Министерката за правда од состанокот со амбасадорите на ЕУ: Европските стандарди се потреба на граѓаните на Република Македонија, не само услов на Европската Унија

12.06.2018 Новости-М

 

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска оствари средба со амбасадорите на земјите – членки на Европската Унија, во организација на Делегацијата на Европската Унија и евроамбасадорот Жбогар.

На средбата Дескоска ја истакна својата силна определба  за реформи во ресорот и истакна:


“Реформите ги правиме за подобрување на човековите права, за создавање на систем на владеење на правото, затоа што европските стандарди се потреби на граѓаните на Република Македонија, а не само услов за пристапни преговори со Европската Унија”.   

“Кога ќе се загуби довербата во институциите, најтешко е таа да се врати. Секако, не можеме да очекуваме тоа да се случи преку ноќ, но ќе го ставиме судството на вистинскиот пат“.

Дескоска ги информираше амбасадорите за тековните реформски активности, како и за плановите за идни активности во приоритетните области - правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, забрзување на административните постапки и унапредувањето на човековите права во Република Македонија.

Министерката за правда воедно најави дека во претстојниот период ќе следат бројни и значајни законски измени од приоритетните области кои ќе бидат спроведени во консултација со компетентни лица од областа на судството и обвинителството, експертската јавност и граѓанскиот сектор, а за кои ќе се бара широка поддршка од политичките партии претставени во Собранието на Република Македонија.

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
<август 2018>
повтсрчепесане
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
Архива на новости