Врз основа на членот 59 став (2) од Законот за медијација („Службен весник на РМ“ бр.188/13) , Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата на седницата одржана на 14.10 2014 година, донесе:

 

 

Д Е Л О В Н И К

за  начинот на вршење на работите  на Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на  работите на медијацијата

 

I.ОПШТИ ОДРЕДБИ

 

Член 1

 

Со овој Деловник се уредува начинот на  вршење  на работата  на Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот  на работите на медијацијата (во натамошниот текст: Одборот).

        Член 2

 

Одборот врз основа на начелото на самостојност и стручност ги врши работите утврдени со Законот за медијација.

   

                                                                   Член 3

 

Одборот го застапува и претставува претседателот на Одборот.

 

   Член 4

 

(1) Членот на Одборот  учествува во работата на седниците на Одборот, постапува по  постапува по неговите заклучоци,дава иницијативи, предлози и мислења по прашања од надлежноста на Одборот, одговорно, законито и совесно ги извршува работите од надлежност на Одборот и го почитува  Деловникот на Одборот.

             (2) Членот на Одборот може да отсуствува од седница само од оправдани причини, а отсуството е должен благовремено да го најави на  претседателот на Одборот пред одржувањето на седницата.

(3)  Присуството на членовите на Одборот се евидентира.

 

                                                                                       Член 5

 

(1) Членот на Одборот ги штити интересите на Одборот и ги  чува податоците и  тајните определени и класифицирани согласно Законот.

(2) Како тајна се сметаат и сите материјали кои како такви се означени од Одборот.

 

                              II. СВИКУВАЊЕ  НА СЕДНИЦА И НАЧИН НА РАБОТА

 

Свикување на седница

 

Член 6

 

(1) За прашањата од својата надлежност утврдени со Закон, Одборот работи и одлучува на седници.

(2) Седниците на Одборот ги свикува и со нив раководи претседателот на Одборот. Претседателот на Одборот свикува  седница и по иницијатива на една третина од членовите на Одборот.

(3) Седниците се одржуваат најмалку еднаш во месецот.

(4) Седниците се закажуваат најмалку 5  дена однапред.

(5) Доколку природата на работите наложува итно свикување на седница, времето на закажување на седницата може да отстапи од рокот утврден во став (4) на овој член.

(6) Седниците на Одборот по правило се одржуваат во просториите на Министерството за правда.

(7) Во случај на отсуство или спреченост на Претседателот на Одборот седниците ги свикува и со нив раководи член на Одборот определен од претседателот на Одборот.

 

Член 7

 

Седниците на Одборот се јавни, освен ако Одборот одлучи да ја исклучи јавноста.

 

Член 8

 

(1) Седниците на Одборот се свикуваат со покана за седница по електронски пат.

(2) Поканата за седница содржи: ден, час и место на одржување на седницата, предлог-дневен ред, придружен материјал за прашањата кои се предложени во дневниот ред и записник од претходната седница.

(3) Поканата за седница се доставува до членовите на Одборот најдоцна  5 дена пред одржувањето на седницата.

(4) Кога поради итноста на некое прашање е прифатено дополнување на дневниот ред и се доставени дополнителни материјали за тоа прашање, за дополнетата точка од дневниот ред се расправа  по исцрпувањето на точките од дневниот ред.

(5) Поканата за седница на Одборот заедно со материјалите за седницата се доставуваат до членовите на Одборот преку секретарот на Одборот.

 

 

Член 9

 

Предлагање и утврдување на дневен ред

 

 

(1) Предлогот на дневниот ред и денот на одржувањето на седницата на Одборот  го утврдува претседателот на Одборот.

(2)  Измени и дополнувања на дневниот ред  може да предлага секој член на Одборот.

(3)  Предлогот треба да содржи писмено или усно образложение проследено со соодветен материјал во писмена форма.

(4) Предложениот дневен ред го утврдува Одборот на седница по утврдување на кворумот за работа.

 

Член 10

 

Претрес на прашања од дневниот ред

 

 

(1) Претресот по утврдените точки започнува со излагање на предлагачот, кое не може да биде подолго од 15 минути.

(2)  Секој пријавен учесник има право на дискусија.

(3) Претседателот го опоменува членот доколку се оддалечи од предметот и разумното време за дискусија.

 

Член 11

 

Правото за учество во дискусија го одобрува претседателот според редоследот на пријавувањето.

 

Член 12

 

(1) За работата на седницата на Одборот се води записник.

(2) Записникот го води секретарот определен од страна на Министерот за правда.Одборот го разгледува и усвојува Записникот на наредната седница на Одборот и секој член дава забелешка.Усвоениот Записник го потпишува претседателот на  Одборот  и секретарот на Одборот.

(3) Записникот содржи податоци  за  бројот на седницата, местото и денот на одржување, присутноста и отсутноста на членовите, другите присутни лица на седницата, заклучокот за усвојување на записникот од претходната седница со евентуалните измени, усвоениот дневен ред, дискусиите по точките од дневниот ред и донесените одлуки, издвоените мислења на членовите на Одборот доколку има такви, времето кога седницата е завршена или прекината со наведување на причините за прекинот.

(4) Во записникот се внесуваат донесените одлуки, заклучоци, мислења ставови и резултатите од гласањето за секоја точка од дневниот ред.  

(5)_Составен дел на записникот се актите донесени на седницата.

 

 

Член 13

 

Одлучување

 

(1) Одборот може да работи и одлучува доколку на седницата присуствуваат мнозинство од вкупниот број на членови на одборот.

(2) Одборот одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на одборот.Гласањето е јавно и се врши со кревање рака или поименично доколку  така одлучи Одборот.

 

Член  14

 

 (1) По завршување на расправата, претседателот ја става точката од дневниот на гласање со дефиниран текст на актот, по што ја соопштува одлуката односно резултатот од гласањето.

 (2)  Актите што ги донесува Одборот ги потпишува претседателот.

 

 

                                                                          Член 15

 

(1) Одборот ја известува јавноста за својата работа преку веб страната на Министерството за правда, извештаите кои ги доставува до Владата на Република Македонија и преку  соопштенија за јавност.

(2) За информирање на јавноста во врска со активностите на Одборот се грижи претседателот на Одборот.  

 

 

IV. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

 

Член 16

 

Овој Деловник влегува на сила со денот на добиена согласност од Владата на Република Македонија.