Оглас за пријавување на кандидати за полагање на испитот за извршители во септемвриска испитна сесија 2019

01.08.2019 Новости
Врз основа на член 245 и 249 од Законот за извршување ("Службен весник на РМ" бр.72/16,  142/16 и 233/18) и Правилникот за програмата и начинот на полагање на  испитот за извршители ("Службен весник на РМ" бр.33/19), Министерството  за правда распишува
 
 
 
1. Кандидатот  што  се  пријавува  треба  да  ги  исполнува  следните услови:
да е дипломиран правник со завршено четиригодишно високо образование на правни студии VII/1 или 300 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) во Република Македонија и
- да има најмалку пет години работно искуство на правни работи.
 
2. Кандидатот треба да ги достави следните документи:
- пријава во која читливо 1{е бидат наведени личните генералии, точната адреса, бројот на телефонот и електронска пошта;
- диплома за завршено четиригодишно високо образование на правни студии VII/1 или 300 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) во Република Македонија;
- потврда за работно искуство на правни работи од пет години;
- доказ за промена на името или презимето (за кандидатите кои во молбата за пријавување имаат различно име или презиме од името или презимето наведено во дипломата за завршен правен факултет) и
- доказ за платени трошоци за испитот.
 
3. Сек кандидат треба да достави :
1) Уплатница на образец ПП/50 со следните податоци:
- цел на дознака- за полагање на испит за извршители;
- назив на примачот- Министерство за правда;
- банка на примачот-НБРМ;
-  сметка   -100000000063095;
- ИЗНОС - 9.000,00 денари;
- сметка на буџетски корисник- 070010014063112;
- приходна шифра и програма - 72301310.
2) уплатница на образец ПП/50 со следните податоци:
 
- цел на дознака - административна такса за испит за извршители;
- назив на примачот- Буџет на Република Северна Македонија;
- банка на примачот-НБРМ;
- сметка  -100000000063095;
- износ - 50,00 денари;
- уплатна сметка - 840 * * * 03161(трите ѕвездички се однесуваат на шифрата на општината во која подносителот е жител);
- приходна шифра и програма- 72231300 .
 
4. Пријавите во писмена форма заедно со потребните документи (во оригинал или во фотокопии заверени кај нотар) се поднесуваат во архивата на Министерството за правда, ул. "Димитрие Чуповски" бр.9 Скопје. Рокот за пријавување  за испитот е од 01до 15 август 2019 година.
 
5. За денот и часот на полагање на писмениот и усмениот дел од испитот кандидатите ке бидат известени дополнително.
 
6. Кандидатите кои ќе полагаат поправен испит ќе треба да поднесат пријава во рок од пет дена од денот на објава на резултатите од усниот испит.
 
 
МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА
д-р Рената Дескоска
Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
<ноември 2019>
повтсрчепесане
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
Архива на новости