Твининг проект ИПА 2014
„Зајакнување на пенетенцијарниот систем и пробациската служба"
(MK 14 IPA JH 02 18)
Асистент на постојаниот твининг советник(ref.001)
Твининг проектот „Зајакнување на пенетенцијарниот систем и пробациската служба” е заеднички проект помеѓу земјата корисничка, Сојузна Република Германија и Холандија,застапувани од Управата за извршување на санкциите, Германската фондација за меѓународна правна соработка(ИРЗ) иЦентарот за меѓународна правна соработка (CILC).
Општата цел на проектот е унапредување на ефективноста и ефикасноста на казнено-поправниот систем и развој на ефективна и одржлива пробациска служба со почитување на човековите права и достоинството на лицата кои се лишени од слобода во казнено поправните установи и воспитно-поправните институции, како и на лицата кои издржуваат условна казна, што ќе придонесе до подобрување на целокупната безбедност во општеството.
Проектот бараадминистративен асистентна постојаниот твининг советник (RTA Assistant) за следните16 месеци, кој би започнал со работа што е можно поскоро, а по можност во февруари 2019 година. Асистентот на постојаниот твининг советник ќе биде вработен со полно работно време иќе биде базиран во Скопје.
Асистентот на постојаниот твининг советник треба да биде лице кое воопшто или најмалку во изминатите 6 месеци немало каков било договорен однос со ниту еден орган на јавната администрација од земјата - корисник.
Главни задачи:
Да обезбеди секојдневна аналитичка, техничка поддршка, како и поддршка за управување со проекти на постојаниот твининг советник (RTA), како и накраткорочните странски експерти при спроведувањето на нивните активности во рамките на твининг проектот.
Профил:
- Универзитетска диплома, по можност по право, јавна администрација или менаџмент
- Најмалку 2 годишно искуство како асистент/координатор во јавниот или приватниот сектор во меѓународна средина
- Силнивештини за управување со проекти: способност за планирање на работни задачи и рокови, следење на напредокот, постигнување на целите, исполнување на роковите, приоретизирање на активностите,внимавање на деталите, упорност и флексибилност
- Претходно работно искуство на ЕУ-проекти и/или други меѓународно финансирани проекти, а особено како асистент на постојан твининг советник во поранешен твининг проект ќе се смета за предност
- Одлично познавање на MS Word, Excel, PowerPoint или нивни еквиваленти и одлични интернет вештини
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик;познавање на правната терминологија на англискиот јазик; познавањето на германскиот јазик ќе се смета за предност
- Висок степен на дипломатија и тактичност во меѓународен амбиент
- Способност за самостојна и тимска работа
Задачи:
§ Поддршка на постојаниот твининг советник (RTA) во целокупното управување со проектот, подготовка на анализи, извештаи и водење евиденција
- Поддршка на постојаниот твининг советник во подготовката и организацијата на различни активности од техничка гледна точка
- Организација на работни ангажмани и состаноци на краткорочните експерти, како и службени патувања поврзани со проектот на проектните менаџери и на останатиот персонал на партнерските земји-членки
- Обезбедување на потребната поддршка во организирањето на семинари и состаноци (подготовка на писма за покана и документи итн.)
- Ад хок превод / толкување
- Олеснување на размената меѓу меѓународниот тим и различните вклучени страни
- Други потребни задачи
Очекуван почеток и времетраење на ангажманот: февруари2019 годинадо 30 мај 2020 година.
Заинтересираните кандидати ги молиме да доставите мотивациско писмо и кратка биографија на англиски јазик во Europass формат на следните адреси за е-пошта tadic@irz.de и axel.briemle@t-online.deсо назнака за работното место: Асистент на постојаниот твининг советник (RTA Assistant) најдоцна до 31.01.2019 година.
Го задржуваме правото да ги контактираме само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор. Се очекува интервјуата да се одржат на 01 февруари 2019 во Скопје.
Правна природа на договорот:
Самостојна дејност врз основа на договор за услуги. Затоа давателот треба да биде регистриран како давател на услуги со сопствен даночен број и ќе биде самодговорен за плаќање на сите даноци и придонеси за осигурвање во врска со неговата дејност.