Дополнителна јулска испитна сесија за полагање на правосудниот испит по нова програма

22.06.2020 Новости

 

На предлог на Министерството за правда, Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за правосудниот испит за време на вонредна состојба

Оваа Уредба се однесува само за кандидатите кои веќе започнале да го полагаат правосудниот испит или ги исполнуваат законските услови согласно новиот Закон за правосудниот испит („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 190/19). 

Со Уредбата се предвидува дополнителна јулска испитна сесија.

Кандидатот го пријавува учеството на дополнителната јулска испитна сесија од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила до 30 јуни 2020 година. 

Кандидатот се информира за датумот, времето и местото на полагање на испитот најмалку пет дена пред одржувањето на испитот преку веб страницата на Министерството за правда. Во рок од три дена по завршување на пријавувањето ќе биде објавен список на лица кои ги исполнуваат и не ги исполнуваат условите за полагање на испитот. 

Кандидатите кои го имаат пријавено полагањето на правосудниот испит во априлска испитна сесија 2020 година (по нова програма), треба да испратат известување во електронска форма до комисијата за оценување на исполнетоста за полагање на правосудниот испит, со цел да го потврдат или откажат полагањето во дополнителната јулска испитна сесија.


Контакт податоци:

vdelov@mjustice.gov.mk, и mbrindevska@mjustice.gov.mk

 
 
 Кандидатите кои за прв пат ќе го полагаат правосудниот испит се должни кон барањето за полагање на испитот да поднесат и докази за исполнетост на условите за полагање на испитот и тоа:
 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ за пријавување на правосуден испит:

Ø Барање со уплатница за административна такса од 50 денари (контакт адреса и телефон)

Ø Заверена кај нотар фотокопија од уверението или дипломата од Правен факултет.

Ø Потврда за работен стаж согласно Законот за правосуден испит (,,Службен весник на Република Mакедонија”бр.190/19)

Ø За волонтери кај адвокат, нотар или извршител потребна е потврда од соодветната Комора.

Ø Да се уплати 9.000,00 денари на уплатница ПП/50, со следниве податоци:

•         ЕМБГ - ______________________

•         Цел на дознака – за полагање на правосуден испит

•         Назив на примачот: Министерството за правда

•         Банка на примачот: Народна банка на РМ

•         Уплатницата на жиро сметка: 100000000063095

•         Износ 9.000,00 денари

•         Сметка на буџетски корисник 070010014063112

•         Приходна шифра и програма 723013 10

 

УПЛАТА НА АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА

Ø Административната такса се уплаќа на жиро сметка на образец ПП 50

Од десната страна :

•         Назив и седиште на примачот: Буџет на РМ

•         Банка на примачот: НБРМ

•         Трансакциска сметка: 10000000063095

•         Уплатна сметка: 840 Шифра на општината 03161

•         Приходна шифра и програма: 722313 00

Од лева страна:

•       Назив и седиште на налогодавачот: Ваше име и презиме

•         Даночен број или ЕМБГ: Вашиот матичен број

 

•         Цел на дознаката: Административна такса за правосуден испит

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<септември 2020>
повтсрчепесане
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
Архива на новости