Врз основа на член 59 став (2) од Законот за медијација („Службен весник на Република Македонија“ бр.188/13, 148/15, 192/15 и 55/16), Одборот за обезбедување, следење и оценување на работите на медијацијата на седницата одржана на 05.07.2018 година  донесе:

  

ДЕЛОВНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИКОТ ЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА РАБОТИТЕ НА ОДБОРОТ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, СЛЕДЕЊЕ И ОЦЕНУВАЊЕ НА  КВАЛИТЕТОТ НА РАБОТИТЕ НА МЕДИЈАЦИЈАТА

 

Член 1

                Во Деловникот за начинот на вршење на работите на Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата   број 09-3320/6 од 02.12.2014 година  во  член 3 по ставот 1 се додава став (2 ), кој гласи:

„Во случај на спреченост на претседателот на Одборот во извршувањето на функцијата од ставот 1 на овој член,  по негово овластување, Одборот може да го застапува и претставува член на Одборот, за времето додека трае спреченоста, односно за периодот за кој е издадено овластувањето за застапување и претставување.“

 

Член 2

                Во член 4  во ставот (1)  зборовите „постапува по“ се бришат.

                                     

                                                                                  Член 3

                Членот 7 се менува и гласи:

„(1) На седниците на Одборот присуствуваат и учествуваат членовите на Одборот.            

(2) На седниците  на Одборот може да присуствува и заинтересирано лице во врска со одредена точка која по поднесено барање од негова страна е ставено на дневен ред на разгледување или одлучување. Заинтересираното лице може да присуствува на седница на Одборот, доколку најдоцна три дена пред одржувањето на седницата поднесе писмено барање до претседателот на Одборот, кој го одобрува барањето. Лицето на кое му е одобрено присуство на седница на Одборот нема право на глас, а истото може да се јави за збор доколку добие одобрение од претседателот на Одборот.               

        (3) На седница на Одборот, на покана од претседателот на Одборот или одлука на мнозинство од членовите на Одборот, може да присуствува едно или повеќе  лица кои  со својата стручност, знаење, функција и сл. може да придонесат, да ја унапредат или да помогнат во работата на Одборот, во рамките на надлежностите кои ги извршува Одборот согласно Законот за медијација и други акти.

 

                                                           Член 4

Во член 13 во ставот (2), во првата реченица, по зборовите  ,,на одборот“ точката се заменува со запирка и се додаваат  зборовите ,,присутни на седницата, доколку присуствува мнозинство од вкупниот број членови“.                     

По ставот (2) се додаваат два нови става (3) и (4), кои гласат:

„(3) Секој член на Одборот задолжително гласа.

(4) Секој член на Одборот може да гласа  „ЗА“ или „ПРОТИВ“. “

 

                                                                        Член 5

            Овој  деловник влегува на сила со  денот на објавувањето на веб страната на Министерството за правда, а ќе се објави по  добивањето на согласност од Владата на Република Македонија.

 

 

                                                                                                           ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОДБОР

број ___________                                                                              д-р Марко Андонов

     датум__________

        Скопје