Врз основа на член 87-а од Законот за судовите (,,Службен весник на Република Северна Македонија’’бр.58/06, 35/08, 150/10, 83/18, 198/18 и 96/19) и Правилникот за составот и начинот на работа на Советот за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи ( “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.129/21), министерот за правда донесе Одлука за основање на Совет за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи, во состав:
ЧЛЕНОВИ:
1. Весна Бојаџиевска, раководител на служба за информатика, Врховен суд на Република Северна Македонија;
2. Mиљазим Мустафа, од Судскиот Совет на Република Северна Македонија;
3. Лорета Горгиева, од Судскиот Совет на Република Северна Македонија;
4. м-р Фатиме Фетаи, јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје;
5. д-р Лазар Нанев, претседател на Основниот суд во Кавадарци;
6. Ирена Димовска, информатичар, Јавно обвинителство на Република Северна Македонија;
7. Трајче Пеливанов, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција,
8. Александра Вуковиќ, шеф на Кабинетот на Министерот за правда;
9. Михајло Војтикив, помлад соработник за развој на апликации во Министерството за правда;
10. Д-р Гордана Лажетиќ, редовен професор на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје;
СЕКРЕТАР:
-Ирена Шекуткоска Јанакиевска, соработник во Министерството за правда.
Советот за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи се основа како оперативно стручно тело составено од претставници на правосудните органи.
Во рамките на своите активности Советот за ИКТ предлага, создава, спроведува и обезбедува ИКТ решенија, што имаат за цел зголемување на ефикасноста и транспарентноста на правосудниот систем, како и централизирање на информатичките системи воспоставени во Судскиот совет на Република Северна Македонија, Советот на Јавни обвинители на Република Северна Македонија, Врховниот суд на Република Северна Македонија, сите судови и обвинителства, Министерството за правда, Управата за извршување на санкции и казнено-поправните и воспитно-поправните установи и Акакдемијата за судии и јавни обвинители, а заради обезбедување на брз, автоматизиран и непречен пристап до податоци, како и нивна меѓусебна интероперабилна размена.