Сузбивањето на корупцијата дава резултат со обединети чинители

15.10.2018 Новости-М

Министерката за правда,  проф. д-р Рената Дескоска денеска се обрати на меѓународната конференција „Зајакнување на транспарентноста и одговорноста со цел обезбедување интегритет: Обединети против корупција“.

 

Министерката за правда Рената Дескоска во своето обраќање потенцираше дека без исклучок, како  криминален и социолошки феномен, морален и етички проблем, во различен вид и интензитет, корупцијата е присутна во сите држави.

 

„Сведоци сме дека транснационалниот организиран криминал, кој оди под рака со корупцијата, е сè позачестена појава, со сè пософистицирани облици на манифестација, што придонесува за прелевање на коруптивните појави од една во друга држава. Поради тоа, многу јасно е дека за успешна борба против корупцијата е потребна  интегративна спрега од домашни и меѓународни активности, односно зеднички напори и на домашен и на меѓународен план,“ истакна министерката Дескоска.  Таа додаде дека меѓу стратешките приоритети на Владата на Република Македонија е преземањето интензивни активности  во насока на зајакнување на правниот и институционален систем на земјата во насока на превенција и борба против корупцијата.

 

Министерката се задржа подетлно на активностите кои Република Македонија ги презема за превенција и репресија на корупцијата, како за националните, така и за меѓународно- превентивните и репресивни мерки, а со кои се  јакне меѓу-институционалната, регионалната и меѓународната соработка.

 

Во таа насока, таа информираше за домашната анти-коруциска правна рамка која започна да се гради во 2002 година, со усвојувањето на Законот за спречување на корупција  и е последователно надградувана во делот на превентивните и репресивните мерки, а во чиј составен дел спаѓаат и Кривичниот законик, Законот за кривична постапка, Законот за јавна внатрешна финансиска контрола.

 

Министерката Дескоска информира дека во 2015 година,  домашната анти-корупциска правна рамка е надополнета со Законот за заштита на укажувачи, со кој се воведуваат канали за заштитено внатрешно и надворешно пријавување во институциите во јавниот сектор и заштитено внатрешно пријавување во правните лица во приватниот сектор, а чија примена започна во март 2а016 година.

 

Потенцирајќи дека успехот во борбата против корупцијата зависи, пред се, од органите и институциите кои се задолжени да се справуваат со истата, министерката информира дека во Република Македонија се формирани специјализирани органи и тела за борба против корупцијата.

 

„Нема компромис кога станува збор за корупцијата – мора да се бориме против неа. Во оваа борба сме поефикасни кога сме обединети. Меѓународната соработка може да помогне во поттикнувањето на волјата за борба против корупцијата и способноста да се бориме со неа“ –истакна министерката Дескоска.

 

Меѓународната конференција „Зајакнување на транспарентноста и одговорноста со цел обезбедување интегритет: Обединети против корупција“ е во организација на Групата на држави на Совет на Европа – ГРЕКО и Министерството за правда на Република Хрватска и се одржува во Шибеник.

 

 

 

Со почит,

 

Министерство за правда.

 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
<ноември 2018>
повтсрчепесане
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
Архива на новости