ЗАПИСНИК

За извршен инспекциски надзор во Одделение за

комунални дејности урбанизам и заштита на животната

средина - Општина Конче извршен на

ден 04.09.2007 година

 

Инспекцискиот надзор е извршен врз основа на член 3 од Законот за управна инспекција ("Сл. весник на РМ" бр.69/04 и 22/07) во однос на  примената на одредбите од Законот за општа управна постапка, Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за градење.

За денот и содржината на надзорот по телефон е известен градоначалникот на Општина Конче - Стојан Лазарев.

Надзорот е извршен на ден 04.9.2007 год.  од страна на советникот инспектор - Савета Ќучукова.

За време на надзорот присуствуваше советникот за правно - нормативни работи, кој ги врши работите на архивата, Тинка Анѓелова.

                                  НАОД ЗА СОСТОЈБАТА

Од извршениот увид во 18 предмети (колку што имаше поднесено барање за извод од урбанистички план, за решение за локациски услови и одобрение за употреба се констатира следното :

Не решени барања со поминат рок на решавање се 13 (пр. 08-119/1 од 01.03.2006 год., 08-133/1 од 05.02.2007 год., 08-861/1 од 11.12.2006 год., 08-642/1 од 18.10.2006 год. итн.), останатите 5 барања за изводи од урбанистички план се решени по определениот рок со чл.49 од Законот за просторно и урбанистичко планирање .

Дел од нерешените барања се поради некомплетна документација, а одделението во овие случаи нема постапено согласно чл. 140 од ЗОУП.

За неблаговремено решените и нерешените барања, Одделението, најдоцна во рок од 8 дена по истекот на законскиот рок за решавање, писмено ги нема известено странките за причините поради кои не ги донело решенијата одобренијата или изводите од урбанистичките планови во законскиот рок, ниту определило дополнителен рок за донесување на истите што не е во согласност со чл. 221 ст. (3) и (4) од ЗОУП.

За добивање извод од урбанистичкиот план со барањата странките поднесуваат копие од катастарски план и имотен лист, што не е во согласност со чл.49 од Законот за просторно и урбанистичко планирање. Се наплаќа такса на уплатница од 550 ден. но по барањето бр,08-633/1 од 13-10-2006 год. е наплатено 1250 ден. Со ваквиот начин на работење странките се ставаат во нееднаква положба пред законот. Деловодникот за 2006 год. е заклучен со ставање на службената забелешка за вкупниот број на предмети заведени во деловодникот - 937, меѓутоа забелешката не е потпишана од одговорниот работник, во конкретниот случај градоначалникот, што не е во согласност со точка 25 од Упатството за начинот и техниката на постапување со документарниот материјал и архивската граѓа во канцелариското и архивско работење.

Рубриките за развод во деловодницитe за 2006 год. и 2007 година не се водат.

Преносот во деловодникот за 2006 год. не се врши согласно точка 21 од Упатството за начинот и техниката на постапување со документарниот материјал и архивската граѓа во канцелариското и архивско работење.

Кратката содржина на предметот, во рубриката 2 од деловодникот, не се наведува на начин објаснет во точка 43 од Упатството.

Исправката на погрешно запишаниот текст не се врши согласно точка 25 од Упатството.

Во деловодникот за 2006 год, во рубриката 5, се пишува со латинско писмо, што не е во согласност со член 7 од Уставот на Република Македонија.

Поврзувањето на основните броеви во деловодникот не се врши согласно точка 36 од Упатството.

Во деловодникот за 2006год. не се заведуваат сите сопствени акти. Така не се заведуваат актите со кои се доставуваат жалбите на решавање до надлежниот второстепен орган. Со ваквиот начин на работење се врши повреда на член 9 од Уредбата за канцелариско и архивско работење.

Второстепените решенија, добиени во тековната година, се заведуваат во деловодникот за претходната година под основниот број на обжаленото решение, што не е во согласност со точка 36 од Упатството.

Планот на архивски знаци и листите на архивска граѓа и документарен материјал за 2007 год., заради добивање согласност на истите, се доставени до Архивот на 23.01.2007 год, На истите,до денот на надзорот, Архивот немаше дадено согласност, па во примена е Планот и Листите од 2006 година.

За печатите и штембилите што ги употребува Одделението не се води посебна евиденција, што не е во согласност со член 22 од уредбата за канцелариско и архивско работење.

Доставувањето на актите за работа не се врши преку интерна доставна книга, што не е во согласност со точка 40 од Упатството и член 13 од уредбата за канцелариско и архивско работење.

Советник инспектор,

Савета Ќучукова