Инфо за проект
Име на проект
Интернет страница
|
Сузбивање на сериозен криминал во Западен балкан
www.cscwb.info
|
Земји кориснички
|
Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора; Северна Македонија, Србија
|
Институции партнери
|
Министерство за правда; Министерство за внатрешни работи; Јавно обвинителство; Полиција; Други органи за спроведување на законот.
|
Буџет
|
Европска Комисија (DG NEAR): 15,8 МЕУР. Германска влада (BMZ): 1,5 МЕУР. Министерство за внатрешни работи на Италија: 900,000 ЕУР
|
Времетраење
|
07/2020 – 06/2023
|
Конзорциум
|
Германско друштво за интернационална соработка (GIZ), Министерство за внатрешни работи на Италија, Центар за меѓународна правна соработка (CILC)
|
Проектни цели
Општата цел на проектот е да ги поддржи институциите партнери од Западен Балкан во надминување на бариерите на нивниот пат кон пристапување во ЕУ и да им овозможи да лишуваат од слобода и кривично да гонат сторители на кривични дела во согласност со правилата и стандардите на ЕУ. Проектот ќе го постигне ова преку: (1) обезбедување оперативна поддршка, (2) зајакнување на стратешката соработка и (3) унапредување на интероперабилноста на информациските системи.
Главни проектни активности
Оперативна поддршка: Сузбивањето на прекуграничен сериозен криминал бара меѓународно искуство, мултидисциплинарен пристап и употреба на специјални техники. Затоа заедно со партнерите во регионот, експертите на проектот работат на конкретни истраги, промовираат релевантни алатки за истрага, како што се Заедничките тимови за истрага или користење на Апликацијата на мрежата за безбедна размена на информации на Европол (СИЕНА). Експертите ги поддржуваат институциите партнери во нивното учество во ЕМПАКТ платформата (европска мултидисциплинарнa платформa за сузбивање на криминални закани), безбедносна иницијатива водена од земјите-членки на ЕУ за идентификување, приоритетизирање и одговор на заканите од сериозен криминал. Во насока на остварување на оперативната поддршка, проектот нуди широка ЕУ експертиза (флексибилна и по барање) преку својот инструмент за техничка помош (TAF). 2. Стратешка соработка: Бидејќи борбата против сериозниот криминал може да биде успешна само кога се работи заедно и преку националните граници, проектот ја олеснува соработката со агенциите на ЕУ како што се Европол и Европравда и мрежите како што се Европската правосудна мрежа (EJN) или Регионалната мрежа за национална превенција и борба против насилниот екстремизам. Со цел да се овозможи постратешки пристап во работењето, проектот обезбедува поддршка во развој на регионални интегрирани проценки на закани од сериозен криминал (RITA) и тероризам (WB TE.SAT). 3. Интероперабилност на информациските системи: Безбеднатa и ефикасна комуникација и размена на податоци е клучен фактор за спречување, откривање и истрага на тероризам и други форми на сериозен криминал. Оттука, проектот поддржува надградба и унапредување на веќе постоечките системи, како и примена на директивите на ЕУ за напредни информации за патниците во воздушниот сообраќај (API) и користење на регистар на имиња на патници (PNR).
Метод на спроведување
Проектот се издвојува по својот практичен пристап. Институциите партнери во секоја земја се поддржани од обвинител и полициски службеник од ЕУ земја членка, како и правни советници и асистенти од соодветните земји корисници. Овие шест таканаречени интегрирани национални тимови ги советуваат институциите партнери во нивната секојдневна работа и ги поддржуваат нивните (пред-)истраги на случаите на сериозен и организиран криминал. Овој пристап е поволен затоа што им овозможува на институциите партнери да добијат брз, висококвалитетен совет што ги зема предвид најдобрите ЕУ практики.
*Оваа ознака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244/1999 на ООН и Мислењето на Меѓународниот Суд на Правдата за Декларацијата за независност на Косово.