Врз основа на член 87-а од Законот за судовите (,,Службен весник на Република Северна Македонија’’бр.58/06, 35/08, 150/10, 83/18, 198/18 и 96/19) и Правилникот за составот и начинот на работа на Советот за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи ( “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.129/21), министерот за правда донесе Одлука за основање на Совет за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи, во состав:
ЧЛЕНОВИ:
- д-р Лазар Нанев, Претседател на Основниот суд Кавадарци, Претседател на Советот за ИКТ
- д-р Гордана Лажетиќ, редовен професор на правниот факултет "Јустинијан Први"- Скопје, Заменик претседател на Советот за ИКТ
- Александра Вуковиќ, СЕП, член на Советот за ИКТ
- Михајло Војтикив, информатичар, Министерство за правда, член на Советот за ИКТ
- Весна Бојаџиевска, Раководител на служба за информатика, Врховен суд на Република Северна Македонија, член на Советот за ИКТ
- Лорета Горгиева, Судски совет на Република Северна Македонија, член на Советот за ИКТ.
- Миљазим Мустафа, Судски совет на Република Северна Македонија, член на Советот за ИКТ
- м-р Фатиме Фетаи, јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, член на Советот за ИКТ
- Трајче Пеливанов, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, член на Советот за ИКТ
- Ирена Димовска, советник, Јавно обвинителство на Република Северна Македонија и член на Советот за ИКТ
- Катерина Мишковска, информатичар, Совет на Јавните обвинители на Република Северна Македонија, член на советот за ИКТ
- Фросина Тасевска, Државен советник во Министерството за правда, член на Советот за ИКТ
СЕКРЕТАР:
Ирена Шекуткоска Јанакиевска, советник во Министерството за правда.
Советот за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи се основа како оперативно стручно тело составено од претставници на правосудните органи.
Во рамките на своите активности Советот за ИКТ предлага, создава, спроведува и обезбедува ИКТ решенија, што имаат за цел зголемување на ефикасноста и транспарентноста на правосудниот систем, како и централизирање на информатичките системи воспоставени во Судскиот совет на Република Северна Македонија, Советот на Јавни обвинители на Република Северна Македонија, Врховниот суд на Република Северна Македонија, сите судови и обвинителства, Министерството за правда, Управата за извршување на санкции и казнено-поправните и воспитно-поправните установи и Акакдемијата за судии и јавни обвинители, а заради обезбедување на брз, автоматизиран и непречен пристап до податоци, како и нивна меѓусебна интероперабилна размена.