ЈАВЕН  ПОВИК/ОГЛАС

Се известуваат сите заинтересирани кандидати за проследување на основна обука за медијатори дека Друштвото за интелектуални услуги ЦЕНТАР ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ И КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје ќе спроведе основна обука за медијатори, според акредитирана програма за основна обука на медијатори, издадена од Одборот за обезбедување , следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата . Обуката ќе се одржи во Скопје во периодот од 21 јануари до 05 февруари 2020 година (конкретно на датумите 21,22, 23,24,25,29,30,31 јануари,  1,2,4 и 5 февруари 2020 год).
Основната обука за медијатори ќе биде реализирана според акредитирана програма за овој вид на обуки што е предуслов за полагање на испитот за медијатори за стекнување на лиценца за вршење медијаторски работи.
ЦЕНТАРОТ ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ  И КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје, предавањата на основната обука на медијатори ќе ги реализира во сала за состаноци во Трговски Центар Соравија Скопје, (ул. Филип Втори Македонски бр.З Скопје), по однапред утврден распоред на часови за изведување на теоретската и практична настава. Предавањата се поделени во теоретска и практична настава во времетраење од 70 часа согласно член 47 став 1 т.б од Законот за медијација.