Правосуден испит
Правосудниот испит се полага во пет испитни сесии и тоа: февруарска, априлска, јунска, октомвриска и декемвриска.
Испитот се пријавува од 1-ви до 15-ти јануари, март, мај, септември и ноември.
Кандидатот кој го започнал полагањето на еден од испитите, потребно е целосно да го положи во пет последователни испитни сесии.
Откако кандидатот ќе го положи писмениот дел од испитот по предметите Кривично право и Граѓанско право се стекнува со право за полагање на усниот дел од испитот по предметите во истата сесија кога го полагал и писмениот дел.
За секоја наредна испитна сесија кандидатот поднесува Барање за полагање на правосудниот испит со уплата на административна такса од 50 денари до архивата на Министерството за правда.
УПЛАТА НА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ
Уплатата за полагање на правосудниот испит се врши еднаш и се доставува со останатите документи до архивата на Министерството за правда, кога испитот се пријавува за прв пат. За секое наредно пријавување на дел од испитите, се поднесува Барање со уплата на административна такса од 50 денари.