Листа на информации

Министерството за правда согласно член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер   („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19) за службено лице за посредување со информации од јавен карактер го определи:  Марина Цветковски.
 
Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Министерството за правда  со пополнување на - Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на Министерството или да го симнат тука.
 
Барањето за информација може да се достави во писмена форма по  пошта   на адресата на Министерството за правда - ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 9, 1000 Скопје,  лично во архивата на Министерството.
 
Граѓаните може да се информираат за  сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон: (02)  3 116 123 л. 462.
 
 
 

Офицер за заштита на лични податоци | Политика за користење на колачиња | Политика на приватност