Дескоска: Праведно е да се отворат преговорите – од заробена држава станавме држава со чиста препорака

04.10.2019 Новости-М

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска во Тирана на Конференција на високо ниво, насловена „It’s all about Justice“, изјави дека е праведно да се отворат преговорите за Република Северна Македонија.  

“Потврда на реформите и постигнатите резултати е позитивниот Извештај на Европската Комисија за 2019 година, и добиената чиста препорака за отпочнување на преговорите. Комисијата ја наведе нашата земја како позитивен и светол пример за другите земји. Поглавјето 23 е оценето како Поглавје во кое се бележи добар напредок. Севкупно, напредокот во владеењето на правото е најдобро оценет, во споредба со останатите држави од регионот“  - потенцираше Дескоска.

Дескоска се осврна на периодот кој го помина Република Северна Македонија и наодите во меѓународните извештаи во кои земјата ја носеше придавката „заробена“.

“Од заробена држава за неколку години станавме држава со чиста препорака“ – истакна министерката за правда.

Како дополнителна потврда за успехот на земјата во исполнувањето на европските стандарди, Дескоска ја наведе соработката со Венецијанската комисија која оцени дека правилната имплементација на законите од областа на судството може да обезбедат независност и ефикаснот на судството.

Според министерката Дескоска, добрососедските односи постигнати со договорите со Република Бугарија и Договорот со Република Грција за решавањето на спорот за името се само дел од низата успеси кои ги оправдуваат нашите очекувања да добиеме датум за почеток на преговорите.

 Дескоска наведе низа закони кои Министерството за правда ги има донесено за исполнување на европските стандарди во правосудството и дека токму тоа е клучното постигнување на државата.

На конференцијата учествуваат министрите за правда од Западен Балкан, претставници на граѓанските организации и експерти кои работат во областа владеење на правото. Покрај министрите за правда, на конференцијата учествуваше и Претседателот на Владата на Република Албанија, г. Еди Рама.

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<октомври 2019>
повтсрчепесане
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
Архива на новости