Дескоска од Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан: Не запираме на патот на реформите

05.10.2018 Новости-М

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска се обрати на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан, на кој покрај министрите за правда од регионот, присуствуваа и Комесарката за правда на Европската унија, Вера Јурова и австрискиот министер за правосудство г. Јозеф Мозер.

 

Министерката за правда истакна дека Република Македонија ја следи реформската агенда утврдена во Стратегијата за реформи во правосудството 2018-2025 година, почнувајќи од реформите за јакнење и гарантирање на независноста на судството, како и реформи коишто треба да ја подобрат ефикасноста на судството.

 

Согласно Стратегијата за реформи во правосудството и планот 3-6-9 донесен од Владата на Република Македонија, министерката истакна дека се предвидени низа на измени на Законот за судовите и Законот за Судскиот совет.

 

“Во таа насока се идните реформски активности со кои треба да се зајакне независноста, непристрасноста и одговорноста на судството на нашиот пат кон европската интеграција. Поголемо ниво на ефикасност на судскиот систем ќе го унапреди квалитетот на заштитата на човековите права и ќе го зајаке владеењето на правото, а зајакнатата транспарентност на правосудните институции ќе ја врати довербата на граѓаните во судството“ - истакна министерката Дескоска.

 

“Македонија нема да запре на патот на реформите – тие не се само формално исполнување на стандардите за пристапување кон Европската унија, туку за доброто на граѓаните на нашата држава. Тоа се очекува од нас – борба против корупција, ефикасен и ефективен правосуден систем“ – додаде министерката.  

 

 


Со почит,

 

Министерство за правда

 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
<декември 2018>
повтсрчепесане
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
Архива на новости