Министерката Дескоска се сретна со претставници на Независниот синдикат на затворската полиција и администрација

11.07.2018 Новости-М

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска придружена од директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Стојановиќ денеска во Министерството за правда се сретнаа со претставниците на Независниот синдикат на затворската полиција и администрација.

Во фокусот на оваа средба беа идните чекори кои се однесуваат на измените на законската регулатива со цел подобрување на статусот и правата на припадниците на затворската полиција.

Дескоска ги ислуша барањата на претставниците на синдикатот на затворската полиција, најави инклузивен процес при дефинирањето на законските решенија и побара мислење од претставниците на синдикатот околу измените на Законот за извршување санкции.

Министерката потенираше дека има разбирање за барањата на вработените во затворската полиција и најави дека проблемите ќе се решаваат во консултација со сите засегнати страни.

На средбата, претставниците на синдикатот на затворската полиција ја истакнаа потребата од зголемување на платите на вработените, како барање кое подолг период е актуелизирано од страна на синдикатот. Тие воедно побараа и зголемување на бројот на вработените во затворската полиција со цел подигнување на безбедноста во затворите, и во тој контекст изразија надеж дека министерката Дескоска и директорот на управата ќе преземат соодветни чекори за надминување на состојбата.

 

Директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Стојановиќ ги извести претставниците на синдикатот дека се обезбедни средства за униформи и за опремување на затворската полиција и дека веќе се преземаат активности околу набавката на истите.

 
Со почит,

 

Министерство за правда

 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<септември 2018>
повтсрчепесане
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
Архива на новости