Правосуден испит

Испитот се полага заради проверка на стручната оспособеност на лицата кои имаат завршено четиригодишно високо образование на правни студии VII/1, како и лицата кои студирале правни студии според Болоњската декларација и имаат 300 кредити според европскиот кредит -трансфер систем (ЕКТС) (во натамошниот текст: дипломираните правници) за самостојна примена на прописите во практиката и вршење на правни работи за кои со закон е предвиден тој услов.

Кандидатот кој го започнал полагањето на еден од испитите, потребно е целосно теоретскиот дел да го положи во три последователни испитни сесии.

Откако кандидатот ќе ги положи сите испити од теоретскиот дел има право да ги полага студиите на случај, кои кандидатот треба да ги положи во две последователни испитни сесии откако стекнал право да полага студија на случај.

Доколку кандидатот не ги положи сите испити во една испитна сесија тогаш за секоја наредна испитна сесија кандидатот поднесува Барање за полагање на правосудниот испит до архивата на Министерството за правда.


Испитот се состои од писмен и устен дел.

Писмениот дел се полага по предметите

  • Кривично и
  • Граѓанско право.

Усниот дел се полага по предметите:

  • Кривично право (кривично материјално и процесно право),
  • Граѓанско право (граѓанско материјално и процесно право),
  • Трговско право,
  • Трудово право,
  • Уставно уредување на Република Северна Македонија и Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи,
  • Организација на правосуден систем и управно право и
  • Судир на закони и меѓународна правна помош