Кандидатите кои за прв пат ќе го полагаат правосудниот испит се должни кон барањето за полагање на испитот да поднесат и докази за исполнетост на условите за полагање на испитот и тоа:
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ за пријавување на правосуден испит:
Ø Барање со уплатница за административна такса од 50 денари (контакт адреса и телефон)
Ø Заверена кај нотар фотокопија од уверението или дипломата од Правен факултет.
Ø Потврда за работен стаж согласно Законот за правосуден испит (,,Службен весник на Република Mакедонија”бр.190/19)
Ø За волонтери кај адвокат, нотар или извршител потребна е потврда од соодветната Комора.
Ø Да се уплати 9.000,00 денари на уплатница ПП/50, со следниве податоци:
• ЕМБГ - ______________________
• Цел на дознака – за полагање на правосуден испит
• Назив на примачот: Министерството за правда
• Банка на примачот: Народна банка на РМ
• Уплатницата на жиро сметка: 100000000063095
• Износ 9.000,00 денари
• Сметка на буџетски корисник 070010014063112
• Приходна шифра и програма 723013 10
[Постои опција за плаќање со ПОС терминал.]
УПЛАТА НА АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА
Ø Административната такса се уплаќа на жиро сметка на образец ПП 50
Од десната страна :
• Назив и седиште на примачот: Буџет на РМ
• Банка на примачот: НБРМ
• Трансакциска сметка: 10000000063095
• Уплатна сметка: 840 Шифра на општината 03161
• Приходна шифра и програма: 722313 00
Од лева страна:
• Назив и седиште на налогодавачот: Ваше име и презиме
• Даночен број или ЕМБГ: Вашиот матичен број
• Цел на дознаката: Административна такса за правосуден испит
[Постои опција за плаќање со ПОС терминал.]