О Д Л У К А

за избор на кандидат по интерен оглас за унапредување на административен службеник

 

1. СЕВИМА САЛИЕВСКА се избира од предложената ранг листа на кандидати  по Интерниот оглас за унапредување на административен службеник во Министерството за  правда број 03/2019, за работно место советник за соработка, преговори и интеграција, со звање советник, шифра на работно местоУПРО101ВО1000, во Одделението за преговори и интеграција -Сектор за Европска унија.

2. Со именуваната ќе се заснова работен однос по конечноста на оваа одлука.

О б р а з л о ж е н и е

По добиена писмена согласност  од  Министерството  за  финансии  за  обезбедени финансиски средства број 18-5017/2 од 16.07.2019 година, на ден 13.12.2019 година на веб страниците на Министерството за правда и на Агенцијата  за администраци ја објавен е Интерниот оглас број 03/2019 за унапредување на еден административен службеник во Министерството за правда, за работното место советник за соработка , преговори и интеграција, со звање советник,  во Одделението за преговори и интеграција-Сектор за Европска унија .

Со Решение број 04-5153/6 од 27.12.2019 година, формирана е Комисија за унапредување на административен  службеник.

На Јавниот оглас за горенаведеното работно место се пријави ја двајца кандидати . По спроведената административна селекција Комисијата утврди дека еден од пријавените кандидати не ги исполнува условит и одржа интервју со единствениот кандидат, чија пријава беше комплетна и кој ги исполнуваше условите утврдени во Законот за административни службеници и пропишани во Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за правда.

Врз основа на добиените бодови од спроведената  административна  селекција  и  од одржаното интервју, изготвена  е Финална ранг листа и предлог одлука за  избор на прворангираниот  кандидат.

Врз основа на предложената ранг листа, а со оглед дека постапката се спроведе со единствениот пријавен кандидат кој ги исполнуваше условите од Интерниот оглас, државниот секретар за работно место советник за соработка, преговори и интеграција, во Одделението за преговори и интеграција-Сектор за Европска унија, го избра кандидатот Севима Салиевска.