Сектор за извршување, нотаријат и медијација
Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку
Раководител на сектор
Помошник раководител на секторот: Владимир Јанковски
Контакт телефон: 3116 123, локал: 107
Моб: 075-402-581
e-mail: vjankovski@justice.gov.mk
Во Секторот за извршување, нотаријат и медијација се вршат работи од делокругот на Министерството кои се однесуваат на надзорот над работата на извршителите и нотарите, нивните Комори и Комората на медијатори.
Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку :
- Одделение за извршување;
- Одделение за нотаријат и медијација.
Одделение за извршување
Лице за контакт: Зулфи Адили
Контакт телефон: 3116 123, локал:
Моб: 072 214 493
e-mail: zadili@justice.gov.mk
Во Одделението за извршување се вршат следните работи и задачи:
- подготвување на предлози за донесување на закони и изготвување на подзаконски акти и други прописи и општи акти од областа на извршувањето;
- изготвување на извештаи, мислења, анализи, осврти, информации, евиденции и други материјали што се однесуваат на извршувањето и работата на извршителите;
- вршење редовен и вонреден надзор над работата на извршителите и Комората на извршители;
- вршење увид на лице место на списите, книгите и предметите, целокупната евиденција која се води, употребата на класифицирани информации, ажурноста на извршувањето, надзор на примената на одредбите од Законот за извршување и подзаконските акти пропишани од Министерот за правда;
- изготвување на записници и извештаи за извршените надзори;
- учество во изготвувањето на прирачници и стандарди за работа од страна на Комората на извршители ;
- водење евиденција на извршителите, замениците извршители и помошниците на извршителите;
- припрема на докумантацијата за објавување на конкурси и на избори на извршители;
- изготвување акти за именување и разрешување на извршители и водење евиденција на именувани и разрешени извршители;
- изготвување повелби за именуваните извршители;
- изготвување на преглед на документацијата за именување на заменици извршители и за давање согласност за помошници извршители;
- изготвување на документација за издавање на легитимации на извршителите;
- водење евиденција на лица кои го положиле испитот за извршители.
Контакт лице за прашања од делот на извршување – Ана Стојова - Виш соработник во Одделението за извршување. Контакт e-mail: astojova@mjustice.gov.mk
Одделение за надзор на работите на нотарите и медијаторите
Раководител на одделение: Лидија Којчева
Контакт телефон: 3116 123, локал: 151
Моб: 075-402-582
e-mail: lkojceva@justice.gov.mk
Во Одделението за нотаријат и медијација се вршат следните работи и задачи:
- подготвување на предлози за донесување на закони, изготвување на подзаконски акти и други прописи и општи акти од областа на нотаријатот и медијацијата;
- изготвување на извештаи, мислења, анализи, осврти, информации, евиденции и други материјали што се однесуваат на нотаријатот и работата на нотарите и медијацијата;
- вршење надзори над работата на нотарите по службена должност или по приговор на заинтересирани лица и надзор над работата на Нотарската комора на Република Македонија;
- вршење преглед на книги, уписници, именици, списи, предмети, архивите на нотарите, целокупната евиденција на нотарите, просторот за вршење на нотарската служба и потребната опрема во нотарските канцеларии, со цел посебно да се контролира усогласеноста на нотарите во вршењето на нотарската служба согласно со одредбите од Законот за нотаријатот;
- изготвување на записници за извршените надзори, предлагање на мерки за отстранување и санкционирање на утврдените незаконитости во работењето на нотарите и Нотарската комора;
- водење на евиденција на лица кои го положиле нотарскиот испит и испитот за медијатори;
- давање техничка поддршка на Комисијата за полагање на нотарскиот испит при спроведувањето на испитот;
- припремање на документацијата за објавување на конкурси и на избор на нотари;
- изготвување повелби за именувани нотари;
- изготвување акти за именување и разрешување на нотари и водење евиденција на именувани и разрешени нотари;
- изготвување акти за именување на помошници и заменици нотари;
- вршење надзор над работата на Комората на медијаторите и изготвување на записник за извршениот надзор, предлагање на мерки за отстранување и санкционирање на утврдените неправилности во работењето на Комората на медијатори;
- водење Регистар за евиденција на постапките за медијација.
Kонтакт лице за прашања од делот на нотаријатот – Лидија Којчева раководител на Одделение за нотаријат и медијација. Контакт e-mail: lkojceva@mjustice.gov.mk
Контакт лице за прашања од делот на медијација – Неџбие Хисмани Ќахили - Советник во Одделението за нотаријат и медијација. Контакт e-mail: nhismani@mjustice.gov.mk
За внесување податоци за секторот задолжена е Славица Велкоска - Советник во Одделението за нотаријат и медијација. Контакт e-mail: svelkoska@mjustice.gov.mk