Mинистерката за правда Рената Дескоска денеска и утре учествува на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ - Западен Балкан, кој се одржува во Тирана, Република Албанија, под покровителство на Австриското претседателство со Европската Унија.
Првата сесија на која ќе учествува министерката Дескоска е “Јакнење на владеењето на правото – унапредување на стандардите во судството”. Во фокусот на оваа сесија ќе бидат ефикасноста и квалитетот на правосудниот систем.
“Влијанието на реформите во правосудството врз ефикасноста, квалитетот и независноста на правосудните системи – индикатори за мерење на напредокот”, е втората сесија на која ќе учествува министерката Дескоска, а во чиј фокус ќе бидат следењето на влијанието на реформите во правосудството.
Со почит,
Министерство за правда