Политика на приватност

 

Политика на приватност

 

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.

 

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Министерство за правда (во натамошниот текст: Министерството), со седиште на ул. Димитрие Чуповски бр.9, Скопје, Република Северна Македонија.

Министерството е самостоен и независен државен орган посветен на заштитата на обработката на личните податоци и приватноста на физичките лица.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

 

Чии податоци собираме

Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • Посетители на нашата интернет страна www.pravda.gov.mk: Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте во нашата политика за користење на колачиња.
  • Баратели и други физички лица во врска со поднесување на барања: Овие барања содржат информации за идентитетот на подносителот на барањето и лични податоци на други лица вклучени во барањето кои се потребни за постапување согласно нашите овластувања.
  • Лицата кои врз основа на Законот за заштита на лични податоци поднесуваат известувања и барања до Министерството: Во овие случаи ова може да вклучува и лични податоци на контролорот (во случај на физичко лице, на пример трговец поединец) и на соодветниот офицер за заштита на личните податоци. Во секој случај, овие податоци имаат ограничен обем (како на пример име и презиме и контакт податоци) и се тесно поврзани со професионалните активности на контролорот.
  • Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер: За да се обработат барањата за пристап до информации од подносителите се бара да достават одредени податоци, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
  • Учесници на обуки, конференции и настани: Лични податоци за цели на спроведување на обуки и настани организирани од Министерството.

 

Категории на податоци кои се обработуваат

1. Податоци за навигација

При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на Министерството;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб-страна.

 

2. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб-страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања за консултација, истрага, корективни санкции, давање одобренија и советодавни овластувања (вклучувајќи податоци потребни за усогласување со законските и регулаторни барања), како што се поставување на прашања и/или мислења за различни прашања од областа на заштитата на личните податоци, обезбедување на повратни информации, поднесување на барања и иницијативи за спроведување на супервизија, учество на нашата мрежа за офицери за заштита на лични податоци, пријавување на злоупотреба на лични податоци на социјалните мрежи, пријавување на збирки на лични податоци со висок ризик и/ или повреда на лични податоци или барање на било која друга административна услуга од Министерството.

Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, email и потпис. Во нашите Годишни извештаи вообичаено се наведуваат статистички податоци за бројот на барањата и/или иницијативите кои пристигнале, во форма која не открива нечиј идентитет.

 

Како ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

  • преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;
  • преку нашите е-пошта адреси: @pravda.gov.mk
  • преку пошта,
  • по факс,
  • усмено.

За усните барања, се подготвува записник кој се потпишува од страна на лицето кое го поднело усното барање и од страна на лицето вработено во Министерството, кое го составило записникот и заведено во архивата на Министерството.

 

Категории на корисници на лични податоци

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на Министерството, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:

во случај на ангажирање на даватели на услуги ако Министерството ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на Министерството и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.

 

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на Министерството.

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Никола Бабановски на следниов e-mail: nbabanovski@mjustice.gov.mk

 

Право на поднесување на барање до АЗЛП

Ако сметате дека начинот на кој Министерството ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до АЗЛП како надзорно тело, по која ќе се постапува согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.

Барањето може да се поднесе преку веб страната на АЗЛП или на било кој начин преку контакт информации објавени на https://dzlp.mk/mk/kontakt.

 

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.