Дескоска: Се надевам утре сите партии и пратенички групи ќе водат сметка за иднината на нашата држава и ќе ја поддржат потребата за донесување на Законот за Јавното обвинителство

26.08.2019 Новости-М

Продолжија разговорите за Законот за Јавното обвинителство којшто влегува утре во Собраниска процедура. За жал, ниту денес нема напредок во разговорите.

 Во прилог ја пренесуваме интегрално изјавата на министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска:

 Отворените прашања од самиот почеток – остануваат. Станува збор за статусот на предметите коишто ги води СЈО. Од самиот почеток, клучните непремостливи разлики се однесуваат на ова прашање, односно желбата и барањето тие предмети да не завршат ефикасно или воопшто да не завршат – и нашите црвени линии коишто значат дека правдата и одговорноста мора да дојдат, без оглед дали тие предмети ќе ги заврши СЈО, Обвинителство за организиран криминал или друго обвинителство.

 Во текот на разговорите дојдовме до прашањето околу статусот на обвинителството коешто би било правен наследник на СЈО. Знаете дека и во нашиот Предлог закон кој што е пуштен во Собрание, зборуваме за обвинителство коешто би значело спојување на СЈО и Обвиниелството за организиран криминал. Тука можеме да одиме во насока на уште поголемо приближување со тоа што СЈО би се приклонило или би се споило со Обвинителството за организран криминал, и тоа го понудивме во текот на разговорите. Зборуваме за принципиелност - во законот којшто ќе се однесува буквално за сите, тоа значи дека на оние на коишто мандатот им завршува – маднатот ќе им престане, значи нема продолжување на мандати, но на оние коишто имаат мандат со закон нема да им се кратат мандатите.

Во тој дел на маса зборувавме и околу мандатите на обвинителите – во Организиран криминал и во СЈО, Републичкиот, значи сите обвинители коишто се во државата. Разговаравме во делот што ќе значи решавање на статусот на лицата коишто се вработени во СЈО, и тоа лица коишто се вработени на неопределено работно време, односно неопределен работен однос, со тоа што идејата е тие лица да го продолжат својот работен век, односно да нема законско прекинување на вработувањата.

 Оние коишто се истражители во СЈО – за нив се разговара за две опции. Едната е да се префрлат целосно во Обвинителството за организиран криминал и корупција, а другата е да се вратат во МВР од коешто се дојдени, а потоа да бидат земени.. исто да се формира Истражен центар во рамките на Обвинителството за организиран криминал.

 Клучното прашање околу коешто не можеме да постигнеме согласност или да се доближиме, прашањето за предметите, а тоа е што со предметите коешто ги води СЈО? Нашиот предлог во законот, на којшто остануваме, е тие предмети да бидат трансферирани во Обвинителството за организиран криминал и да продолжат од точката во која што се стасани во СЈО – со цел да нема одолговлекување, да нема застој во постапките и да нема губење на докази. Мислам дека тоа е едно од клучните прашања. Се договоривме забелешките коишто ги има ВМРО – ДПМНЕ да ги преточи во амандмани, со оглед на тоа што законот утре влегува во Собраниска процедура, Комисиската расправа, колку што знам, треба да почне во четврток, до тогаш треба да бидат поднесени амандмани, така што на конкретен текст ќе се договориме, зависно од нивната спремност ќе седнеме во периодот до четврток.

 Јас се надевам дека утре, сите политички партии и пратенички групи коишто се во Собранието, ќе смогнат сили да водат сметка за иднината на нашата држава на патот на европските интеграции и ќе ја поддржат потребата за донесување на овој закон. Утре во Собрание се одлучува за потреба од носење на Законот – очекувам со консензус таа потреба да биде поддржана.

 Новинарски прашања и одговори:

 Сметате ли вие дека обвинителите од СЈО имаат кредибилетет да ги продолжат овие истраги со оглед на тоа што нивната шефица е осомничена за еден од овие случаи?

 Врзувањето на личната одговорност не треба да се врзува со колективната одговорност. Уништувањето или опстанокот на една институција не треба да зависи од тоа кој е на чело на таа институција. Видовме во изминатиот период дека има покренато постапки со сериозни обвинувања за високи функционери во претходната Влада, коишто беа на премиерски места, на министерски места и тоа не водеше до разградување на институциите - Владата се уште постои, МВР се уште постои, лицата коишто беа вработени во тоа време се останати таму. Така што, секој лично ја сноси својата одговорност, а не треба личната одговорност да се пренесува на целокупната институција. Ако беше така, ќе требаше да не остане институција во нашата држава имајќи во предвид што се се случувало во изминатите единаесет години.

 Очигледно дека не сте мрднале од тоа што бевте на претходниот состанок. Сакам да ви поставам едно прашање како политичар. Ветивте целосен реизбор на судии иако знаевте дека тоа практично е невозможно. Ветивте и реформи во правосудниот систем, еве ви завршува мандатот не можете да го направите тоа. Ветивте реформи во медиуите- не може ниту тоа да го направите. Дали потрошивте цел мандат за ништо, бидејќи главно ветување ви беше правда, правда за сите?

 Реизборот на судии е прашање за коешто ние политички сметаме дека треба да се реализира. Но, вие знаете дека реформите во делот на правосудството не се реформи коишто ние можеме да ги реализираме по слободна волја, туку се реформи за коишто се консултираме со Европската Унија и за некои добиваме зелено светло, за некои не добиваме зелено светло. Во моментот кога се разговарало за ветинг во рамките на судството јас бев во Министерството за образование и наука, но сум информирана дека  во тој момент не е добиено зелено светло од Брисел да се оди на ветинг. Така што ако треба да го ставите на вага, политичкото ветување и она што Брисел ќе ви го одобри како чекор напред во евроинтеграциите, јас секако, и да бев во Министерството за правда, ќе го одобрев она што значи зелено светло од Брисел за отворање на преговори. Така што во тој дел ние мораме да следиме определени насоки. Што се однесува во делот на реформите во судството – делот којшто се однесува на приближување на нашето законодавството, успешно го правиме. Владата она што го вети како сопствена програмска определба во приближување на законодавстовот– го прави. Но, она што останува, а тоа е имплементацијата на тие закони, свесни сме сите дека не е идеална, дека некои закони дури не се ни почнати да се имплементираат, но очекувам дека институциите во рамките на самото судство ќе профункционираат. За среќа тоа го видовме изминатиов период во функционирањето на Обвинителството за организиран криминал. Со жалење можеме да констатираме дека во минатото кога се формираше СЈО, основна причина беше што Обвинителството за организиран криминал во тоа време беше целосно блокирано и немаше ниту една суштинска постапка. Сега гледаме постапка којашто и тоа како фрла ново светло во работењето на ова Обвинителство. Така што, не би била толку голем песимист во однос на активностите коишто се преземени и резултатите коишто ги гледаме.

 Антонио Милошоски рече дека според нив со мандатот на Специјална обвинителка, им поминува мандатот и на останатите обвинители во СЈО.

 Во Законот за СЈО постои одредба дека нивниот мандат е пет години, и тие се избрани на пет години. Но, што е суштината на таа одредба? На сите ви е јасно дека Законот за СЈО беше преведуван од англиски јазик. Обвинителите, без Специјалниот јавен обвинител немаат мандат да преземаат ништо. Без потписот, или без овластувањето коешто е дадено, така што неспорно е дека имаат мандат од пет години, прашањето е што можат да преземаат во рамките на тој мандат, значи мандат како надлежност.

 Милошоски кажа дека на маса веќе не е она решение дека по автоматизам ќе биде преземена Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, од СЈО во Републичкото обвинителство.

 Последните случувања ви покажуваат дека Специјалната јавна обвинителка веќе не може да ја извршува функцијата во Обвинителството во коешто се наоѓа, така што беспредметно е да разговараме за било какви идни статусни промени. Секако дека важи презумпцијата на невиност, но очигледно, оние мерки коишто ги изрекол Судот, јас очекувам дека се засновани и врз основа на докази, така што апсолутно, иднината на иднината на Специјалниот јавен обвинител не треба да биде камен на сопнување во разговорите, тоа прашање станува беспредметно.

 Судски предмети веќе почнаа да се одложуваат, очекувате ли дека ќе се најде решение?

 Ние со сите сили ќе се обидуваме, но со почитување на црвените линии, бидејќи не е суштински само да донесеме закон, битен е и квалитетот на законот којшто ќе го донесеме. Секако, разговараме да обезбедиме мнозинство, но ако не се обезбеди тоа мнозинство очекувам Советот на Јавните обвинители да си ја изврши својата задача и да постапи, да овозможи континуитет во работењето на СЈО – да избере.

  

Со почит,

 

Министерство за правда

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<септември 2019>
повтсрчепесане
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
Архива на новости