Министерката Дескоска се сретна со делегација на Венецијанската комисија

06.09.2019 Новости-М

Mинистерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска во Министерството за правда се сретна со делегација на Венецијанската комисија предводена од шефот на делегацијата, Томас Маркерт.

Тема на состанокот за која се разговараше денес беше правниот аспект на измените и дополнувањата на Законот за употреба на јазиците, за кој Владата на Република Северна Македонија оваа година побара експертско мислење од Венецијанската комисија.

На состанокот, министерката Дескоска изрази благодарност до членовите на Венецијанската комисија за севкупната помош и поддршка изразена во текот на целиот реформски процес во Министерството за правда, како и во однос на побараното мислење за Измените и дополнувањата на Законот за употреба на јазиците.

Дескоска истакна дека секое мислење на Венецијанската комисија се ценело и било имплементирано во законските решенија како Законот за Судовите и Законот за Судскиот совет.

Во текот на дводневната посета која завршува денес, претставниците на Венецијанската комисија остварија бројни средби со претставници на политичките партии, министри и претставници на правосудни органи. 

 

Со почит,

 

Министерство за правда

 

 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
<ноември 2019>
повтсрчепесане
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
Архива на новости