Имплементација на конвенцијата на ОН против корупцијата

Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата, усвоена во октомври 2003 година со Резолуцијата 58/4 на Генералното собрание на Обединетите нации, претставува единствен обврзувачки глобален анти-корупциски меѓународен инструмент.

Конвенцијата е потпишана од страна на Република Македонија, на 18-ти август 2005 година, и истата е ратификувана во април 2007 година и е во сила од 13-ти мај 2007 година.

Закон за ратификација на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата

Механизмот за преглед на имплементацијата на Конвенцијата е утврден и се спроведува согласно член 63 од Конвенцијата и Резолуцијата 3/1 усвоена од Конференцијата на државите-страни на Конвенцијата на  13 ноември 2009 година.

Прегледот на имплементацијата на Конвенцијата е процес на меѓу-државен преглед кој им помага на државите-страни ефективно да ги имплементираат одредбите на Конвенцијата. Секоја од државите-страни е предмет на преглед од страна на други две држави-страни од кои една е од истата регионална група. Државите-страни кои го вршат прегледот се избираат по пат на ждребување.

Повеќе информации во врска со процесот за преглед на имплементацијата на Конвенцијата се достапни на веб-страницата на УНОДЦ.

Со досега преземените активности од страна на Министерството за правда, особено во спроведувањето на вториот циклус на преглед, во поголем обем се применуваат добрите пракси за отвореност и транспарентност на процесот за преглед на имплементацијата на Конвенцијата и принципите од Заложбата за транспарентност во процесот за преглед на имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата, потпишана на 13-ти април 2020 година, по иницијатива на УНКАК коалицијата.

 

Заложба за транспарентност во процесот за преглед на имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата (МК) (АНГ)

 

Нацрт -  план на активности за ажурирање на податоците кои се клучни за опсервациите дадени во Извештајот од прегледот спроведен од Црна Гора и Република Молдавија за имплементација на членовите 5-14 и 51-59 од Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата за циклусот на преглед 2016-2021 година и за надминување на предизвиците идентификувани во рамки на вториот циклус на преглед на имплементацијата на Конвенцијата, 2021-2024 година.