Сектор за Европска унија
Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку
Во Секторот за Европска унија се вршат работите од делокругот на Министерството што се однесуваат на остварување на процесот на европска интеграција меѓу Република Македонија и Европската унија.
Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку:
- Одделение за преговори и интеграција;
- Одделение за ИПА проекти.
Одделение за преговори и интеграција
Лице за контакт: Бојана Босилкова - Раководител на Одделение за преговори и интеграција
Контакт телефон: 3116 123, локал: 242
Моб: 071-221-634
e-mail: bbosilkova@mjustice.gov.mk
Во Одделението за преговори и интеграција се вршат следните работи и задачи :
-
активности за реализација на обврските кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) предвидени во Глава VII Правда и внатрешни работи во правец на приближување на националното законодавство кон законодавството на Европската унија (ЕУ) и приоритетите од Европското партнерство
-
континуирани активности во насока на планирање, подготовка, следење и известување за имплементација на Националната програма за усвојување на правото на Европска унија (НПАА) Поглавје 23 и ажурирање на матрицата ;
-
поддршка во работата на Поткомитетот за Правда, Слобода и безбедност, Комитетот за стабилизација и асоцијација, Совет за стабилизација и асоцијација и другите тела за спроведување на процесот на европска интеграција;
-
поддршка во подготовка на преговарачките позиции за преговори со Европската унија во областите на acquis communiatire ;
-
поддршка и стручна помош во процесот на проверка и анализа на усогласеноста на националното право со правото на ЕУ (screening) за поглавјето 23 и други обврски согласно Одлуката на Владата на РМ за образување на работни групи за подготовка на НПАА на ЕУ и подготовка на преговарачките позиции за преговори за членство за ЕУ.
-
активности во процесот на подготовка на Придонес кон годишниот извештај на ЕК за остварениот напредок
-
поддршка во реализацијата на TAIEX во областа на приближување,и спроведување на ЕУ правото;
-
учество на Поткомитетот на РКЕИ
-
соработка со Секретаријатот за европски прашања, ДЕУ, ЕК и други релевантни домашни, европски и меѓународни институции со невладиниот сектор за прашања од надлежност на секторот, и соработка со другите сектори.
-
одговара за навремено, законито и квалитетно извршување на работите и задачите; врши и други работи и задачи што ќе му бидат доверени.
-
учествува во работата на работни тела на Владата на Република Македонија за прашања од областа на Европската унија;
-
координација помеѓу надлежните институции во правец на приближување на националното законодавство кон законодавството на ЕУ и приоритетите на Европското партнерство;
-
подготвување на анализи, извештаи, информации, оценки, мислења за реализација на обврските од ССА и Европско партнерство и другите активности за пристапување во ЕУ;
-
други работи поврзани со процесот на европска интеграција.
Одделение за ИПА проекти
Раководител на одделение
Лице за контакт: Самир Ракипи
Контакт телефон: 3116 123, локал: 243
Моб: 071-223-155
e-mail: srakipi@mjustice.gov.mk
Во Одделението за ИПА проектите се вршат следните работи и задачи:
- Програмирање, техничка имплементација, мониторинг и евалуација (на ниво на проект) согласно процедурите и обврските утврдени во Прирачникот за внатрешни постапки на Вишиот програмски службеник за ТАИБ ИПА 1 (SPO Manual of Procedures), Упатството за спроведување на програмите за надлежните министерства/институции корисници, Прирачникот за програмирање од НИПАК, и Прирачникот за мониторинг на НИПАК, ПРАГ и останатите документи.
- целосно имплементирање на обврските предвидени во Оперативниот договор;
- воспоставување на информационен систем со податоци за проекти (Database) ;
- чување на целата документација поврзана со проектот во рок од 7 години по завршувањето на ИПА проектот ;
- подготвување на проектни задачи (ToR), техничка спецификација за тендерското досие ;
- подготвување на предлог-листа на членови до Комисијата за оценување до ЦФЦД ;
- парафирање на „twinning “договорите ;
- потпишување на Евиденција за присуство и испорачани услуги на експерти (Time Sheet), договори за градење (works), потпишување на временски и конечни сертификати за градење, верификување на направените трошоци ;
- континуирано следење на степенот на извршување на проектите и доставување на извештаи ;
- подготвување на годишни и финални извештаи за оперативната програма;
- предвидување и оценка на ризик на ефектите од исполнувањето на Оперативната програма ;
- активности за учество во програмите и агенциите на Европската Унија;
- соработка со Секретаријатот за европски прашања, Национален координатор за странска помош (НКСП), Комитетот на министри за координација на странск помош (КМКСП), со Министерството за финансии (МФ), Централната единица за контрактирање и финансирање (ЦФЦ), Националниот фонд (НФ) и другите надлежни органи и соработка со службите на Европската Комисија задолжена за програмите за Република Македонија;
- вршење на други работи поврзани со странска помош.