Конкурс за именување на два извршители за - подрачјето на Основниот суд во Куманово, Основниот суд во Крива Паланка и Основниот суд во Кратово – еден извршител и подрачјето на Основниот суд во Прилеп и Основниот суд во Крушево -  еден извршител. 
 
 Врз основа на членот 34 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/16, 142/16 и 233/18), Министерството за правда распишува Конкурс за именување на два извршители за: - подрачјето на Основниот суд во Куманово, Основниот суд во Крива Паланка и Основниот суд во Кратово – еден извршител и - подрачјето на Основниот суд во Прилеп и Основниот суд во Крушево -  еден извршител.
 
1. Кандидатот за извршител треба да ги исполнува условите предвидени во членот 33 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/16, 142/16 и 233/18), и тоа:  1. да е државјанин на Република Северна Македонија 2. да е деловно способно и да има општа здравствена способност, што се докажува со уверение издадено од надлежна здравствена установа од областа на медицина на трудот; 3. да е дипломиран правник со завршено четиригодишно високо образование на правни студии или дипломиран правник со стекнати 300 кредити на правни сутдии според Европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС); 4. да има положено правосуден испит;  5. да има положен испит за извршител; 6. да има работно искуство на правни работи најмалку пет години по завршувањето на правни студии VII/1 степен или 300 кредити на правни студии според Европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС); 7. активно да го владее македонскиот јазик; 8. да не е осуден со правосилна судска одлука на безусловна казна затвор над шест месеци, или да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност; 9. да даде изјава пред нотар дека ќе обезбеди опрема и простор кои се потребни и соодветни за вршење на извршни работи и                       10. да даде изјава пред нотар за својата имотна состојба, со сите последици од давање на лажен исказ.
 
2. Заинтересираните кандидати кон пријавата треба да приложат: кратка биографија, уверение за државјанство, уверение за деловна способност, лекарско уверение за општата здравствена состојба издадено од надлежна здравствена установа од областа на медицина на трудот кое не е со изминат рок од 12 месеци,

 
 
  2 Министерство за правда на Република Северна Македонија Ул. „Димитрие Чуповски “ бр. 9, Скопје  Република Северна Македонија
+389 2  3116 493 www.pravda.gov.mk
 
диплома за завршен правен факултет, уверение за завршен правен факултет, доказ за работно искуство односно потврда за работно искуство на правни работи по завршување на правни студии, уверение за положен испит за извршител, уверение за положен правосуден испит, уверение за неосудуваност, уверение дека не му е изречена казна забрана за вршење на професијата извршител, изјава заверена кај нотар дека ќе обезбеди опрема и простор кои се потребни и соодветни за вршење на извршните работи и изјава заверена кај нотар за својата имотна состојба.
 
3. Кандидатите можат да се пријават за сите извршителски места, при што можат да го определат приоритетот на местата на кои сакаат да бидат именувани.
 
4. Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена, сметано од денот на објавување на Конкурсот во „Службен весник на Република Северна Македонија“ 
 
5. Пријавите со прилози (во оригинал или фотокопии заверени кај нотар) со кои се докажува дека се исполнети условите за именување на извршител, предвидени во членот 33 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/16, 142/16 и 233/18), се поднесуваат писмено до Комората на извршители на Република Северна Македонија.
 
 
        МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА, д-р Рената Дескоска