (3) од Законот за медијација („Службен весник на Република Македонија“ бр.188/13, 148/15, 192/15 и 55/16) Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата на седницата одржана на ден 05.09.2019 година донесе:

 

Изменување и дополнување на Услови за акредитација на програми за обука на медијатори и круг на лица кои можат до Одборот да поднесат барање за акредитација на програми

 

Член 1

Во член 6 став (3) по зборот „обуката“ се додаваат зборовите „при што оргнизацијата на распоредот на часови да се изврши така што во текот на еден ден предвиден за обука да се одржат најмногу 6 часа“.

 

Член 2

Во член 7 став (3) по зборот „обуката“ се додаваат зборовите „при што оргнизацијата на распоредот на часови да се изврши така што во текот на еден ден предвиден за обука да се одржат најмногу 6 часа“.

 

Член 3

Во член 9 став (3) по зборот „обуката“ се додаваат зборовите „при што оргнизацијата на распоредот на часови да се изврши така што во текот на еден ден предвиден за обука да се одржат најмногу 6 часа“.