Дескоска во Бечиќи на конференција за несоодветно постапување на полицијата во вршењето на службата

18.10.2019 Новости-М

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска учествува на меѓународна конференција посветена на „Справување со несоодветното постапување на полицијата: Решавање на предизвиците содржани во пресудите на Европскиот суд за човекови права и телата на Советот на Европа“, која се одржува денеска во Бечиќи во организација на Советот на Европа.

 

На конференцијата се организираат повеќе сесии кои ќе адресираат различни аспекти и проблеми поврзани со несоодветното постапување на полицијата во вршењето на службата.

 

Обраќањето на министерката Дескоска ќе биде во рамки на сесијата посветена на „Зајакнување на одговорноста за несоодветното постапување во рацете на полициските службеници и другите органи за спроведување на законот, обезбедување на ефективни истраги, проблеми со пропишувањето на казните, улогата на судството: добри практики и начини за подобрување“.

 

На конференцијата учествуваат и високи претставници на Европскиот суд за човековите права, Европската Комисија и Советот на Европа, Обединетите нации, како и министри за правда и внатрешни работи од регионот.


Со почит,

Министерство за правда

 

 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
<ноември 2019>
повтсрчепесане
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
Архива на новости