Врз основа на член 11 од Законот за бесплатна правна помош (“Службен весник на РСМ“ бр.101/19 од 22.05.2019г.), министерството  за правда објавува
 
давање на примарна правна помош од страна на  овластени
здруженија и правни клиники
 
1.        ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ
 
Предмет на јавниот конкурс е доделување финансиска подршка на овластени здруженија и правни клиники  кои обезбедуваат примарна правна помош согласно Законот за бесплатна правна помош.
Целта на конкурсот е да се обезбеди еднаков пристап до правна помош за сите граѓани на Република Северна Македонија согласно одредбите од Законот за бесплатна правна помош.
Приоритети на конкурсот се: Обезбедување на рамноправна распространетост на бесплатната правна помош во сите плански региони, обезбедување на примарна правна помош на ранливите групи граѓани.
Овластените здруженија/правни клиники може меѓусебно да соработуваат и да поднесат заеднички проект. Едно/а здружение/правна клиника може да поднесе само еден проект како носител, а може да биде партнер на повеќе проекти.
Право на учество на јавниот конкурс немаат здруженија/правни клиники кои за истиот проект и за исти активности добиле финансиска поддршка од друг  извор.
2.       ВКУПЕН ИЗНОС НА СРЕДСТВА
Средства кои ќе бидат доделни како  надоместок  за давање на примарна правна помош од страна на  избраните овластени здруженија и правни клиники  е во вкупен износ од 1.000.000,00 денари
 
Буџетот за еден проект  не смее  да го надмине износот од 200.000,00   денари
 
3.      ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
 
1.       Пополнета пријава на овластеното здружение, односно правната клиника, согласно образецот даден во правилникот објавен во Слубен Весник на СРМ бр. 199/19)
2.      Пополнет Предлог-буџет во кој јасно се дефинирани буџетските линии и средствата потребни за имплементација на проектните активности
3.      Годишен извештај за работата на здружението/правната клиника за минатата година;
4.      Портфолио за спроведени активности од бесплатна правна помош;
5.      Кратка биографија на правникот кој е вработен, односно ангажиран да ја обезбедува примарната правна помош/менторот – раководителот на правната клиника;
6.      Изјава за партнерство (незадолжително, само доколку има партнери запишани во регистарот согласно Законот за бесплатна правна помош) 
7.      Изјава за непостоење  на двојно финансирање
 
4.      РОКОВИ И НАЧИН НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
Траење на јавниот конкурс е 30 дена од денот на објавувањето на ВЕБ страната на министерството во кое е наведен датумот на објавување.
          Заинтересираните здруженија и правни клиники  пријавите ги доставуваат преку архивата на Министерството за правда на адреса „ Димитрие Чуповски бр.9  Скопје, во затворен плик, со назнака „ Пријава за Јавен конкурс за доделување на финансиски средства за давање на примарна правна помош од страна на овластени здруженија и правни клиники – да не се отвара“. Ќе бидат разгледани само комплетните и навремени апликации поднесени од овластени здруженија и правни клиники за обезбедување на примарна правна помош согласно Законот за бесплатна правна помош. Доставените прилози не се враќаат.
          Комисијата за распределба на средства на овластени здруженија и правни клиники за давање на примарна правна помош  во рок од 30 дена по истекот на рокот за поднесување на пријавите, изготвува и доставува мислење до министерот за правда во кое е наведена ранг-листата на сите прифатливи пријави.
          Министерот за правда по добивањето на мислењето донесува решение за доделување на средства согласно јавниот конкурс.
          Во рок од 30 дена од  правосилноста на Решението министерот за правда склучува договор со здруженијата односно правните  факултети со кои се уредуваат меѓусебните права и обврски.
 
5.      Временски период во кој се вршат проектните активности
          Временски период во кој се врши имплементација на одобрените проекти е  до  1.12.2020.
 
6.      Критериум за доделување на финансиски средства се:
 
-          општествената корист од предложениот проект за давање примарна правна помош преку јасни и остварливи цели и резултати - 20 бода,
-          проценка на усогласеноста на проектните цели, кои се состојат во олеснување на пристапот до правда, со приоритетите утврдени во јавниот конкурс како и начинот на кој што обезбедената примарна правна помош ќе овозможи остварување на правата на оние за кои е наменета - 20 бода
-          искуството во обезбедувањето на примарна правна помош на здружението, односно правната клиника, како и на лицата кои ќе ја обезбедуваат – 20 бода,
-          подрачјето на кое ќе се дава примарна правна помош со цел рамномерна регионална достапност - 30 бода,
-          јасно дефинираните цели, активности и целни групи – 20 бода и
-          оправданост и висина на предвидените трошоци за обезбедување на бесплатната правна помош - 30 бода.
 
7.       Видови на предвидени трошоци 
 
-          Плата за вработен/ангажиран правник во висина од просечна бруто плата во Република Северна Македонија за минатата година за лицето кое обезбедува примарна правна помош;
-          Хонорар за ангажиран координатор и ментор на Правната клиника;
-          Кирија и комуналии, доколку Министерството за правда или локалната самоуправа не обезбедиле простор за работа на здружението,кои не смеат да бидат повеќе од 20 % од вкупниот побаран буџет.;
-          Патни трошоци за посета или придружба на корисниците на примарна бесплатна правна помош;
-          и други трошоци потребни за имплементација на  предложените активности. 
 
 
 
                                                                                                                    МИНИСТЕРСТВО  ЗА ПРАВДА