Сектор за меѓународна правна соработка

Раководител на сектор

Тања Кикерекова

 Контакт телефон:   , локал:  

Моб: 076-404-460

e-mail: tkikerekova@justice.gov.mk

Во Секторот за меѓународно-правна соработка се вршат работите што се однесуваат на остварување на меѓународната соработка, остварување на процесот на интеграција на Република Македонија во НАТО, човековите права и координација на активностите против корупцијата.

Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку: 

  • Одделение за меѓународно-правна соработка и соработка со НАТО;
  • Одделение за човекови права и компаративно-правни анализи;
  • Одделение за координација на активностите против корупцијата.

 

Одделение за меѓународно-правна соработка и соработка со НАТО


 

Контакт телефон:   локал: 

Моб: 

e-mail: 

Во Одделението за меѓународно-правна соработка и соработка со НАТО се вршат следните работи и задачи :

  • следење на меѓународно-правниот поредок, подготвување предлози за поведување на постапка за потпишување и ратификација на меѓународно-правни инструменти со анализа на законската регулатива,
  • изготвување на мислења за потребите од пристапување кон конвенции и протоколи од надлежност на други министерства;
  • соработка со Европскиот Комитет за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (КПТ), заради исполнување на обврските содржани во Европските конвенции за човекови права и за заштита од мачење и нечовечко или понижувачко постапување или казнување; организирање на посетите на КПТ на судовите и затворите, произнесување по неговите извештаи за констатираните состојби и постапување по препораките и забелешките;
  • континуирана соработка и поддршка на активностите на Кривичниот суд за поранешна Југославија (Хашки Трибунал), како и во спроведувањето на истрагите и гонењата на лицата обвинети за сериозни кршења на меѓународните норми;
  • активности за континуирана соработка со меѓународните органи и организации (ООН, СЕ, ОБСЕ, ОЕЦД), нивните тела, органи и комитети, активности за реализација на нивните препораки и следење на имплементацијата на препораките;
  • учество во активностите за реализација на обврските што произлегуваат од Акциониот план за членство и изготвување и спроведување на Годишните Национални програми на Република Македонија за подготовка за членство во НАТО;
  • изготвување на информации за напредокот на Република Македонија во реализацијата на Годишната национална програма за членство во НАТО
  • редовно учество на состаноците на Република Македонија со Северно Атлантскиот Совет на НАТО (26+1) во Брисел;
  • учество во експертските тимови на Работниот комитет за интеграција на Република Македонија во колективните системи за одбрана;
  • следење на спроведувањето на СОФА договорот и Основниот договор со  техничките анекси, помеѓу Република Македонија и НАТО, за дејствување на НАТО мисии во Република Македонија, во делот од надлежност на Министерството за правда.
  • редовно учество на состаноци на Република Македонија со НАТО Комитетот за политика и планирање;
  • учествува во активностите за реализација на обврските што произлегуваат од Акциониот План за членство во НАТО и во експертски работни групи за усогласување на националното законодавство со актите на НАТО. 

 

 

 

 


Одделение за човекови права и компаративно-правни анализи


Лице за контакт:   

Контакт телефон: 3116 123,  локал: 

Моб: 

e-mail: 

 Во Одделението за човекови права и компаративно-правни анализа се вршат следните работи и задачи :

  • активности во насока на подготвување на иницијални, редовни и периодични извештаи за компатибилноста на националното законодавство со ратификуваните меѓународни инструменти, учество во одбраната на извештаите што произлегуваат како обврска од истите;
  • подготвување на извештаи за реализација на обврските што произлегуваат од меѓународните документи за националните малцинства;
  • активности за реализација на препораките од меѓународните организации, дисеминација на релевантните препораки и материјали до надлежните органи и одговорните државни службеници, иницирање и реализирање на национални активности (предлагање на законски решенија или други активности) за имплементација на препораките и следење на нивната имплементација;
  • комуникација со надлежните судови, прибирање на релевантна документација и други активности врз основа на поднесени индивидуални барања против Република Македонија, пред Комитетот за човекови права на ОН;
  • активности за континуирана соработка со меѓународните органи и организации (ООН и СЕ) нивните тела и комитети како и  активности за u~estvo vo реализација на програми и проекти;
  • континуирана соработка со СЕ на планот на превенција и борба против трговија со луѓе и имплементација во националното законодавство на мерките и стандардите на СЕ;
  • активности за соработка со невладиниот сектор, и активности за реализација на заеднички проекти и програми;
  • постојано следење на примената на Европската конвенција за човекови права, и други документи за слободите и правата и на нивно имплементирање во националното законодавство и подготвување на извештаи за реализација на обврските;
  • активности за промовирање, воспоставување и унапредување на еднаквите можности во Министерството за правда и координација со Министерството за труд и социјална политика;
  • активности за спроведување на стратегии/акциски планови од областа на недискриминација, еднаквоста, унапредување на правата на лицата со попреченост и сексуалната злоупотреба на деца,
  • активности на следење на меѓународните и домашни стандарди за правда за децата и усогласување на домашниот правен поредок со меѓународните стандарди за правата на детето;
  • изготвување информации и анализи за примената на Законот за  правда за децата;
  • соработка со меѓународно организации во областа на правата на децата.


Одделение за координација на активностите против корупцијата


Лице за контакт:  Елена Димовска - Советник за следење на анти-корупциската правна рамка

Контакт телефон: 3116 123,  локал: 256

Моб:  076-404-453

e-mail: еdimovska@justice.gov.mk

 Во Одделението за координација на активностите против корупцијата се вршат следните работи и задачи :

  • координација на работата на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупција и подготовка на извештаи за неговата работа;
  • активности за соработка со Советот на Европа на планот на борбата против корупцијата преку учество во ГРЕКО (Група на држави за борба против корупцијата), следење на имплементацијата на препораките на ГРЕКО, подготвување на материјали и одбрана на Извештаите за оценка;
  • учество во активностите во рамките на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа  и други регионални иницијативи и форми на соработка, преземање на активности за реализација на проектите, препораките и декларациите во рамките на овие иницијативи, како и следење на нивната имплементација;
  • континуирана соработка со Канцеларијата на Обединетите Нации за дроги и криминал – UNODC и други агенции на Обединетите Нации на планот на борбата против корупцијата;
  • соработка со Регионалниот совет за соработка (РСС);
  • соработка со Регионалната анти-корупциска иницијатива (РАИ);
  • континуирано следење на анти-корупциската правна рамка на Република Македонија;
  • континуирано следење на меѓународните стандарди и инструменти во областа на борбата против корупцијата и активностите за усогласување на домашното анти-корупциско законодавство со истите;
  • собирање и анализа на статистички податоци за работата на правосудните органи во однос на предметите за корупција;
  • соработка со домашни и меѓународни невладини организации од областа на анти-корупцијата.