Заменик министер

img

Заменик министер

Агим Нухиу

Проф. Др. Агим Нухиу – редовен професор, е роден на 24 август 1977 година, во с. Слатина - Тетово. Со голем успех го завршил основното образование во местото на раѓање а средното образование во гимназијата во Тетово. Основните студии за правда ги завршил на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово со просечна оценка  9.09 и добил звање Дипломиран правник. Во текот на учебната 1999/2000 година е прогласен за најуспешен студент во студиите за правда.

Ги продолжил постдипломските магистерски студии на двете универзитети. Магистрирал во Департаментот за Граѓанско право на Правниот факултет при Универзитетот во Тирана во 2007 година, со просечна оценка 9.43 и се стекнал со научна квалификација Магистер по Граѓанско право.

Во 2008 година, има завршено пост-дипломски магистерски студи и врз Програмата на Катедрата на граѓанското право во  правниот факултет при Универзитетот во Приштина и има добиено научен степен Магистер на науки во граѓанското право.

Постдипломските докторски студии ги следел во Департаментот за Граѓанско право на Правниот факултет при Универзитетот во Тирана во период  2009-2013 година. Во јавната одбрана, докторската дисертација под наслов: "Правото на осигурување во автомобилските  несреќи во Македонија" е оценет со 94 поени од стручната комисија и на му е доделен научната квалификација Доктор на граѓанското право.

Работно искуство

ПОЛИТИЧКО ИСКУСТВО:

  • Министер за Внатрешни работи во Пржинска влада, 2020;
  • Заменик министер за Внатрешни работи, 2017-2020;
  • Министер за Внатрешни работи во Пржинска влада, 2017;
  • Заменик министер за Внатрешни работи, 2016;

 

УНИВЕРЗИТЕТСКО  ИСКУСТВО: 

По дипломирањето и завршувањето на основните правни студии, во учебната 2000/2001, е ангажиран како соработник  во звање асистент за предметите од граѓанското право. Во 2004 год. од страна на Матичната комисија за основање на Државниот универзитет во Тетово беше избран за соработник во звање помлад  асистент за предметот "Граѓанско право – општ и стварен дел". Во 2009 година, проф. д-р. Агим Нухиу е реизбран за соработник на звање асистент по предметите: „Граѓанско право – општ и стварен дел“ и „Граѓанско процесно право“ *, додека во 2013 година е избран за доцент по предметите „Граѓанско право“ и „Граѓанско процесно право“, а во 2017 година, согласно член 136 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 35/2008) е избран за вонреден професор по предметите: „Граѓанско право - општ и стварен дел„ и “Граѓанско процесно право“ ( Избор во повисокото наставно-научно, наставно, научно и соработничко звање може да се врши пред истекот на периодот за кој е извршен изборот на постојаното звање, доколку наставникот, односно соработникот ги исполнил условите за избор за повисокото звање и со својата научна и наставна работа особено придонел за развојот односно примената на научната, односно уметничката дејност за која е избран и има објавено научни и стручни трудови, по истекот на најмалку половина од времето за кое е извршен изборот. По исклучок лице може да биде избрано во повисоко наставно-научно, наставно, научно или соработничко звање и порано, пред истекот на најмалку половина од времето за кое е извршен изборот во постојаното звање, доколку покрај условите од ставот 1 на овој член има објавено најмалку два научни или стручни труда во престижните меѓународни списанија со импакт фактор или пак тие се цитирани во истите. Иницијатива за избор во повисоко звање пред истекот на рокот, треба да дадат најмалку два института, односно катедри од сродни научни области. Постапката за предвремен избор во повисоко звање се спроведува согласно со членовите од 131 до 134 од овој закон. Универзитет, односно самостојната високообразовна установа распишува конкурс и ја спроведува постапката за предвремен избор во високо звање, во согласност за единствените критериуми за избор во звања и правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставни и соработнички звања.). Во 2022 година Агим Нухиу е избран за редовен професор на Правниот факултет при Универзитетот во Тетово - од областа Граѓанско право. Проф. д-р Агим Нухиу, од 2013 година е ангажиран и во постдипломските мастер и докторски студии во Правниот факултет при Тетовскиот Универзитет и во Меѓународниот Универзитет во Струга.

 

ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО

Проф. др. Агим Нухиу од 2010 год. е член на Комисијата за заштита од дискриминација на Република Македонија. Во 2011 година  е назначен за Претседател на истражувачкиот научен  Форум на Здружението на правници Албанци во Македонија. Од 2008 година тој е член на стручниот испит за застапник на заштита на индустриска сопственост при Заводот за индустриска сопственост на РМ и предавач по предметот "Облигациони односи  и мерки на осигурување". Во 2008-2010 година бил член на Комисијата за државна матура во Министерството за образование и наука на Република Македонија. На 5 декември 2008 година од страна на Владата на Република Македонија е назначен како член на Комисијата за изготвување за почеток со работа на Факултетот за медицински науки и на Факултетот за бизнис администрација на Државниот Универзитет во Тетово. Во периодот 2008 - 2010 година тој бил  член на Одборот за акредитација на високообразовните институции во Македонија. Во периодот од 2004 – 2008 година, бил член на Статутарната – Правна Комисија на Општина  Теарце, додека во текот на 2002 – 2007 година бил Заменик/Претседател на Управниот Одборот на Институтот за здравствена заштита во – Тетово.  во текот на периодот 2002-2007.

Додека работел во универзитет, Агим Нухиу бил вршител на должност на Деканот на Правниот факултет (2009-2010), Продекан за настава (2006 - 2007), Координатор за ЕКТС (2005 - 2006), Член на Сенатот на Тетовскиот Универзитет (2003).

Учесник во научни конференции:

ДЕЈНОСТИ ОД ПОШИРОК ИНТЕРЕС

  • Учесник на настанот посветен на „Унапредување на квалитетот на медијацијата“ организиран од Академијата за судии и јавни обвинители, Комора на медијатори, Институтот за европска политика - ЕПИ и Амбасадата на Кралството Холандија – (03.05.2022 година, Скопје);
  • Учесник на Регионалниот форум „Борба против корупцијата: Западен Балкан во фокус“- (07.04.2022 година, Скопје);
  • Учесниците на V- та  Меѓународна судска конференција „Независноста на судството во текот на реформскиот процес - очекувањата и реалноста“ го потврдивме ставот дека дигитализацијата и модернизацијата на судството ќе бидат на врвот на нашата агенда – (24.03.2022 година, Скопје);
  • Учесник на академската и научната дебата за кодификација на граѓанското право – (18.03.2022 година, Скопје);
  • Учесник на регионалниот состанок во Приштина на кој беше оценето дека собирањето, обработката и анализата на статистичките податоци за кривично – правниот систем, а особено за конфискацијата на имот, е еден од клучните сегменти на напредокот во оваа област. И токму заради тоа, го истакнавме процесот на дигитализација во судството на нашата земја, на кој интензивно се работи и кој значително ќе придонесе за подобрување на состојбите со статистиката во оваа област. Во овој процес посебно внимание посветуваме на интероперабилноста и поврзаноста на сите органи кои се вклучени во кривично - правниот систем, како што се полицијата, јавното обвинителство, судовите, Агенцијата за управување со одземен имот, затворите и др.. – (01.03.2022 година, Приштина);
  • Учесник на Конференцијата на министрите за правда на Советот на Европа –   (13-15.12.2021, Венеција – Италија);
  • Учесниците на завршната конференција „Уставен суд на Република Северна Македонија - искуство и перспективи“ уште еднаш ја истакнавме  важноста на Уставниот суд за владеењето на правото, правниот поредок, правната сигурност, заштитата на слободите и човековите права и на граѓанинот - (16.09.2022 година, Скопје);
  • Учесник на работилница заедно со амбасадорот на ОБСЕ, г. Клеменс Која, амбасадорката на Германија, г-ѓа Анке Холштајн и г-ѓа Џоана Катцман, претставничка на Амбасадата на САД во Скопје, учествувавме  на работилницата: „ Addressing Organized Crime and Corruption through the Re-use of Confiscated Criminal Assets North Macedonia“ -  (10.12.2021, Скопје);
  • High - Level Meeting of the France - German Coordination Initative on the Implemantion of the Roadmap for Comprehensive Small Arms and Light Weapons Control in the Western Balkans! -  (31.1.2020,  Berlin Germany);
  • The Steering Group Meeting of the ICMPD (International Centre for Migration Policy Development) under our ministry presidency,  - (14.5.2019, Охрид); 
  • Учесник на конференцијата „ Taking Stock of Efforts to Prevent and Counter Terrorism as well as Violent Extremism and Radicalization that lead to Terrorism in the OSCE Area”  -(25.03.2019, Братислава, Словачка);
  • Учесник на третата меѓународна конференција за насилен екстремизам и тероризам. -  (16.10.2018 година, Инекс Олгица Охрид),
  • Учесник на конференцијата „Facing mixed – migration related  challenge in the region„  - (7.06.2018, Босна и Херцеговина);
  • Учесник на регионалната конференција за зајакнување на соработката на општинско ниво за превенција и заштита на жените од семејно насилство во регионот на Пелагонија - (06.03.2018 година, Капри Хотел, Битола);
  • Учесник на состанокот организиран од SEESAC и германските власти за контрола на малото и лесното оружје во Југоисточна Европа -  (1.02.2018, Хилтон Подгорица, Црна Гора);
  • Учесник на состанокот поврзан со регионалниот проект iPROCEEDS на Европската Унија и Советот на Европа, целта беше МВР да воспостави ефективни механизми за соработка, зајакнување и усогласување на капацитетите за истрага, заплена и конфискација на имот од компјутерски криминал -  (20.12.2017 година);
  • Учесник во проектот Drafting of the Law on Notaries of Macedonia, Deutsche Gesellschaft fur Internationale zusammenarbeit (GIZ), GmbH, 12.10-15.12.2012;
  • Учесник во кампањата, Реализација на концептот на медијација во Република Македонија, Министерство за правда на Република Македонија, 2012;
  • Учесник на меѓународна конференција “The integration of the southeastern Europe in the European Union – Challenges” Тетово, 29-30 јуни 2013 год.
  • Учесник во својство на експерт во текот на 2012 година во проектот “Drafting of the Law on Notaries of Macedonia, Deutsche Gesellschaft fur Internationale zusammenarbeit (GIZ), GmbH”.
  • Ангажиран од Министерство за правда на Република Македонија во текот на 2012-2013 година во спроведувањето на Концептот за медијација во Република Македонија.
  • Ангажиран од Министерство за правда на Република Македонија во Работната група за подготовка на Извештајот за степенот на усогласеност на граѓанското законодавство на Македонија со она на Европската Унија.
  • Учесник на научната активност организирана од Правниот факултет на Универзитетот во Тирана со тема “Non discrimination as a constitutional principles of right of Macedonia, International Scientific Conference " Private law in 100 years of Albanian State”.
  • Учесник во 2012 година во научната дејност на Здружението на правниците албанци на Македонија во Скопје со тема “Institutional framework for the protection discrimination in Macedonia, International Scientific conference " Legal scientific thought in the era of integration and globalization" Association of Albanian lawyers of the Republic of Macedonia, 
  • Учесник на VI Конгрес на општествените науки на Балкан, Турција – Македонија, во 2012 година, со тема “Social character of automobile liability insurance”.

 

СТУДИСКА ПОСЕТА И ОБУКИ

Проф. д-р Агим Нухиу бил за студиски посети и обуки во некои центри како што се: Study visit of Commision for Protection from Discrimination, Macedonia,  Бруксел - Белгија (23-27 мај 2012);  Study visit of Commision for Protection from Discrimination, Macedonia,  Даблин - Ирска (13-17 јуни 2011); Tempus project Strengthening Quality Assurance System within Western Balkans HEIs in support of National and Regional Planning, Erasmus College, Бруксел - Белгија (27-28 јануари 2011); Tempus project Strengthening Quality Assurance System within Western Balkans HEIs in support of National and Regional Planning, Виена - Аустриа – Аликанте - Шпанија, (12 – 17 јули 2010); School of global studies, University of Gothenburg,  Шведска (7 – 10 јуни 2010); Дипломатската Академија на Виена, Виена – Австрија (7-10 мај 2010).

Објавени книги и трудови

 НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА ДЕЈНОСТ

       Покрај ангажирањето во наставниот процес, постојано се занимава и со научно истражување од областа на правото и пошироко. Научно-истражувачката дејност се состои од научни трудови објавени во меѓународни научни списанија и со учество на меѓународни научни собири.