Министерот за правда Бојан Маричиќ се сретна со обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска

15.09.2020 Новости-М

 

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретна со Основната јавна обвинителка за гонење на организиран криминал и корупција, г. Вилма Русковска.

На средбата со обвинителката Русковска, министерот Маричиќ дискутираше околу потребите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, подготовките на Република Северна Македонија за почеток на преговорите со ЕУ, како и зголемување на ефикасноста во постапувањето по предметите.

Министерот за правда Бојан Маричиќ истакна дека ќе биде поддршка во процесот на кадровското зајакнување со стручни соработници и подобрување на капацитетите на обвинителството со цел поефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата. 

Воедно, во поглед на почетокот на преговорите и отворањето на Поглавје 23 – Правосудство и фундаментални права, министерот Маричиќ истакна дека во фокусот на преговорите ќе биде судската и обвинителската пракса и имплементацијата на законите.

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<септември 2020>
повтсрчепесане
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
Архива на новости