Правосуден испит

Правосудниот испит се полага во пет испитни сесии и тоа: февруарска, априлска, јунска, октомвриска и декемвриска.

Испитот се пријавува од 1-ви до 15-ти јануари, март, мај, септември и ноември.

Барањето за полагање на испитот кандидатот се поднесува до Министерството за правда

Кон барањето за полагање на испитот кандидатот е должен да поднесе докази за исполнување на условите за полагање на испитот, утврдени со овој закон.

Испитот се полага заради проверка на стручната оспособеност на лицата кои имаат завршено четиригодишно високо образование на правни студии VII/1, како и лицата кои студирале правни студии според Болоњската декларација и имаат 300 кредити според европскиот кредит -трансфер систем (ЕКТС) (во натамошниот текст: дипломираните правници) за самостојна примена на прописите во практиката и вршење на правни работи за кои со закон е предвиден тој услов

Кандидатот кој го започнал полагањето на еден од испитите, потребно е целосно теоретскиот дел да го положи во три последователни испитни сесии.

Откако кандидатот ќе ги положи сите испити од теоретскиот дел има право да ги полага студиите на случај, кои кандидатот треба да ги положи во две последователни испитни сесии откако стекнал право да полага студија на случај.

Доколку кандидатот не ги положи сите испити во една испитна сесија тогаш за секоја наредна испитна сесија кандидатот поднесува Барање за полагање на правосудниот испит до архивата на Министерството за правда.

Испитот се состои од писмен и устен дел.

Писмениот дел се полага по предметите

  • Кривично и
  • Граѓанско право.

 

Усниот дел се полага по предметите:

  • Кривично право (кривично материјално и процесно право),
  • Граѓанско право (граѓанско материјално и процесно право),
  • Трговско право,
  • Трудово право,
  • Уставно уредување на Република Северна Македонија и Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи,
  • Организација на правосуден систем и управно право и
  • Судир на закони и меѓународна правна помош

 

УПЛАТА НА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ

Уплатата за полагање на правосудниот испит се врши еднаш и се доставува со останатите документи до архивата на Министерството за правда, кога испитот се пријавува за прв пат. За секое наредно пријавување на дел од испитите, не се уплатуваат средства.

Кандидатите кои за прв пат ќе го полагаат правосудниот испит се должни кон барањето за полагање на испитот да поднесат и докази за исполнетост на условите за полагање на испитот и тоа:

  • Барање со уплатница за административна такса од 50 денари (контакт адреса и телефон)
  • Заверена кај нотар фотокопија од уверението или дипломата од Правен факултет.
  • Потврда за работен стаж согласно Законот за правосуден испит (,,Службен весник на Република Mакедонија”бр.190/19)

За волонтери кај адвокат, нотар или извршител потребна е потврда од соодветната Комора.Да се уплати 9.000,00 денари на уплатница ПП/50, со следниве податоци:

  • ЕМБГ - ______________________
  • Цел на дознака – за полагање на правосуден испит
  • Назив на примачот: Министерството за правда
  • Банка на примачот: Народна банка на РМ
  • Уплатницата на жиро сметка: 100000000063095
  • Износ 9.000,00 денари
  • Сметка на буџетски корисник 070010014063112
  • Приходна шифра и програма 723013 10