Покана до претставниците на електронските и печатени медиуми

05.02.2019 Твининг проект

Министерство за правда

 Управа за извршување на санкциите

До: Претставниците на електронските и печатени медиуми

П О К А Н А

 
Во среда, 06.02.2019 година, во периодот од 10:00 – 13:00 часот, во Клубот на пратеници во Скопје, во организација на Министерството за правда – Управа за извршување на санкциите и Германската Фондација за меѓународна правна соработка IRZ, во рамките на активностите на ТВИНИНГ Проектот „Јакнење на пенитенцијарниот систем и пробациската служба“ во нашата држава, кој е финансиски поддржан од Делегацијата на Европска Унија во Скопје ќе се одржи тркалезна маса за промоција на пробациската служба во Република Македонија и придобивките од заживување во пракса на системот за алтернативно санкционирање на сторителите на кривични дела на слобода (во заедницата).
 
На настанот ќе присуствуваат Заменик Министерот за правда Оливер Ристовски, Директорот на Управата за извршување на санкциите, г-дин Јовица Стојановиќ, експерти од Германија во областа на правосудствотo и пробацијата. На тркалезната маса се поканети да присуствуваат  претставници од сите релевантни институции за извршување на пробациски работи (судови, обвинителства, Академијата за обука на судии и јавни обвинители, адвокатската комора, казнено-поправните установи, претставници од Министерството за труд и социјална политика,  Министерство за внатрешни работи, Министерсво за здравство, Министерството за локална самоуправа, претставици од локалната самоуправа, народниот правобранител, невладините организации, Агенцијата за вработување итн)
 
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да го проследат настанот. 
 
Скопје, 05.02.2019 година 
 

 

Автор
Управа за извршување на санкции
02 3223 519
Скопје
<февруари 2019>
повтсрчепесане
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
Архива на новости